Пеле му го честита на Роналдо апсолутниот рекорд за најмногу постигнати голови


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле го изрази своето воодушевување од напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо. Поранешниот фудбалер му го честиташе на 36-годишниот играч апсолутниот рекорд по бројот на голови. Откако постигна хет-трик на натпреварот од италијанскиот шампионат против Каљари, Роналдо во кариерата стигна до 770 погодоци, додека Пеле погоди 767 пати. „Ти се восхитувам. …

Пеле му го честита на Роналдо апсолутниот рекорд за најмногу постигнати голови Read More »

Македонската ракометна репрезентација без Лазаров, Миркуловски и Стоилов поразена во Данска


Данска – Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз со резултат 37:21 попладнево на гостувањето во Алборг кај актуелниот светски и олимписки првак Данска. Во дуел од 4. коло во квалификациите за Европското првенство 2022, Данците во целост се реваншираа за поразот во Скопје од пред четири дена. Треба да се напомни дека во македонскиот состав за оваа …

Македонската ракометна репрезентација без Лазаров, Миркуловски и Стоилов поразена во Данска Read More »

Сејдини доби нов четиригодишен мандат на чело на ФФМ


Муамед Сејдини и следните четири години ќе ја извршува претседателската функција на Фудбалската федерација на Македонија. Сејдини на денешното Изборно собрание ја доби поддршката на сите 52 присутни делегати. Во текот на Собранието на ФФМ, претседателот на Светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино, преку видео-обраќање му искажа поддршка на Сејдини и предвреме му го честиташе новиот …

Сејдини доби нов четиригодишен мандат на чело на ФФМ Read More »

Македонија против Данска без Лазаров и Миркуловски


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи големи промени во составот за реванш мечот со Данска, што треба да се одигра попладнево во 16 часот во Алборг. Нашиот најдобар ракометар одлучи заедно со Филип Миркуловски да го пресконат овој натпревар и да им даде шанса на помладите. Претходно поради повреда во Скопје остана Стојанче …

Македонија против Данска без Лазаров и Миркуловски Read More »

Инфантино со поддршка за Сејдини


Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денес преку видео-порака му искажа поддршка на актуелниот претседател и единствен кандидат на Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. – Не можам да бидам со вас, бидејќи сум во Мароко, но со срцето сум таму со вас. Муамед е номиниран како единствен кандидат на …

Инфантино со поддршка за Сејдини Read More »

АМС: Утрешното Изборно собрание на ФФМ е незаконско


Агенцијата за млади и спорт (АМС) спроти утрешното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), го повтори попладнево ставот дека истото е незаконско и нема да ги признание одлуките што ќе бидат донесени. Најавувајќи дека нема да има свој претставник на Изборното собрание закажано за в недела, АМС нагласи дека ФФМ подолг период ги …

АМС: Утрешното Изборно собрание на ФФМ е незаконско Read More »

Завршницата на Премиер лигата со публика на стадионите


Последните две кола во англискиот шампионат ќе се играат во присуство на публика, со ограничен капацитет на исполнетост на стадионите до максимум 10.000, најави денеска раководството на Премиер лигата. Доколку нема продолжување на рестрикциите поврзани со коронавирусот, кои се во сила во Велика Британија, клубовите ќе можат да ги отворат стадионите за навивачи од 17 …

Завршницата на Премиер лигата со публика на стадионите Read More »

Македонците без Стоилов, Данците без Милер


Актуелниот светски првак Данска ќе биде без услугите на левиот бек на Фленсбург; Ласе Милер, за реванш натпреварот против македонската ракометна репрезентација в недела во Алборг, во рамки на четвртото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Како што соопшти вечерва Данската ракометна федерација, 24-годишниот Милер ќе го пропушти мечот поради повреда на коленото. …

Македонците без Стоилов, Данците без Милер Read More »

Мареј нема да настапи во Дубаи поради принова во семејството


Англија– Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа настапот на претстојниот турнир во Дубаи, откако денеска стана татко по четврти пат. Мареј е шест години во брак со сопругата Ким, а брачната двојка веќе има две ќерки, Софија (5) и Еди (3), какои едногодишниот син Теди. Поранешниот светски тенисер број 1, по минатонеделниот настап во Ротердам требаше да ја продолжи сезоната во Дубаи, каде …

Мареј нема да настапи во Дубаи поради принова во семејството Read More »

Јапонија не сака кинески вакцини за своите олимпијци


Јапонија – Јапонските власти не се согласуваат со одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја прифати понудата Кина да обезбеди вакцини против Ковид-19 за учесниците на Летните и Зимските олимписки игри во Токио и во Пекинг, јавија денеска светските агенции. Министерката во Владата на Јапонија задолжена за организација на Игрите, Тамајо Марукава, посочи дека МОК не ја …

Јапонија не сака кинески вакцини за своите олимпијци Read More »

