Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ


Со победата на Виљареал над Аталанта синоќа се комплетираа учесниците во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Натпреварот во Бергамо заврши со резултат од 2-3, а истиот претходно беше одложен поради снежното време кое не дозволи да се игра во средата.

Ждрепката е закажана за понеделник од 12 часот по средноевропско време, а традиционално ќе се одржи во Нион, Швајцарија.

Во првиот шешир се победниците Ајакс (Холандија), Баерн (Германија), Јувентус (Италија), Ливерпул (Англија), Лил (Франција), Манчестер Јунајтед (Англија), Манчестер Сити (Англија) и Реал Мадрид (Шпанија).

Во шеширот второпласирани се Атлетико (Шпанија), Бенфика (Португалија), Виљареал (Шпанија), Интер (Италија), ПСЖ (Франција), Салцбург (Австрија), Спортинг (Португалија) и Челси (Англија).

Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 15, 16, 22 и 23 февруари, а реваншите на 8, 9, 15 и 16 март. Натпреварите започнуваат од 21 часот.

На 18 март ќе следува и четвртфиналната жрепка, а финалето е закажано за 28 мај.