„Кралевите“ од Мадрид најдобри во светот


Фудбалерите на Реал Мадрид се повторно најдобри во светот. Во финалето од Светското клупско фудбалско првенство, попладнево во Абу даби го совладаа бразилски Гремио со 1-0. Стрелец на единствениот погодок беше Роналдо во 53 минута. „Кралевите“ беа убедливо подобар противник, ја контролираа играта, а Модриќ ја погоди стативата. Реал Мадрид по трет пат последниве пет […]

Продолжува слабиот настап на македонските пливачи на ЕП во кратки базени


На Европското првенство во пливање во кратки базени (25 метарски), што се одржува во Копенхаген, македонските пливачи повторно беа меѓу најслабите. Девојките завршија на последното место во своите трки, додека Ангеловски зад себе остави само двајца противници. Ана Јаневска беше последна, 39-та во дисциплината на 100 метри делфин, која ја преплива во време од 1:05.34 […]

Ветено-сторено: Антиќ донираше за Гешовски


Перо Антиќ го исполни ветувањето и донираше средства за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје и Работнички Стеван Гешовски – Гешо, кому му се е потребна помош за лекување во Русија. Откако преку соопштение КК Гостивар најави дека нивниот претседател Перо Антиќ ќе ја покрие сумата од 8.000 евра која недостасуваше Гешовски да замине на лекување, […]

Норвежанките први финалистки на ракометното СП во Германија


Норвешка ја совлада Холандија со 32:23 во првото полуфунале на Светскиот ракометен шампионат во Германија. Норвежанките тргнаа силно и одиграа натпревар во еден здив и без осцилации. До средината на првото полувреме обезбедија предност од осум гола разлика (10:2) што без проблеми ја одржуваа низ целиот натпревар. Одлично попладне како што беше случај и против […]

Нов слаб настап на македонските пливачи на ЕП во Копенхаген


Македонските пливачи кои настапуваат на Европското првенство во кратки базени во Копенхаген, Данска, имаа уште еден слаб настап. Претпладнето во квалификациите се појавија Љупчо Ангеловски и Миа Крстевска. Ангеловски во дисциплината 50 метри слободно го освои петтото место во првата група со време 23.62 секунди и го зазема 75 место во конкуренција на 79 пливачи. […]

Роналдињо ќе се кандидира за сенатор во Бразил


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдињо ќе се бори да влезе во Сенатот во родниот Бразил идната година. Поранешниот репрезентативец на Бразил и фудбалер на Барселона и на Милан, добитник на Златна копачка, играчката кариера ја заврши во 2015 година. Роналдињо (37) ќе се кандидира од Социјалната христијанска партија за место во Сенатот […]

Масовна тепачка на белградското дерби Партизан – Црвена звезда (ВИДЕО)


Големото дерби меѓу „лутите“ белградски ривали Партизан и Црвена звезда, кое заврши без победник 1-1, мина во знак на масовните тепачки на трибините каде се наоѓаа симпатизерите на црно-белите. До инцидентот дојде во моментот кога околу 50-тина навивачи на Црвена звезда почнале да ги кинат транспарентите на „гробарите“, при што навивачите на Партизан веднаш физички […]

Касиљас пред трансфер во Њукасл


Шпанскиот голман Икер Касиљас е на чекор од заминување од Порто и премин во премиерлигашот Њукасл, објави португалскиот весник „А Бола“. Касиљас пред две сезони го напушти Реал Мадрид и мина во редовите на Порто, но проблемите со формата оваа сезона му „донесоа“ само 11 натпревари. Касиљас во дресот на Реал Мадрид освои вкупно 18 […]

Избор на „Хандбал Планет“: Штербик најдобар ракометар на светот за 2017 година


Голманот на Вардар, Арпад Штербик беше избран за најдобар ракометар на светот во 2017 година, од страна на специјализираниот ракометен сајт „handball-planet“. Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, како и повеќе од 100.000 посетители на сајтот. Зад Штербик е извонредна сезона со Вардар. Тој имаше голема заслуга за историската прва титула во […]

Хенк Тен Кате: Против Реал Мадрид ќе ни требаат три автобуси


Во пресрет на вечерашниот дуел со Реал Мадрид, тренерот на Ал Џазира, Хенк тен Кате пристапи со чувство за хумор. Тој со насмевка изјави дека ќе ја користи тактика на Жозе Мурињо и ќе „паркира автобус“ пред неговиот гол за да ги спречи ѕвездите на европскиот шампион. „Ќе ни требаат најмалку три автобуси. Можеби треба […]

