Автомобилизам: Иџе заврши на 16-тата позиција на првата трка во Асен


Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе заврши на 16-тата позиција на првата трка на патеката во Асен, Холандија во рамки на ТЦР-Европа шампионатот. Иџе тргна од 17-тата позиција и до крајот успеа да напредува за едно место. Вториот наш возач во шампионатот, Виктор Давидовски го освои 17-тото место. Победник на првата трка во Асен е […]

Пливање: Бертола победник на маратонот во Охрид на 10 километри


Аргентинецот Гилермо Бертола триумфираше на Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри, кој денеска се одржа во Охридското Езеро. Пливачот ја помина делницата од 10 километри за 2:02:46,68 часа. Втор заврши Венцислав Ајдарски од Бугарија со време 2:02:47,50, а третопласиран беше Алехандро Хоакин Морено од Аргентина (2:02:49,39 часа). Нашиот единствен преставник кај мажите, Александар Илиевски финишираше […]

Фудбалскиот ас Едмилсон догодина ќе отвори камп во Гостивар


Фудбалскиот интернационалец Жозе Едмилсон догодина ќе подучува млади фудбалери во Гостивар на повеќедневен камп. Бразилецот со импозантна фудбалска кариера својата намера ја обелодени при неговата посета на Гостивар. Едмилсон со соработниците од неговата фондација денеска беа примени од гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. Поранешниот бразилски репрезентативец и играч на Барселона и Олимпик Лион напомена дека идните […]

(ВИДЕО) Ѓоковиќ во еден ден забележа две победи, па од замор не можеше да си го најде автомобилот


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако во три сета го совлада канадскиот тенисер Милош Раониќ. Ѓоковиќ во претходниот меч во истиот ден го совлада и Бугаринот Григор Димитров. Натпреварот од третото коло се играше два дена, а дуелот меѓу двата тенисера започна завчера, но поради дожд мораше […]

Пандев: Ќе ми биде чест да ја предводам Македонија на ЕП


Интервјуто со нашиот најдобар фудбалер го направивме во Струмица, во неговото познато кафуле „19“, а повод да дојде во родната Струмица е средувањето на документите за неготото трето дете Софија, која се роди на 23 минатиот месец. Горан Пандев најавува дека  може да ја заврши богата фудбалска кариера идната или најдоцна во 2020 година во […]

Ѓоковиќ го среди и Раониќ, со Чилиќ во полуфинале


Некогаш најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ успеа да се поласира во полуфиналето од тенискиот турнир во Синсинати. Со 2-1 во сетови, ноќеска го совлада Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ. За меч во финалето ќе игра против Хрватот Марин Чилиќ, кој лесно го помина Карено-Буста од Шпанија. Во другото полуфинале ќе се сретнат Рожер […]

Крсте Велковски ја воодушеви фудбалска Босна


Македонскиот фудбалер Крсте Велковски ја воодушеви спортската јавност во Босна и Херцеговина. Тамошните медиуми пишуваат дека капитенот на Сараево го одиграл дербито со Железничар, иако неколку часа претходно дознал дека неговиот син има здравствени проблеми. „Вистина, имав приватни проблеми, но не знам дали воопшто да го спомнувам тоа“, почнува Велковски за „Дневни аваз“. Имено, сопругата […]

Македонија поразена од БиХ во полуфиналето на ЕП за кошаркари до 16 години


Кадетската репрезентација на Македонија претрпе пораз од домаќинот Босна и Херцеговина во полуфиналето на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години што се одржува во Сараево. Избраниците на Александар Јованчев беа поразени со 95:76, но се уште имаат шанси за пласман во дивизијата А. За тоа ќе мора да остварат победа во натпреварот […]

Ѓоковиќ го совлада Димитров за четвртфинале во Синсинати


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако во три сета го совлада бугарскиот тенисер Григор Димитров. Натпреварот од третото коло се играше два дена, а дуелот меѓу двата тенисери започна вчера, но поради дожд мораше да биде прекинат и продолжи денеска. Ѓоковиќ до победата дојде се 2:6, 6:3 […]

Алонсо се повлекува од Формула 1, немал доволно возбуда


Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо изјави дека одлуката за повлекувањето од Формула 1 не ја донел заради лошите резултати во изминатиот период, туку заради недостигот на возбуда за време на трките. Возачот на Мекларен пред неколку дена соопшти дека следната сезона нема повеќе да се натпреварува во Формула 1, но воедно не ја отфрли можноста […]

