Прилепска „Победа“ ја почнува сезоната со 11 засилувања


Фудбалскиот клуб „Победа“ од Прилеп со 11 засилувања подготвено го пречекува утрешниот почеток на пролетната сезона во Првата макдонска фудбалска лига, беше соопштено на днешната прес конференција во Фудбалскио клуб.

Според Јане Николоски, спортски директор на клубот, големи се очекувањата од утрешниот натпревар со Пелистер, на кој Победа е домаќин на теренот во Турново.

– Ова е голем момент за „Победа“, зашто досега во зимскиот преоден рок клубот не донесол толку играчи. Нови засилувања на ФК „Победа“ за пролетната полусезона се: Дарко Тофилоски, голман, доаѓа од „Алашкерт“, Ерменија, Зоран Даноски од Прибрам, Чешка, Лукас Силва Жунор Стантос од Униао Лусензе, Бразил, Иван Ивановиќ од Црна Гора, Алтин Лога од Струга, Никола Јачимовиќ од Србија, Валентин Колевски, повратник во Победа од Новаци. Благоја Спиркоски од „Еуромилк“, Александар Исаевски од „Македонија Ѓорче Петров“ и настапувал за повеќе колеџ- клубови во САД, Виктор Велкоски од ФК „Скопје“ и Андреј Петковски од „Победа Валандово“, рече Николоски.

За шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања, донесените играчи се вистинските зајакнувања на „Победа.

-Сите зајакнувања се дојдени да се докажат. Наскоро ќе се види резултатот. Сметам дека ова што го доведовме се вистинските зајакнувања на „Победа“. Многу очекуваме од утрешниот натпревар против „Пелистер“ и ќе се обидеме да ги освоиме трите бодови, вели Бубања.

Според в.д претседателот на ФК „Победа“ Ирена Јакимоска надежите се дека „Победа“ на свој терен, на стадионот во Прилеп ќе заигра во есенската сезона

– Разговаравме во Фудбалската федерација на Македонија и факт е дека од сите пет проекти во Македонија фиансирани од УЕФА, само прилепскиот стадионот не е доизграден. Тоа е и проблем на ФФМ зашто не може да добијат други средства од УЕФА за финсирање. Суштината на проблемот во Прилеп е дека во одобрението за градба, агрегатот за електрична енергија е поставен на место каде веќе има објект. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски вети дека со тимот ќе направи промена на урбанистичкиот план и со надзорот за градба од ФФМ се надевам дека наскоро ќе најдат соодветно решение, рече Јакимоска која нагласи дека фудбалерите мотив повеќе имаат што им е исплатена првата плата годинава