Австралијците бараат автентичен доказ за корона потврдата на Ѓоковиќ: Ќе го вратиме со првиот авион


Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе мора да докаже дека медицинската потврда со која е ослободен од обврската за вакцинирање против корон авирус ја добил на автентичен начин, или, во спритвно ќе биде вратен дома со првиот авион. – Доколку не добиеме доволно докази, кон него ќе се однесуваме како кон кој било друг, […]

Ериксен: Бев мртов пет минути, сакам да играм на Мундијалот во Катар


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен во интервју за локалната телевизија DR1 TV ексклузивно проговори за најтешките моменти во својата кариера, изнесувајќи досега непознати детали, но и желба да се врати во репрезентацијата и да настапи на Мундијалот 2022 во Катар. Ериксен, кој во интервјуто за данската телевизија рече дека бил мртов пет минути, последен пат се појави на фудбалскиот терен на 12 јуни кога […]

Српскиот милијардер Шолак го купи Саутемптон


Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон премина во рацете на српскиот милијардер Драган Шолак, кој е сопственик на телекомуникациската компанија Јунајтед груп, на чело на инвестициската групација Спорт Република. Англиските медиуми јавија дека Спорт Република за 100 милиони фунти купил 80 отсто од акциите од кинескиот бизнисмен Гао Јишенг, кој беше сопственик на Саутемптон од август 2017 година. […]

Ливерпул бара одложување на полуфиналето на Лига купот против Арсенал поради коронавирус


Ливерпул поднесе барање за одложување на полуфиналето на англискиот Лига куп против Арсенал поради голем број случаи на коронавирус, објавено е на официјалниот сајт на клубот. Се посочува дека клубот смета дека е неопходно да се одложи натпреварот поради неколку случаи на инфекција и повреди. Исто така и денешниот тренинг на „црвените“ од Енфилд е […]

Ѓоковиќ доби медицинска потврда за ослободување од вакцина и полета кон Австралија


Србија– Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија Опен. Србинот на Инстаграм објави дека лета за Мелбурн. Според него, тој добил медицинско ослободување од вакцинацијата против коронавирус. Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари и ќе трае до 30 јануари. Ѓоковиќ е актуелен и деветкратен шампион на Грен слем турнирот кој традиционално се […]

Челзи ќе го казни Лукаку до 600 илјади евра


Челзи ќе го казни напаѓачот Ромелу Лукаку за контроверзното интервју кое го даде пред неколку дена. Пред два дена, Лукаку изјави дека не е задоволен од ситуацијата во Челзи и дека направил грешка кога го напуштил Интер за да се пресели во таборот на лондонските „сини“ Лондонскиот клуб може да го казни 28-годишниот напаѓач до […]

Репрезентативецот Ѓуроски бил повреден во тепачката во Маврово


Членот на кошаркарската репрезентација на Македонија и на Пелистер, Стојан Ѓуровски е еден од повредените во тепачката која вчера се случи на ски терените во Маврово.  Во тепачката учествувале две групи, едната од Гостивар во која бил и Стојан Ѓуроски и неговиот брат заедно со уште две лица и другата група од Косово. На тепачката и […]

Македонските ракометари го совладаа Израел во подготовките за Европското првенство


Македонската машка ракометна репрезентација ја продолжи победничка низа во подготовките за настап на претстојното Европското првенство, совладувајќи го во Скопје вечерва Израел со 31:28 (14:15). Најефикасен во македонскиот состав, во првиот од двата контролни натпревари против израелската репрезентација, беше Ненад Костески со пет голови, додека Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски постигнаа по гол помалку. Контролните […]

Инфантино: Мундијал на две години би функционирал


Наспроти бројните критики кои пристигнуваат од сите страни, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не се откажува од идејата за воведување Светско првенство на две години. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, посочи дека тоа не е негова желба, туку заложба на огромно мнозинство од земјите членки. – Светско првенство на две години не беше мое барање, туку Конгресот (на ФИФА) побара да се подготви […]

Роналдо купи најсовремена комора со кислород за подобро да се подготви


  Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо (36) познат е по својата неверојатна физичка кондиција и работни навики, а сега се одлучи да оди чекор понапред. „Сан“ јави дека купил и во својот дом инсталирал најсовремена комора со кислород, која тешко се наоѓа во велика Британија, за да му помогне да ја одржи и да […]

Ивановски ќе настапи на Австралија опен за јуниори


Австралија – Талентираниот македонски тенисер Калин Ивановски ќе учествува на Грен слемот во Мелбурн. Ивановски ќе настапи на јуниорскиот дел од Австралија опен од 22 до 29 јануари. Македонецот минатата година играше на Грен слемот Вимблдон каде стигна до осминафиналето и на Отвореното првенство на САД каде беше елиминиран уште во првото коло од квалификациите. 

