Нејмар останува во Сантос
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе остане до крајот на годината во редовите на Сантос, каде ја започна својата богата кариера, објави денеска бразилскиот клуб. „Сантос не е само мој тим, туку е и мој дом, моите корени, мојата историја и мојот живот се тука“, изјави 33-годишниот Нејмар за веб-страницата на клубот по продолжувањето на договорот. …