Ѓоковиќ: Не ги оправдав очекувањата на навивачите


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не го криеше разочарувањето по поразот од Словакот Мартин Клижан уште на првиот настап на АТП-турнирот во Барселона.

Поранешниот светски рекет број 1 загуби од 140-тиот на АТП ранг-листата, Мартин Клижан во три сета со 6-2, 1-6 и 6-3.

– Жалам што не ги оправдав очекувањата – ниту на навивачите, ниту моите. Не играв на моето ниво и тешко е да се носите со вакви натпревари и порази, истакна српскиот тенисер.

Ѓоковиќ вели дека му е јасно ако сака да се врати на врвното ниво ќе мора уште многу да работи.

– На тренинзите работите напорно, меѓутоа сосема поинаку е кога ќе се појавите на натпревар. Мојот тим и јас мораме да работиме повеќе, потенцира поранешниот најдобар светски тенисер.

За Ѓоковиќ ова е трета елиминација на почеток од турнир, откако сезонава претходно загуби во Индијан Велс и Мајами.