Реал Мадрид во финишот го победи ПСЖ, Ливерпул го „прегази“ Порто


Реал Мадрид со 3:1 го совлада Пари Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите што се одигра синоќа на „Сантијаго Бернабеу“.

„Светците“ во 33.минута со голот на Адриен Рабио резултатски го отворија натпреварот, но пред самиот крај на првото полувреме, Реал Мадрид израмни од пенал, кој го реализираше Кристијано Роналдо.

По релативно рамноправно второ полувреме со шанси на двете страни, актуелниот европски шампион во самиот финиш стигна до два гола.

Роналдо во 83.минута постигна гол за водство на „кралевите“, а Марсело три минути подоцна зголеми на 3:1.

Реал Мадрид со два гола предност ќе патува на реваншот во Париз на 6 март.

Ливерпул го декласираше Порто со 5:0 и со убедливата гостинска победа е на чекор до пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Играч на натпреварот беше Мане кој реализираше хет-трик, тој го отвори резултатот во 25. минута и стави крај на серијата погодоци во финишот од мечот. Останатите два гола ги постигнаа Салах и Фирмињо.