Како Зимските олимписки игри во Пекинг се претворија во голем политички хаос


Олимпијадата отсекогаш служела како сцена за патриотски прикази и политичко џокејство. Зимските игри во Пекинг 2022 година, кои започнуваат на 4 февруари, од ден на ден стануваат сè понапорни

Во знак на протест против она што Белата куќа го гледа како „злосторства на човештвото“ спонзорирани од државата и други прекршувања на човековите права, САД водат меѓународен дипломатски бојкот, прв таков протест кон земја домаќин по Студената војна. Дури и кога Русија беше домаќин на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, администрацијата на претседателот Барак Обама ја даде својата изјава испраќајќи делегација – и преполнувајќи ја со истакнати застапници за правата на ЛГБТ. Од своја страна, Кина соопшти дека западните лидери не биле нужно поканети на Игрите и дека САД „ќе платат“ за нивните демонстрации.

Спортистите, исто така, покажаа нова волја да го предизвикаат Пекинг. Откако тениската ѕвезда Пенг Шуаи исчезна по нејзините јавни тврдења дека некогашниот лидер на Комунистичката партија ѝ вршел притисок за секс, неколку спортски ѕвезди ја изразија својата загриженост, а Женската тениска асоцијација презеде храбар чекор да ги прекине турнирите во Кина – редок пример за лидери на спортот подготвени да се спротивстават на Пекинг.

Меѓународниот олимписки комитет во моментов се обидува да ги измазни рабовите на двете контроверзи.

Политичкиот и социјалниот раздор врши нов притисок врз корпоративните партнери на Игрите, големите компании кои дефинитивно не сакаат да избираат страни. Тоа, исто така, го засилува вниманието на спортистите, од кои некои може да ги искористат предностите на новоолабавените правила за да дадат изјави за протест. Згора на сè што Кина ќе спроведе строги мерки за ограничување на коронавирусот, дизајнирани да обезбедат интегритет на тврдоглавата посветеност на земјата кон нулта – ковид (Covid Zero). Нека започнат игрите!

Клучни поенти

Кина ги предупреди САД дека „ќе платат цена“ за бојкот на Олимпијадата
САД планираат дипломатски бојкот на игрите во Пекинг, но им дозволуваат на спортистите да одат
Кина нема да ги покани американските политичари на Олимпијадата, се вели во извештајот

Во бројки

110 милијарди долари: Проценет комбиниран годишен приход генериран во Кина од 10 од 12-те најдобри спонзори на Олимпијадата.
1 милион: Процет број на етнички малцинства, вклучително и муслиманските Ујгури, кои според ОН се приведени во Ксинџијанг.
7: Нови дициплини на Олимпијадата во Пекинг: женски монобоб; машки и женски слободен стил big air; мешана тимска штафета за брзо лизгање на кратки патеки; мешовит тим бордеркрос; мешани тимски ски скокови; мешани тимски „аериалс“ во слободен стил.

Зошто е важно

Олимписките игри се веројатно последниот настан со моќ да го фокусира вниманието на целиот свет. И бидејќи самите Игри првенствено се фокусираат на помали спортови и малку познати спортисти, тие имаат тенденција да ја наградуваат публиката со приказни за добро чувство, тимски приказни кои ја слават напорната работа, триумфот на човечкиот дух итн.

Непотребно е да се каже дека станува зборр за многу повеќе од медали. Стотици мултинационални компании скапо плаќаат за спонзорства кои им овозможуваат да ги стават нивните брендови и производи блиску до акцијата, од повеќегодишни врски на Меѓународниот олимписки комитет до репрезентативни или спортски припадности до застапеност на индивидуални спортисти. Во времето пред пандемијата, тие компании исто така ги користеа Игрите за да ги забавуваат клиентите, да прават зделки и да создаваат други видови бизниси. Тоа сега е надвор од масата, но сепак, сè уште е значајно за компаниите кои ги поддржуваат победниците.

Потоа, тука е политичкиот театар. За земјата домаќин, Игрите обично се можност да се соберат светските лидери за внимателно оркестрирани честитки и можности за фотографирање. Овој пат, работите ќе бидат многу поинакви, бидејќи голем дел од Западниот свет гледа од далеку. Високо нестабилната политичка ситуација значи дека компаниите – и спортистите – ќе мора да одат по тенка линија. (Блумберг)