Чави веќе се договори со Барселона


Тренерот на Ал Сад, Чави, ќе ја предводи Барселона. Поранешниот капитен на каталонскиот фудбалски великан веќе се договорил за соработка со клубот од „Камп ноу“, објави „Мундо Депортиво“. Тој ќе заработува помалку отколку што заработува во катарски Ал-Сад, а во исто време, значителен дел од неговата плата ќе биде препишан како бонуси за постигнување одредени […]

Препорака до спортските канали до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик


До крајот на годинава спортските канали ќе треба да воведат коментирање на спортските натпревари на македонски и на албански јазик, препорача денеска Владата. „Врз основа на Извештајот на Работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Република Северна Македонија, […]

Канатларовски избра 23 фудбалери за дуелите со Украина и Франција


редводникот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Драган Канатларовски селектираше денеска 23 фудбалери за претстојните натпревари против Украина и Франција на домашен терен во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година. На 11. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе гостува Украина, а пет денови подоцна на Националната арена „Тодор Проески“, […]

Надал најави скоро враќање на терените


Шпанија– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој пропушти голем дел од оваа сезона поради операција на стапалото, тренира напорно и уверен е дека подготвено ќе го дочека настапот на Австралија Опен идната година. – Мојот план е да играм во Абу Даби во текот на декември. Потоа сакам да одиграм турнир во јануари пред Австраlија Опен и подготвен да ги дочекам настапите во […]

Конте седнува на клупата на Тотенхем


Италијанскиот стратег Антонио Конте денеска се очекува официјално да биде назначен за нов тренер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем на местото на Португалецот Нуно Еспирито Санто, кој вчера доби отказ поради слаби резултати. Конте и Тотенхем, како што јавуваат италијанските медиуми, ќе потпишат договор за соработка до 2023 година. Според истите извори, двете страни постигнале вербален договор и Конте се враќа во Премиер лигата каде […]

Барселона најмалку три месеци без Агуеро


Откако беше префрлен директно од теренот во болница поради болки во градите, од Барселона соопштија за состојбата на аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро. Според првите информации од каталонскиот клуб, Агуеро нема наскоро да се врати на терените, што може да биде голем хендикеп за Барселона во преостанатиот дел од сезоната. Во понеделникот вечерта, челниците на Барселона […]

Македонските каратисти со 12 медали се враќаат од ЕП во Белград


Македонската репрезентација во традиционално карате освои вкупно 12 медали на Европското првенство во Белград, од кои по пет златни и сребрени и два бронзени. На првиот ден од шампионатот во Белград со сребрени медали во дисциплините кихон ипон кумите и џиу ипон кумите се закитија Камелија Недев, Матеј Мангаровски и Марта Димковска. Дополнително, Камелија Недев […]

Меси не планира да се пензионира од фудбалот, сака да се врати во Барселона


Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, изјави денеска оти не размислува да се повлече од професионалниот фудбал по Светското првенство 2022 во Катар. – Не. Искрено, не (размислувам за пензија). После тоа што ми се случи живеам од ден за ден, од година за година. Не знам што ќе биде на Светското првенство или по завршувањето на Светското првенство. Не […]

Бајиќ повика 18 кошаркари за дуелите со Шпанија и Украина


Селекторот на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ денеска го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година. Бајиќ за дуелите против Шпанија закажан за 26. ноември во Скопје, и Украина, на 29 ноември во Киев, објави поширок список со 18. кошаркари. До првиот […]

Ангеловски меѓу кандидатите за нов тренер на Хајдук


Хрватска – Поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски е во потесниот круг кандидати за нов тренер на хрватскиот прволигаш Хајдук, јавија денеска локалните медиуми. Ангеловски (45), според весникот „Слободна Далмација“ со својата возраст и ентузијазам се вклопува во плановите на раководството на сплитскиот клуб за нов шеф на стручниот штаб, кој треба да го наследи Јенс Густафсон, кому денеска му […]

Конте официјално нов тренер на Тотенхем


Англија – Италијанскиот фудбалски стратег Антонио Конте попладнево е назначен за нов тренер на Тотенхем, соопшти премиерлигашот од Лондон. Конте се обврза да го предводи Тотенхем до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката. Конте, како што соопшти клубот, веќе попладнево ќе го одржи првиот тренинг со новата екипа. Тренерската смена во Тотенхем дојде по серијата слаби резултати, која доведе до отказ за Португалецот […]

