Манчестер јунајтед го претрпе најголемиот пораз на домашен терен од Ливерпул во клупската историја


 Ливерпул го совлада Манчестер јунајтед со 5:0 на „Олд Трафорд“ во 9. коло од шампионатот на Англија. Ова е најголемиот пораз на Манчестер јунајтед на домашен терен од „црвените“ во историјата на клупското ривалство. Тоа е, исто така, прв пат од 1925 година Јунајтед да загуби толку убедливо од Ливерпул во натпревар од највисоката англиска […]

Мурињо: Дали сакам повеќе играчи? Се разбира, како и секој тренер, но свесен сум за ситуацијата на клубот


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, рече дека му се потребни засилувања, но и дека е свесен за финансиската состојба во која се наоѓа клубот. – Многу луѓе се смеат на она што претходните сопственици го направија со Рома. После нив клубот остана со многу тешкотии. Сегашните сопственици потрошија многу пари за да ги поправат грешките […]

Анчелоти: Класико ќе постои и без Меси, Кристијано и Рамос


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го сподели своето мислење за промените во тимовите пред натпреварот од 10. коло на шпанскиот шампионат со Барселона. – Двата тима се менуваат, но сепак ќе имаме одличен натпревар. Физички, само се подобруваме. Сè уште не знаеме какви височини можат да достигнат играчи како Ансу Фати или Винисиус, но […]

Верстапен ќе тргне од пол-позицијата на ГН за САД


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ноќеска беше најбрз во квалификациите за Формула 1 трката која вечер ќе се вози за Големата награда на САД. Во решавачката трета фаза од квалификациите, Холанѓанецот оствари време 1:32.910 минута, пред Луис Хамилтон (Велика Британија, Мерцедес) со 1:33.119 и Серхио Перез (Мексико, Ред Бул) со 1:33.134. Пласман од 4-10.позиција […]

Шифрин најбрза на велеслаломот со кој се отвори новата скијачка сезона


Австрија– Американската скијачка Микаела Шифрин победи на денешниот велеслалом возен во австриски Зилден со кој стартуваше новата сезона од Светскиот куп.   Американката двете трки ги заврши со вкупно време 2:07.22 минути, односно 14 стотинки побрзо од второпласираната Лара Гут-Бехрами. Третото место и припадна на Петра Влхова од Словачка која заостана 1,3 секунди. Во првите десет […]

Избегната меѓусебна тепачка на ѕвездите на Лејкерс, Дејвис и Хауард (видео)


Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис и Двајт Хауард имаа кошкање за време на тајмаутот ноќеска на натпреварот со Феникс санс. До инцидентот дојде кога Дејвис почна да му кажува дофрла нешто на Хауард, кој седеше на клупа та, а потоа стана по што почнаа меѓусебно туркање. Соиграчите мораа да ги разделат двајцата кошаркари […]

Верстапен го нарече Хамилтон „глупав идиот“ (видео)


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, не беше задоволен од однесувањето на Луис Хамилтон од Мерцедес за време на неговиот втор тренинг на Големата награда на САД. Возачите во еден момент се доближија до контакт со тркалата по што реагираше Холанѓанецот преку тимското радио. – Ха! Глупав идиот! – рече Варсатпен и разјасни што чувства […]

Банки се натпреваруваат за улога во фонд за помош на УЕФА вреден седум милијарди евра


Група финансиски институции се борат да играат водечка улога во фондот за помош во пандемијата вреден седум милијарди евра, формиран од Фудбалската федерација на Европа – УЕФА. Заемодавачите кое се влезени во потесниот избор се тркаат да го исполнат крајниот рок за предлози за обезбедување финансии за клубовите во регионот. Банките Голдман Сакс и Меквајр и фирмата Аполо се меѓу оние што се натпреваруваат да […]

Болничар во САД уби четири лица, им вбризгувал воздух во вените


САД – Медицински техничар од Тексас е прогласен за виновен поради убиство на четворица пациенти на кои им вбризгувал воздух во вените по операција на срцето. Триесет и седум годишниот болничар, Вилијам Дејвис сега се соочува со смртна казна, пишува Би Би Си. Машки пациенти во болница во Тексас, на возраст меѓу 47 и 74 […]

Жрепката за групите на СП во Катар на 1 април


Швајцарија – Жрепката за групната фаза за Светското фудбалско првенство во Катар идната зима ќе се одржи на 1 април 2022 година, ден по конгресот на ФИФА закажан за 31 март во Доха. Мерило во кој шешир ќе се најдат учесниците на Мундијалот пред жрепката ќе биде рангирањето на репрезентациите на ФИФА листата. Во моментот на жрепката нема да бидат познати […]

Кој нема две дози од вакцината не може на Австралија опен. Што ќе прави Ѓоковиќ?


