СП 2019: Хрватска ја совлада Франција и ќе игра олимписки квалификации


Репрезентацијата на Хрватска ја победи Франција со 23-20 (11-11) и го освои третото место во групата, со што обезбеди учество во квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во 2020 година. За Французите овој меч немаше големо значење, откако веќе обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство. По изедначеното прво полувреме, во вториот дел Хрватите […]

Официјално: Де Јонг потпиша со Барселона


Тимот на Барселона официјално го објави привлекувањето на Френки Де Јонг од Ајакс за сума од 75 милиони евра, со бонуси вклучени за уште 11 милиони евра. Дваесет и едно годишниот фудбалер ќе пристигне на „Камп Ноу“ во текот на летото и ќе ја доигра сезоната во холандскиот клуб. Неговиот договор со каталонците е до […]

Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија опен


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Австралија опен. Денешниот противник на Србинот во четвртфиналето, Кеи Нишикори од Јапонија немаше сили да го доигра цел меч и се предаде во текот на вториот сет. Во моментот на прекинот Ѓоковиќ водеше со 6:1 и 4:1. За Ѓоковиќ ова е седмо полуфинале на Грен слемот во […]

Кој е Стефанос Циципас, сензација на Австралија опен


Стефанос Циципас е сензација на годинашното издание на Австралија опен. Грчкиот тенисер бележи одлични настапи во Мелбурн каде ќе игра полуфинале. Досега ги нанижа Беретини, Троицки, Басилашвили, Федерер и Баутиста Агут, а сега се заканува и на Рафаел Надал, негов нареден ривал на турнирот. Потенциран е како иднина на светскиот тенис, ланската сезона ја одигра […]

Сари: Азар сè уште не одлучил за својата иднина


Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, рече дека Еден Азар се уште не одлучил за неговата иднина. Договорот на белгискиот фудбалер со англискиот клуб истекува во 2020 година, но тој во оваа фаза ги отфрла нивните предлози за негово продолжување. Азар не ја крие желбата да се пресели во Реал Мадрид. – Тој сè уште не […]

Балотели и официјално нов играч на Олимпик Марсеј


Италијанскиот фудбалер Марио Балотели е официјално нов фудбалер на Олимпик Марсеј. Балотели во Марсеј пристигна од Ница, каде што го загуби своето место во тимот поради лошите односи со тренерот Патрик Виера. Контроверзниот Италијанец ќе биде позајмен во Олимпик Марсеј до крајот на сезоната. Во првите две сезони во Ница тој покажа завидна форма со […]

Интер го продава Перишиќ за 40 милиони евра


Раководството на Интер одлучи да го продаде Иван Перишиќ, бидејќи тренерот Лучијано Спалети е незадоволен од играта на Хрватот во првиот дел од сезоната. Според „Кориере дело Спорт“ Интер сака да добие 40 милиони евра за Перишиќ и веќе преговара со Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид. И Хрватот претходно изјави дека сака да игра во […]

Марадона: Се надевам дека авионот со Сала слета на погрешен аеродром


Легендата на аргентинскиот и светскиот фудбал Диего Марадона, изрази надеж дека приватниот авион со неговиот сонародник Емилијано Сала не се срушил во морето, туку слетал на друг аеродром. – Се надевам дека авионот слета на погрешен аеродром и ќе ги најдеме живи. Ова е ужасна лоша среќа. Кога ќе се појават такви ситуации, мислам на […]

СП ракомет: Данските судии признаа дека ја оштетиле Хрватска


Германија – Данската судиска двојка Мартин Гјединг и Мадс Хансен јавно признаа дека ја оштетиле хрватската репрезентација на натпреварот со Германија. Хрватите го загубија мечот и со тоа шансите за полуфинале. Судиите во клучните моментите кога се одлучуваше победникот досудија пробивање од Карачиќ, наместо пенал за Хрватска. – Одлука која имаше големо влијание. Кога досудувате прекршок во […]

Јувентус и Ливерпул со најисплатливи трансфери за 2018 година


Јувентус и Ливерпул направиле најдобри трансфери од економска гледна точка, при што вредноста на привлечените играчи во моментов е највисока, во споредба со парите што ги платиле за да ги привлечат. Ова покажува уште една анализа на фудбалската опсерваторија ЦИЕС, со седиште на Универзитетот во Нојшател. Истражувањето се базира на податоци за играчи во тимовите […]