Ѓоковиќ ја почна 345 недела на врвот на АТП листата


Англија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд според бројот недели минати на врвот на светскиот тенис, започнувајќи ја денеска 345 недела едноподруго на чело на АТП листата. Ѓоковиќ сега има 10.340 бодови, што е 1.080 помалку во однос на минатата недела, но сè уште е во предност од 800 бодови пред второрангираниот Дмитри Медведев од Русија. […]

Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ стигна до бројката од 400 првенствени голови


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го постигна јубилејниот 400. првенствен гол во својата кариерата и придонесе во синоќешната победа на Милан на гостувањето во Рим кај Рома со 2-1. Ибрахимовиќ (40) го отвори резултатот со гол од слободен удар во 26 минути, а во 50 минута на шведскиот ветеран му беше поништен гол поради офсајд. Милан со […]

ОИ 2024: Свеченото отворање во центарот на Париз место на стадион


Вообичаената пракса на отворање на Олимписките игри на спортски стадион би можела да биде прекината на Игрите 2024 во Париз, откако организаторите најавија можно сценарио свеченоста да биде одржана во строгиот центар на француската престолнина. Таквата можност денеска ја навести претседателот на Организацискиот комитет Тони Естангуе на точно 1.000 денови пред свеченото отворање на Игрите. […]

Атланта на чекор до титулата во американската бејзбол лига, овации за Трамп


Атланта Брејвс го совлада на својот стадион Хјустон Астрос со 3-1 во четвртиот натпревар од финалето во американската МЛБ бејзбол лига и поведе со 3-1 во серијата до четири победи. Атланта би можела да ја освои својата четврта титула, и прва по 1995 година, веќе во ноќта меѓу понеделник и вторник кога повторно ќе биде […]

ПМФЛ: Капинковски ја напушти клупата на Пелистер


Последно пласираната екипа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Пелистер ќе ја продолжи битката за опстанок во прволигашката коонкуренција со нов тренер, откако досегашниот шеф на стручниот штаб Димитар Капинковски поднесе неотповиклива оставка. Капинковски ја напушти клупата на Пелистер по саботниот пораз во Битола од Македонија ЃП со 2-0. Пелистер е единствената екипа без триумф по воведните 12 […]

Солскјер задоволен од триумфот над Тотенхем


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изрази задоволство од саботниот триумф од 3-0 на гостувањето кај лондонски Тотенхем, оценувајќи дека неговите фудбалери одиграле брилијантен натпревар. – Кога ќе победите со 3-0 и притоа ќе ја држите топката далеку од сопствениот гол, тоа е задоволително. Во фудбалот некогаш работите ви одат од рака, а понекогаш се против […]

Агуеро пренесен во болница поради болки во градите


Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро е пренесен во болница, откако се пожалил на болки во градите и вртоглавица за време на синоќешниот прволигашки натпревар против Алавес (1-1) на домашен терен. – Серхио Агуеро чувствуваше болки во градите во поголемиот дел од натпреварот во првото полувреме и пренесен е во болница на кардиолошки испитувања, соопшти Барселона. […]

Петто сезонско АТП финале за Зверев


Австрија– Германецот Александер Зверев и Американецот Френсис Тијафо ќе играат во утрешното финале на АТП турнирот во Виена. Зверев, кој претходно оваа недела ја запиша својата 300. победа во кариерата, обезбеди петто АТП финале оваа сезона со триумфот над Шпанецот Карлос Алкараз со 6-3, 6-3 за 68 минути игра. Негов противник во финалето ќе биде 49. рангираниот […]

Кирил Лазаров со автобиографија- ја раскажа ракометната приказна од Свети Николе до Нант


Автобиографското дело „Секогаш на победа“ на најдобриот македонски ракометар на сите времиња и актуелен селектор на националниот тим Кирил Лазаров ќе биде промовирано идната недела во Скопје. Најдобриот стрелец ов историјата на Лигата на шампиони и светски рекордер според многу параметри, својата ракометна приказна од родното Свети Николе до француски Нант каде идната година официјално […]