Надал избори финале на Австралија опен


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето на првиот Грен – слем турнир во новата сезона, Австралија опен, откако во денешното полуфинале го совлада Италијанецот Матео Беретини со 6-3, 6-2, 3-6, 6-3.

За петто рангираниот тенисер на АТП листата ова ќе биде шесто финале на Австралија Опен и можност само втор пат да ја освои титулата во Мелбурн, по премиерниот успех во 2009 година.

Шпанецот за рекордната 21 грен – слем титула ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Русинот Данил Медведев и Гркот Стефанос Циципас.

Триесетипетгодишниот Надал досега во кариерата освои 20 грен-слем титули, од кои 13 на Ролан Гарос, четири на Ју-Ес опен, две во Вимблдон и една во Мелбурн.