Ѓоковиќ ќе настапи во Дубаи


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на АТП турнирот во Дубаи, јавија локалните медиуми, кои имале увид во списокот ученици пријавени за турнирот закажан за последната недела од февруари.

Откако претходно овој месец австралиските власти го протераа Ѓоковиќ и му ја поништија визата, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, српскиот тенисер не настапи на Австралија опен и се врати во Белград преку Дубаи на 17 јануари.

Вакцинирање против Ковид – 19 не е задолжително за влез во Обединетите Арапски Емирати, каде со барем една доза се вакцинирани сто отсто од населението.