Кјелини позитивен на коронавирус, еден месец по третата доза


Италија– Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус соопшти денеска дека искусниот 37-гoдишен дефанзивец Џорџо Кјелини е позитивен на коронавирус и се наоѓа во домашна изолација. Позитивни на Ковид-19 во торинскиот клуб претходно деновиве беа и Артур и Карло Пинсољио. Кјелини пред точно еден месец се вакцинираше со третата доза и беше еден од најгласните фудбалери на Јувентус […]

Меси позитивен на Ковид


Франција- Лионел Меси е еден од четирите фудбалери на Пари Сен-Жермен кои имаа позитивен тест на Ковид-19 при враќањето на тренинзи со францускиот клуб. Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино потврди дека покрај Меси, позитивни се и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала, кои нема да можат да бидат во составот против Ван во Купот […]

Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати


Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав го почна вториот дел од подготовките за претстојното Европско првенство, откако сите репрезентативци се негативни на коронавирус на последното тестирање, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Од РФМ посочуваат дека согласно протоколите за учество одредени од Европската ракометна федерација (ЕХФ), сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против […]

„Мистеријата“ околу учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен продолжува


Австралија- Шефот на Австралија опен, Крег Тајли вели дека има „уште многу работи да се постават на место“ за да се дознае дали светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата од првиот гренд слем во 2022. 20-кратниот гренд слем шампион одбива да потврди дали е вакциниран за Ковид-19 и се повлече од […]

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“


Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник на денешните ски-скокови од новогодишната турнеја „Четири скокалници“. По триумфот во Оберстфорд остварен пред три дена, Кобајаши денеска победи и во Гармиш-Партенкирхен на вториот натпревар од турнејата. До победата, јапонскиот натпреварувач стигна со скокови од 143 метри во првата и 135,5 метри во втората серија, односно 291,2 освоени бода. Второто […]

Роналдо: Не сум задоволен од резултатите на Манчестер


Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е задоволен од настапот на тимот во досегашниот дел од сезоната. – Незадоволен сум од резултатите на Манчестер јунајтед. Сите сме несреќни, сигурен сум во тоа. Знаеме дека треба да работиме повеќе, да играме подобро и да покажеме повеќе отколку што покажуваме моментално. Нека Новата година биде пресвртна […]

Рафаел Надал оздраве од ковид и го потврди учеството на Австралија Опен


  Рафаел Надал, освојувачот на 20 грен слем титули, го потврди своето учество на првиот голем турнир во 2022 година, Австралија опен. Шпанецот на социјалните мрежи покажа фотографија од теренот „Род Лејвер“ во Мелбурн, каде се одржуваат натпреварите. Надал пристигна во Мелбурн и ги започна подготовките. „Не кажувајте никому. Еве ме“, напиша Надал на Твитер. […]

Рохас и Меси спортисти на годината во Јужна Америка


Аргентина– Венецуелската атлетичарка во трискок Јулимар Рохас и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се најдобри спортисти во Јужна Америка за 2021 година, одлучи во својот избор Меѓународното здружение на спортски новинари (AIPS). Рохас (26) го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио, а со скокот од 15,67 метри воедно го собори и 26 години стариот […]

Кансело повреден при грабеж во неговиот дом


Англија– Дефанзивецот на премиерлигашот Манчестер сити, Жоао Кансело, обелодени денеска дека бил жртва на грабеж при што му се нанесени и телесни повреди, илустрирајќи го инцидентот со своја фотографија објавена на Инстаграм на која фудбалерот има расекотина над десното око. – Ме нападнаа четворица страшливци, кои сакаа да нè повредат мене и моето семејство, а кога ќе […]