Тежок пораз за Металург на гостувањето кај Татран во СЕХА Лигата


Ракометарите на Металург доживеаја пораз вечерва на гостувањето кај Татран Прешов со 30:20 (16:11) во мечот од 17 коло на СЕХА Лигата.

За словачкиот тим ова беше многу важен триумф со кој ја продолжуват битката за пласман на фајнал фор турнирот со Мешков Брест.

Натпревар беше рамноправен и неизвесен во првите 25 минути, кога двете екипи играа гол за гол, но Татран во завршницата од првото полувреме „додаде гас“ и замина со +5 предност (16:11) на паузата меѓу двете полувремиња. Во второто полувреме разликата се зголемуваше и домаќините немаа проблем да го затворат натпреварот со победа.

Хрстка со седум гола и Буторац со пет беа најпрецизни за домаќините. Кај Металург, Димитриоски и Токиќ реализираа по четири погодоци.

Металург по овој пораз има 10 бода на табелата и сигурно ќе ја заврши сезоната во регионалното натпреварување на претпоследното место, што ќе биде и најлош пласман за тимот од Автокоманда во ова натпреварување досега.

Последниот натпревар од СЕХА лигата, момчињата на Данило Брестова ќе го одиграат на 12 март, кога во Скопје доаѓа Војводина.