Тренерот на Хабиб: Чекаме натпревар со Мејведер


Шансите на Хабиб Нурмагомедов да излезe на боксерскиот ринг против Флојд Мејветер се зголемува. Ова го сподели еден од тренерите на борецот од Дагестан, Хавиер Мендеш. Четириесет и едно-годишниот Мејведер се откажа официјално од боксот минатата година, кога го порази во десеттата рунда Конор Мекгрегор во бокс натпревар. Американскиот борец сепак се врати во рингот […]

Болт го објави крајот на својата фудбалска кариера


Најбрзиот човек на планетата, Усаин Болт изненадувачки стави крај на неговата фудбалска кариера. Осум-кратниот освојувач на златен медал од Олимписките игри лично ја објави својата одлука да сопре со својот втор омилен спорт – фудбалот, дури и пред да ја започне својата професионална кариера. Како што е познато, легендарниот спринтер одигра неколку средби за австралиски […]

Бенитез се закани дека ќе го напушти Њукасл


Менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез може да го напушти клубот на крајот од сезоната. Според „Телеграф“, 58-годишниот стратег соопштил дека ќе си замине, ако не бидат привлечени најмалку двајца нови играчи во зимскиот трансфер прозорец. Бенитез го повика раководството на Њукасл да одговори на неговото барање за засилување на тимот за да го спаси тимот […]

Боатенг: Бев подготвен да трчам до Барселона


Новиот фудбалер на Барселона, Кевин-Принс Боатенг изјави дека бил подготвен да трча до „Камп Ноу“, а не да чека авион, за да го комплетира својот трансфер. 31-годишниот фудбалер ги положи медицинските прегледи и го потпиша договорот со клубот. Поранешниот репрезентативец на Гана ќе игра под наем на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната, а каталонците […]

Интер ја доби битката со Јувентус за дефанзивец на Манчестер Јунајтед


Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан, наскоро ќе го напушти клубот, објавија медиумите во Италија. Според „Калчомеркато“, 29-годишниот Италијанец ќе премине во Интер, што доаѓа како мало изненадување, откако пред неколку дена се тиражираа вести на Апенините дека тој бил договорен со Јувентус. Миланскиот клуб му понудил на Дармијан плата од 3,8 милиони евра годишно, […]

Швајнштајгер верува дека Баерн може да стигне до трофејот во Лигата на шампионите


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер смета дека Баварците имаат квалитет да ја освојат Лигата на шампионите. Баерн во осминафиналето ќе се сретне со Ливерпул. Според мое мислење тимот не е најдобриот од почеток на сезоната. Но, кога го споредувам Баерн со другите европски тимови, сепак верувам дека ќе можат да стигнат до финалето […]

Македонија со Лазаров и по Лазаров


Сашко Ѓ. Димовски Македонската ракометна репрезентација го „одбрани“ 15 место на Светското првенство во Германија и Данска од мундијалот во Франција во 2017 година. Дали можеше подобро или не? Дилеми има многу, како што секогаш имало и одговорот на нив е тешко да се даде, бидејќи се условени од многу фактори. Не е еден или […]

Пилотот на авионот со фудбалерот на Кардиф побарал итно слетување пред да исчезне


Малиот приватен авион со новиот фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала побарал итно слетување пред да исчезне од радарот. Дел од британските медиуми повикувајќи се на извори во полицијата, објавија дека пилотот на авионот кој вчеравечер летал на релација Нант – Кардиф побарал итно слетување на аеродромот Гернси непосредно пред да исчезне. Во информацијата се вели […]

Циципас го живее својот сон: Најмлад полуфиналист на гренд-слем турнирите


Младиот Грк Стефанос Циципас (20) е првиот полуфиналист на Австралија Опен откако го победи Шпанецот Роберт Баутиста Агут со 3-1 во сетови: 7-5, 4-6, 6-4 и 7-6. Талентираниот тенисер, кој моментно е на 15. место на ранг-листата, во претходното коло го елиминира Рожер Федерер, а со триумфот над Агут стана најмладиот полуфиналист на гренд-слем турнирите […]

Призна вина: Две години затвор и 19 милиони евра казна за Кристијано Роналдо за затајување данок


Кристијано Роналдо во судот во Мадрид призна дека затајувал данок и ја прифати казната од 23 месеци затвор, како и да плати глоба од 18,8 милиони евра, јавува РТ. Сепак, со оглед дека кршење на законот не е од насилна природа, изречената затворска казна, најверојатно, ќе значи дека Роналдо нема да оди зад решетки бидејќи […]