МЗТ Скопје не бира, губи од сите


Кошаркарите на МЗТ Скопје го запишаа и 13 пораз во годинешната јадранска Аба лига откако попладнево на домашен терен загубија од Игокеа со 68-77. Гостите го контролираа мечот и во ниту еден момент не дозволија да бидат во подредена улога. Најефикасен кај домаќините беше Стојановски со 14 поени. МЗТ Скопје е убедливо најлош тим во […]

Андреа Пенезиќ од јуни во брак, семејството во прв план


Андреа Пенезиќ (32) ги игра, можеби, последните шест месеци во кариерата, пишува хрватскиот портал „24 сата“. Хрватската ракометна репрезентативка во дресот на Вардар во јуни ќе стапи во брак и решена е во целост да се посвети на семејството и на завршување на студиите во наредните години. На врвната ракометна сцена може, се разбира, да […]

Италијанската РАИ емитуваше пренос од фудбал без коментатор


Италијанската државна телевизија РАИ го емитуваше преносот од последниот натпревар од четвртфиналето на фудбалскиот куп меѓу Јувентус и Торино (2-0) без коментатор поради протест што првпат во историјата нема да ги пренесува мечевите од престојното Светско фудбалско првенство во Русија. Правата за пренос на сите 64 натпревари ги откупи приватната Медиасет, сопственост на Силвио Берлускони, […]

Заев: Ќе го обезбедиме лекот што му е потребен на Јане


Премиерот Зоран Заев, денеска имаше средба со деветгодишниот Јане Велковски, момче кое боледува од спинална мускулна атрофија (СМА). Заев рече дека државата ќе го обезбеди лекот „Спинраза“ и дека нема да прекинат се додека не го добијат сите болни на кои им е потребен. Јане беше во придружба на неговите родители Деница и Ѓорги и […]

Антиќ: Се додека е ова раководство во МКФ не се враќам во репрезентација


Најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, Перо Антиќ во интервју за српските медиуми рече дека вратата во репрезентацијата за него се уште е отворена. Изминатите години Антиќ велеше дека повеќе нема да игра за репрезентацијата, не ја промени одлуката ниту за квалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година, а евентуално враќање во националниот […]

Пет спортски минуси во 2017 година


1. Кошаркарите не успеаја до квалификации за СП 2019 Македонската кошаркарска репрезентација се соочи со фијаско во претквалификациите за СП 2019. „Црвено-жолтите“ не успеаја преку Естонија и Косово до главната фаза од циклусот за завршниот турнир во Кина. Елиминацијата беше дочекана како големо разочарување од причина што националниот тим на ЕП 2011 во Литванија го […]

Гвардиола: Давид Силва ќе се врати кога ќе биде подготвен


Менаџерот на лидерот на Премиер лигата (Манчестер Сити) Пеп Гвардиола на последните два натпревара на својот тим не можеше да смета на еден од најдобрите играчи, сонародникот Давид Силва. Играчот отсуствува од приватни причини. – Ќе се врати кога ќе биде подготвен. Приватниот живот е многу поважен од било која ситуација, изјави Гвардиола за британските […]

Позитивни спортски настани во 2017 година


1. Ракометарите на Вардар ја освоија Лигата на шампиони Освоената титула на Вардар во ракометната Лига на шампиони е топ-спортски настап во 2017 година. По трите елиминации во четврт-финалето, „црвено-црните“ конечно успеаја да стигнат до престижниот трофеј по триумфот над ПСЖ (24:23) во финалето. Успехот во Келн значеше и дочек на вардарци од околу 150.000 […]

„Лекип“ го состави тимот на годината: Реал Мадрид со најмногу фудбалери


Францускиот весник „Лекип“ го избра идеалниот тим на годината во кој најмногу фудбалери има од европскиот шампион Реал Мадрид. Од „кралскиот клуб“ во идеалниот состав за 2017 година се четворица, тројца доаѓаат од ПСЖ и по еден претставник имаат Барселона, Јувентус, Баерн и Челзи. Идеален тим на годината според „Л’Екип“: голман: Џанлуиџи Буфон (Јувентус); одбрана: […]

Ракомет, подготовки за ЕП 2018: Раул во Белград без Томовски и Крстевски


Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес одлучи на двата пријателски дуела во Белград против Саудиска Арабија и домаќинот Србија да повика 19 ракометари. Меѓу нив не се голманот на Металург, Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм Работник, Горан Крстевски. Македонија в четврток игра против Саудиска Арабија, а в петок со Србија. По овие два […]

