Наинголан се закани: Ќе го победиме Ливерпул со 3:0 во реваншот


Играчот од средниот ред на Рома, Раџа Наинголан верува дека неговиот тим не ја изгубил шансата да стигне до финалето на Лигата на шампионите.

Во првото полуфинале, Римјаните загубија од Ливерпул на „Енфилд“ со 5:2.

– Ние го започнавме добро натпреварот, но потоа направивме премногу грешки. Им овозможивме на противниците да ги контролираат настаните на теренот, објасни белгискиот репрезентативец.

Тој смета дека резултат од 5:0 би бил недостижен, но при 5:2 се уште имаат надежи за финалето.

– Мораме да бидеме како еден, како во средбата со Барселона и повторно да победиме со 3:0. Ние знаеме дека тоа е тешко, но веќе го направивме тоа, додаде Раџа Наинголан.