Јовиќ: Крајот на 2017-та да го прославиме со победа заедно со нашата публика


Ракометарите на Металург утре ќе го одиграат последниот натпревар пред својата публика 2017 година. Тимот од Автокоманда во рамките од 11. коло на регионалната СЕХА лига, ја пречекува екипата на Динамо од Панчево, тим кој е зад македонскиот вицепрвак на осмото место на табелата со два бода помалку. Динамо е едена од трите екипи кои […]

Ждрепка за осминафинале во ЛШ: Реал М. против ПСЖ, Челзи со Барселона


Актуелниот европски шампион Реал Мадрид ќе игра со ПСЖ, додека Челзи за противник ја доби Барселона во двете мега пресметки од осминафиналето на елитното фудбалско натпреварување. Ова е епилогот по денешната жрепка во седиштето на Европската фудбалска федерација каде беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Двојки за осминафинале во ЛШ: Јувентус – […]

Трајковски погоди за Палермо против Бари


Македонскиот репрезентативец во дресот на Палермо, Александар Трајковски постигна еден гол во победата на неговата екипа на гостувањето против Бари од 3:0. Трајковски го постигна вториот гол во 69.минута. Ова е втор гол сезонава за Трајковски за Палермо во Серија Б. Поради повреда натпреварот го пропушти капитенот на Палермо и македонски репрезентативец Илија Нестровски. Палермо […]

На МЗТ Скопје ниту +19 не му е доволно да победи


Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со очајните игри сезонава. Попладнево претрпеа 9. пораз во 11 коло на јадранската АБА лига. Во спортскиот центар „Јане Сандански“ подобар беше црногорски Морнар со 72 – 69, иако домаќинот водеше во текот на целиот меч, во 27. минута дури и со 19 разлика, но пресуди последната четвртина што тимот […]

УЕФА го казни Зенит поради Ратко Младиќ


Европската фудбалска асоцијација го казни рускиот клуб Зенит со парична казна од 10 илјади евра делумно затворање на стадионот за следниот домашен натпревар на европска сцена. Причината е транспарентот на кој стоеше името на Ратко Младиќ за време на натпревар од Лига Европа против македонскиот шампион Вардар одигран на 23 ноември. Транспарентот со името на […]

ЕП во кратко пливање: Четворица Македонци меѓу 700. во Копенхаген


Ана Јаневска, Миа Крстевска, Љупчо Ангеловски и Давор Петровски ќе бидат четворицата македонски репрезенти на Европското првенство во кратко пливање што од 13 до 17 декември ќе се одржи во „Кралска арена“ во Копенхаген. Во данскиот главен град ќе отпатуваат без императив за медал туку со единствено очекување – да испливаат најдобри лични времиња и […]

Вардар со реми се прости од Лигата на Европа


Вардар го освои првиот бод во својот историскиот настап во групната фаза од Лига Европа, откако вечерва во Скопје против Розенборг одигра нерешено 1:1. Вардар можеше и заслужи да го освои целиот плен, но победата во последното коло од Л-групата ја испушти по една грешка во финишот на првото полувреме кога норвешкиот шампион преку против […]

Роналдо по петти пат ја освои Златната топка


ФРАНЦИЈА- Португалецот Кристијано Роналдо по петти пат стана добитник на Златната топка која ја доделува угледниот France Football. Овој француски магазин наградата за најдобар фудбалер на светот ја доделува уште од далечната 1956 година, а Роналдо се изедначи со Лионел Меси на врвот по бројот на освоени награди, па сега и двајцата имаат по пет […]

Македонија меѓу носителите во Лигата на нации


За првото издание на Лигата на нации, УЕФА ги потврди шеширите и фудбалската репрезентација на Македонија е во групата на носители. Ова беше и најавено, па така нашата селекција на жрепката ќе добие противници кои ќе бидат послабо рангирани на ФИФА листата. Македонија ќе биде во првиот шешир со селекциите на: Азербејџан, Белорусија и Грузија, […]

Фенербахче му понуди нов договор за Елмас


Турскиот гигант Фенербахче, му понудил продолжување на договорот на младиот македонски фудбалски талент Елиф Елмас, во обид да го задржи на подолг период. На Елмас кој изминатото лето мина во Федербахче со кој потпиша тригодишен договор, раководството на клубот решило дополнително да ја му понуди продолжување на соработката и тоа со времетраење од пет години. […]