Покетино: Кејн за Тотенхем е исто што и Тоти за Рома


Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, ја споредува ѕвездата на неговиот тим Хари Кејн со легендарниот Франческо Тоти. „Најважната предност на Хари е неговата желба за успех. Неговата врска со Тотенхем, исто така, прави разлика, и ме потсетува на Тоти и Рома“, рече Покетино. Според Покетино, Кејн заедно со Серхио Агуеро и Гонзало Игуаин се меѓу […]

Меси е фудбалер на годината, Роналдо извиси


Читателите на престижниот спортски шпански весник „Марка“ го избраа Лионел Меси, за најдобар фудбалер во 2017 година. Нивниот избор е сосема изненадувачки, бидејќи весникот излегува во Мадрид и е близок до Реал. За Меси гласаа 56 отсто од читателите, додека второпласираниот Кристијано Роналдо доби само 25 отсто. Ова е втората популарна анкета, по онаа на […]

Кристал Палас испушти победа против лидерот Манчестер Сити


Екипата на Кристал Палас пропушти во дуелот од 21.коло од Премиер лигата одигран денеска да го совлада лидерот на табелата Манчестер Сити. Во последната минута домашниот играч Лука Миливојевиќ не реализираше пенал откако неговиот удар голманот на „граѓаните“ Едерсон успеа да го одбрани. Натпреварот заврши без голови 0:0 и со тоа е прекината серијата од […]

Два слободни дена за македонските ракометни репрезентативци


Машката ракометна репрезентација за Нова година ќе има два слободни дена во периодот на подготовки за претстојното Европско првенство во Хрватска 2018. Следниот собир селекторот Раул Гонзалез го закажа за 2 јануари. На подготовките на македонската репрезентација се наоѓаат 21 играч, а според селекторот така ќе се тренира и до последниот ден пред заминувањето за […]

Јане Велковски: Фудбалот е се во мојот живот


Барбики, колички, нова соба, таблет, мобилен телефон, компјутер, плејстејшн, велосипед, тротинет, спинер, братче или сестричка се најчестите желби што се содржани во детските писма до Дедо Мраз за Нова година. Ни приближно таква не е единствената на Јане Велковски, девет и полгодишно момче од Скопје. „Посакувам само едно нешто во новата година. Да проодам. Дедо […]

Ракометарите од денеска во комплетен состав: Агендата на Раул како устав на подготовките


Македонската ракометна репрезентација, конечно, се комплетира на подготовките за Европското првенство во Хрватска. Во базата се приклучија и Филип Миркуловски и Филип Талески, па селекторот Раул Гонзалез ќе може без никакви пречки да почне со реализација на зацртаната агенда до првиот настап во арената во Загреб. Фокусот во воведните денови е ставен на физикусот за […]

Тројца македонски планинари ги освоја трите највисоки планини на Балканот за 30 часа


Македонските планинари и планински тркачи Александар Кирковски и Игор Јовановски, придружувани од Мики Тодоровски успешно реализираа последователно брзинско искачување на трите највисоки планини на Балканот во календарска зима. Балканската планинска трилогија почнува од врвот Митикас 2.918 метри надморска височина, на планината Олимп, во Грција, продолжувајќи со Вихрен 2.915 мнв на планината Пирин, во Бугарија и […]

Ракометарите тренираат под водство на Раул


Ракометната репрезентација на Македонија од денеска работи од „командата“ на селекторот Раул Гонзалез. Тој денеска се врати од Шпанија каде ги мина Божиќните празници. За комплетирање на репрезентацијата на подготовките за Европското првенство во Хрватска 2018 потребно е да стигнат уште „германците“ Филип Миркуловски и Филип Талески, додека денеска со Раул дојде и Немања Прибак, […]

Антиќ му подари дрес на премиерот


Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ при што доби дрес од Фенербахче, со кој во мај годинава стана европски шампион. „Кошарката во Македонија ќе оди напред. Му благодарам на Антиќ што препознава дека спортот го враќаме на спортските работници и среќен сум што се создаваат можности тој да помогне […]

МОК потпиша договор со 12 спортисти за Олимписка стипендија Токио 2020


Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска потпиша договор со дванаесетмина македонски спортисти, за добивање на Олимписка стипендија Токио 2020. Претседателот на МОК, проф. д-р. Васил Тупурковски, денеска од името на МОК ги потпиша договорите за стипендирање со дванаесетмина македонски спортисти од кои се очекува да обезбедат олимписка норма, а со тоа и учество на Летните олимписки […]