Фудбалската репрезентација на Македонија за прва пат во историјата ќе биде дел од еден бараж за пласман на Мундијалот, а денеска во 17 часот треба да се одржи жрепката во Цирих, во кој нашите ќе ги дознаат противниците.

Изабраниците на селекторот Благоја Милевски се меѓу 12 репрезентации кои може да обезбедат пласман на Мундијалот во Катар.

Според пропозициите 12 селекции во баражот ќе бидат поделени во две квалитативни групи, Македонија е во втората квалитативна група, а при жрепката не може да добие противник од својата група.

Евентуални противници на Македонија од првата група се селекциите на Италија, Португалија, Русија, Шкотска, Шведска и Велс, а во вториот барабан покрај нашиот национален состав се и репрезентациите на Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина .

При жрепката ќе се формираат три групи од по 4 селекции и само победниците од групите ќе обезбедат виза за Шампионатот во Катар.

Поради политички причини Русија и Украина во баражот не може да се најдат во иста група.

Бараж дуелите ќе се играат во март следната година, полуфиналето е на програмата на 24-ти, а финалето ќе биде на 29 март. Во полуфиналето предноста на домашниот терен ќе биде на страната на подобро рангираните селекции, а финалето пак ќе се игра кај послабо рангираната селекција.