Хамилтон со пол-позиција за ГП на Австралија
Луис Хамилтон со Мерцедес забележа најдобро време во квалификациите за Гран При на Австралија. Така британскиот пилот ја освои седмата и рекордна пол-позиција на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, надминувајќи го во рангирањето легендарниот Аиртон Сена. Хамилтон го освои првото место на стартната линија во последната брза обиколка, при што забележа време од 1:22,824 минути. […]