ЛШ: Реал славеше во Минхен


Во првиот натпревар од второто полуфинале од Лигата на шампионите, Реал Мадрид со 2:1 славеше на гостувањето на „Алијанц Арена“ кај Баерн.

Поведе Баерн со голот на Кимих во 28 минута, а изедначи Марсело со удар од работ на шеснаесетникот во 44 минута. Во 57. минута нововлезениот Асенсио погоди за водство од 2-1 кое се покажа како конечен резултат.

Реваншот е идниот вторни, на „Сантјаго Бернабеу“.