Новак Ѓоковиќ и другите тениски ѕвезди нема да добијат посебни исклучоци да влезат во Австралија доколку не се вакцинирани или ако не го откријат статусот на вакцинација, изјави федералниот министер за имиграција. На прашањето на радиото АБЦ во средата наутро дали има порака за Ѓоковиќ, Алекс Хоук повтори дека секој што ќе влезе во земјата […]

Шеснаесет од 27 фудбалски федерации во ЕУ се спротивставија на Супер лигата, Шпанија и Италија меѓу нив


Франција – Повеќето земји од Европската унија се спротивставија на проектот Суперлига. Вкупно 16 од 27-те земји на ЕУ писмено го известиле Европскиот суд на правдата, кој на барање на трговскиот суд во Мадрид испитува дали УЕФА и ФИФА имаат право на целосна контрола врз светскиот фудбал. Противници на Суперлигата се и Шпанија и Италија, земјите […]

НБА објави партнерство со Формула 1, болидите обоени во боите на клубовите од лигата


Англија– НБА продолжува со одбележувањето на својата 75-годишнина. Овој пат најсилната кошаркарска лига на светот објави партнерство со Формула 1. За да го одбележат почетокот на јубилејот на лигата и почетокот на ГН на Америка што се враќа по двегодишна пауза, НБА и Формула 1 постепено ќе објавуваат ексклузивни слики од болиди на тркачката сесија стилизирани […]

Легендарниот југословенски голман Пантелиќ ја загуби битката со коронавирусот


Србија– Легендарниот југословенски и српски голман Драган Пантелиќ почина на 69-годишна возраст, како резултат на инфекција со коронавирус. Славниот чувар на мрежата утрово ја загубил битката со ковид-19, потврдуваат српските медиуми. Пред неколку дена, Пантелиќ бил примен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, поради здравствени компликации, а за жал не помогна ниту борбата на лекарскиот […]

Повеќе од 12 европски асоцијации сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години


Повеќе од 12 национални фудбалски асоцијации ја известија УЕФА за нивните планови да се повлечат од ФИФА која сака Светското првенство на секои две години, објави Асошиетед прес. Според изворот, евентуалното повлекување од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), нема да влијае на учеството на клубовите и репрезентациите на турнирите под покровителство на европската федерација. Претходно, ФИФА […]

Мексиканците навлечени на црвено-црно: По машки тим направија и ЖРК Вардар


Двете европски круни на македонската гордост Вардар го направи црвено-црниот колектив не само европски, туку и глобален бренд, па ентузијасти и навивачи од Мексико си создадоа мексикански Вардар под името – Вардар МХ (Вардар Мексико). И сега оваа интересна приказна има и втор дел зашто се создаде и женска секција – ЖРК Вардар, пишува Спорт1. […]

Олимпискиот оган од Грција тргнува за Пекинг


На свечена манифестација во Атина на античкиот олимписки стадион „Панатенаик“, каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган, што вчера беше запален во античка Олимпија, ќе им биде предаден на организаторите на 24-те Зимските олимписки игри во Пекинг што ќе започнат на 4 февруари 2022 година, јави дописничката на МИА […]

(Видео) Во античка Олимпија запален олимпискиот оган за ЗОИ „Пекинг 2022“


 Во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, во присуство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, претседателот на грчкиот олимписки комитет, Спирос Капралос и потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022“ Ју Зајчин, од зраците на сонцето, претпладнево беше запален олимпискиот оган за 24-те Зимските […]

(Видео) Славеа навивачи во Холандија, падна трибината


На натпревар меѓу НЕЦ и Витезе се сруши трибината додека гостинските навивачи славеа победа. Видена е неверојатна сцена, за среќа – никој не настрадал. Витезе како гостин го победи НЕЦ и во Ниеменген 1:0 и по натпреварот играчите славеле со навивачите. навивачите пееја и скокаа и одеднаш падна трибината. Никој не е повреден, што е […]

ЗОИ: Утре ќе биде запален олимпискиот оган


Грција– Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари, ќе биде запален утре на античкиот стадион во грчката Олимпија без присуство на гледачи поради пандемијата на коронавирус, како што беше случај и за летните Игри во Токио. Трет пат во трите децении на традиционалното палење на олимпискиот оган во […]