Куп на Македонија: Вардар и Шкендија ремизираа


Вардар и Шкендија ремизираа 1:1 во првиот меѓусебен дуел од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.

Во првото полувреме двете екипи имаа шанси да поентираат за водство, но натпреварот резултатски го отвори Бесарт Ибраими во 63. минута за предност на Шкендија од 0:1.

Фелипе во 79. минута  со гол од слободен удар го израмни резултатот на конечни 1:1 и го спаси Вардар од пораз.

Реванш дуелот ќе се игра на 7 март во Тетово.