ФФМ одби три од вкупно четирите кандидатури за нов претседател


Комисијата за избори и верификација при Фудбалската федарација на Македонија (ФФМ) одби три од вкупно четирите кандидатури за нов претседател. Од ФФМ наведуваат дека откако биле разгледани доставените кандидатури е утврдено дека само кандидатура на ОФС Кавадарци за Сашко Тасев се прифаќа бидејќи предложениот кандидат ги исполнувал општите и посебниот услов од статутот на Фудбалска […]

Од Турција, преку Албанија до Саудиска Арабија: Ферхан Хасани во Ал Раед


Ферхан Хасани, конечно, ја затвори летната трансфер сага. По разделбата со Шкендија, македонскиот репрезентативец се поврзуваше со клубови во Турција и во Албанија, но на крај заврши во Саудиска Арабија. Популарниот Буба потпиша едногодишен договор со екипата Ал Раед вреден 1,2 милиони евра. Офанзивниот играч во средниот ред е дете на Шкендија. Низ младинските погони […]

Шкендија против Розенборг за место во групната фаза од Лига Европа


Македонскиот шампион Шкендија во баражот за пласман во групната фаза од Лига Европа ќе се соочи со норвешкиот клуб Розенборг. Првиот натпревар меѓу Розенборг и Шкендија ќе се игра во Норвешка на 23 август, а реваншот во Скопје на 30 август. Претходно, македонскиот првак беше елиминиран од Салцбург во третото квалификациско коло од Лигата на […]

По фудбалска афирмација во Хрватска: Младиот стопер Христијан Димов во Интер Запрешиќ


Се зголемува македонската колонија на фудбалери во Хрватска. Овојпат станува збор играч чија афирмација допрва се очекува. Се работи за тинејџерот Христијан Димов кој од Вардар се пресели во Интер Запрешиќ. Има 18 години, игра на позицијата стопер, во есенската полусезона ќе настапува за младинската екипа од Запрешиќ, прекоманда меѓу сениорите очекува да добие напролет. […]

Џенова на Пандев нема да игра против Милан


По огромната трагедија во Џенова, поврзана со уривањето на мостот „Понте Моранди“, Италијанската фудбалска федерација одлучи да ги одложи средбите меѓу Сампдорија – Фиорентина и Милан – Џенова, закажани за в недела. Двата клуба од Џенова се обратија кон одговорните органи на италијанскиот фудбал, за да побараат одложување на двете средби во знак на сочувство со […]

Франција е нов лидер на ФИФА ранг листата, Македонија има скок за едно место


Светскиот шампион Франција е на првото место на најновата ФИФА ранг листа, македонската репрезентација има скок од една позиција иако немаше натпревари. Освојувањето на светската круна на Франција и го донесе и првото место на ФИФА ранг листата, скокнаа шест позиции за да се најдат на врвот. Скок има и Македонија, минимален, од едно место, […]

Колина: Судиите не сакаат критики, но мора да бидеме отворени за технолошките промени


Италија- Легендарниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина, во однос на ВАР технологијата која станува се позастапена во фудбалот, истакнува дека судиите не сакаат да бидат критикувани за нивните грешки, но дека е неопходно да се биде отворен за новите достигнувања. – Не мислам дека нема иднина без ВАР, но живееме во време кога технологијата е значаен […]

Македонските одбојкари со победа над Унгарија ги почнаа квалификациите за ЕП


Македонската одбојкарска репрезентација со победа над Унгарија ги почна квалификациите за Европското првенство. Иако, Македонија водеше 0:2 во сетови на гостувањето во Будимпешта, сепак, до победа македонските одбојкари стигнаа по неизвесен финиш на натпреварот во пет сета. Во третиот и во четвртиот сет по почетната предност на македонската репрезентација следуваше пад во играта и двата […]

Лина Ѓорческа ќе игра во квалификациите на Ју-Ес опен


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во првото квалификациско коло за Ју-Ес опен. Ѓорческа согласно моменталното рангирање не би можела да игра во квалификациите, но сепак организаторите и дозволија да учествува поради фактот дека минатата година беше на 170-то место на ВТА листата за време на турнирот. Македонска тенисерка паузираше неколку месеци заради повреда […]

Шкендија со нов пораз од Салцбург се прости од ЛШ


Македонскиот шампион Шкендија доживеа и втор пораз од Салцбург, овој пат на „Филип Втори” Арената во Скопје, во реванш натпреварот од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Единствениот гол на средбата падна во 92-та минута од дуелот, откако Андре Рамаљо беше прецизен за австрискиот тим. Тетовци иако имаа свои шанси во натпреварот не успеаја […]