РФМ ги награди репрезентативците со 20 илјади евра


Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, денес донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 евра на сениорската машка ракометна репрезентација за извојуваната победа против актуелниот светски и олимписки шампион, селекцијата на Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2022 ја совладаа …

РФМ ги награди репрезентативците со 20 илјади евра Read More »

Федерер се повлече од турнирот во Дубаи


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер на Твитер објави дека одлучил да не учествува на АТП турнирот, што ќе се одржи во Дубаи од 14-20 март. – Беше одлично да се вратам на турнири, уживајќи во секоја минута од играта во Доха. Сега е подобро да се вратам на тренинзите, па решив да се повлечам од турнирот …

Федерер се повлече од турнирот во Дубаи Read More »

Мукаетов им ја честита на репрезентативците победата над Данска


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, синоќа отиде во соблекувалната на репрезентативците да им ја честита големата победа над светскиот првак Данска. „Црвено-жолтите“ во СЦ „Борис Трајковски“ предводени од селекторот и капитен Кирил Лазаров со 33:29 го поразија големиот фаворит и направија голем исчекор кон пласман на Европското првенство 2022. Македонските ракометари покажаа …

Мукаетов им ја честита на репрезентативците победата над Данска Read More »

Македонските ракометари триумфираа над светскиот првак Данска


Македонската ракометна репрезентација вечерва на селекторското деби на капитенот Кирил Лазаров во блескаво издание триумфираше над неодамна крунисаниот светски првак Данска со 33:29 (17:13) во рамки на третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Со сигурен напад во првиот дел и цврста одбрана предводена од одличниот Никола Митревски со девет одбрани, …

Македонските ракометари триумфираа над светскиот првак Данска Read More »

Австралиската Влада ја поддржа кандидатурата на Бризбејн за ЛОИ 2032


Намерата на Бризбејн да ги организира Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2032 година доби поддршка од австралискиот премиер Скот Морисон, кој го извести Меѓународниот олимписки комитет (МОК) дека властите цврсто стојат зад кандидатурата. – Сите нивоа на Владата соработуваат на кандидатурата на Бризбејн 2032 и нема ништо да препуштиме на случајноста. Сакаме да бидеме партнер …

Австралиската Влада ја поддржа кандидатурата на Бризбејн за ЛОИ 2032 Read More »

Надал го откажа учеството на турнирот во Дубаи


ОАЕ– Вториот рекет на светскиот, Шпанец Рафаел Надал одби да учествува на турнирот во Дубаи, ОАЕ чиј награден фонд е скоро 1,9 милиони долари. Турнирот ќе се игра од 15 до 21 март. Надал доби вајлд-карта од организаторите на турнирот. – Би сакал да им се заблагодарам на организаторите на турнирот во Дубаи што ми дадоа …

Надал го откажа учеството на турнирот во Дубаи Read More »

Ливерпул и ПСЖ обезбедија четвртфинале во ЛШ


Ливерпул со две победи од по 2:0 го елиминираше вечерва Лајпциг во осминафиналната пресметка во Лигата на шампиони (ЛШ), а пласман меѓу осумте најдобри екипи во елитното клупско натпреварување обезбеди и Пари Сен-Жермен (ПСЖ), одигрувајќи 1:1 на домашен терен против Барселона. Предноста од 4:1 од првиот натпревар, францускиот првак ја зголеми во 31 минута преку …

Ливерпул и ПСЖ обезбедија четвртфинале во ЛШ Read More »

Федерер се врати со победа


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер, по пауза од 13 месеци поради повреда, денеска се врати на теренот со победа над Британецот Даниел Еванс со 7:6 (10:8), 3:6, 7:5, во рамки на второто коло на турнирот во Доха. Негов следен противник ќе биде Грузиецот Николоз Базилашвили, кој претходно беше подобар од Малек Жазири од Тунис со 2:0 …

Федерер се врати со победа Read More »

Трет мандат за Бах на чело на МОК 


Швајцарија – Германецот Томас Бах повторно е избран за претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), на чие чело е од 2013 година со мандат од четири години. Олимписки првак во мечување од Игрите во Монтреал во 1976 година и адвокат по професија, Бах беше единствен кандидат, добивајќи поддршка од 93 членови на МОК на видео-конференциско гласање. Еден член на МОК беше против неговиот избор, …

Трет мандат за Бах на чело на МОК  Read More »

„Маракана“ го менува името во чест на Пеле


Бразил– Прочуениот фудбалски стадион во Рио де Женеиро, популарната „Маракана“ ќе го промени своето официјално име во „стадион Едсон Арантес до Насименто – Реи Пеле“. Одлуката за промена на името на стадионот според еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња денеска ја донесоа властите во бразилската сојузна држава Рио де Женеиро, а за да стане …

„Маракана“ го менува името во чест на Пеле Read More »