Неверојатниот пат на Надал за шест месеци: од мачна повреда до финале во Мелбурн

Шпанецот ја приспособи играта на неговите 35 години и повредите што го мачеа голем дел од кариерата. И стигна онаму каде што никој не очекуваше пред почетокот на Австралија опен


Дали ќе ја освои 21-та грен слем титула на финалето в недела: Надал ја прославува победата над беретини (Фото: АФП)

 

Во текот на 20-те сезони кои Рафаел Надал ги помина патувајќи низ светот како професионален тенисер, тој полека и со голема тешкотија состави една од најголемите спортски биографии што светот ги видел. Тој има освоено толку многу и кога неговото тело е на работ на потклекнување, но она што го постигна досега оваа година веќе стои високо на неговата бескрајна листа на достигнувања.

По шестмесечниот одмор поради хронична повреда на стапалото, неодамнешната зараза со ковид и големите сомнежи дали некогаш би се вратил во натпреварувањето, на 35 години Надал продуцираше еден од неговите поневеројатни потфати до финалето на гренд слемот Австралија опен.

Тој го направи тоа не само со потпирањето на неговата немилосрдна борба, туку и со адаптација и играње ефикасно, напаѓачки тенис во време кога тоа му е најпотребно на неговото тело. Во петокот попладне под покривот на арената „Род Лејвер“, тој го надигра Матео Беретини во два сета, а потоа ја оддржа доцната борба за да победи со 6-3, 6-2, 3-6, 6-3 и да стигне до своето шесто финале на Австралија опен.

„Го започнав натпреварот играјќи одлично. Првите два сета беа едни од најдобрите досега од поодамна. Знам колку е добар Матео, тој е многу цврст играч, многу опасен. Во третиот знаев дека во одреден момент ќе оди на удари“, изјави Надал. Тој истакна дека ќе мора да страда, но победи.

Победата на Надал му овозможи многу повеќе одлики кои ќе му дадат големо задоволство. Откако толку години му велеа дека неговиот стил на игра нема да биде поволен за долговечност во неговата кариера, тој продолжува да реди успеси во својата напредна возраст. Тој сега е четвртиот најстар човек во Опен ерата кој стигнал до финалето на Австралија опен и само четворица други мажи на возраст од 35 и повеќе години стигнале до некое големо финале.

Што е најважно, во недела тој ќе игра за својата 21. грен слем титула и шанса да го скине синџирот на 20-те со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер и да стане единствен сопственик на машкиот гренд слем рекорд на сите времиња.

Запрашан на теренот за можноста да ја освои својата 21-ва титула, Надал рече дека фокусот бил само на овој турнир и дека решил едноставно да ужива во постигнувањето. „За мене сè е поврзано со Австралија Опен повеќе од било што друго. Едноставно неверојатен настан е што како што кажав пред неколку дена сега, имав малку среќа во кариерата со некои повреди“, рече тој.

Бидејќи поради дождот арената „Род Лејвер“ мораше да биде покриена непосредно пред почетокот на мечот, проблемите со натпреварот за Беретини беа секогаш јасни. Беретини направи неверојатна работа за да се подобрува секоја година, но иако може да го ослободи пеколот со својот сервис и форхенд, неговиот бекхенд е убедливо најлошиот удар на теренот во повеќето натпревари против најдобрите.

За жал за Беретини, се случи тој да биде пред играч кој ја помина својата кариера распарчувајќи ги слабите бекхендови на деснораки играчи. Надал го започна мечот наоѓајќи доволно форхенди и ги користеше за немилосрдно да го притисне бекхендот на Беретини, влечејќи го надвор од теренот со секој нов форхенд на вкрстен терен.

 

Публиката му аплаудира на Надал по победата во четири сета (Фото: ЕПА)

Во текот на првите два сета, Надал сервираше исклучително добро и се пробиваше низ своите сервис-гемови, постојано гледајќи да напаѓа и да ги контролира размените со својот форхенд.

И покрај сите негови бекхенд недостатоци, Беретини игра со нескротлива страст и желба. Наместо да падне, тој се бореше за својот живот, прво организирајќи ги раните сервис гемови, а потоа ја искористи својата зголемена самодоверба за да направи брејк на 4-3.

Откако Италијанецот го доби третиот сет, натпреварот се промени. Беретини се пробиваше низ неговите сервис гемови, целосно ја демолираше топката и изгледаше како поинаков натпревар. Беретини имаше шанса на 3-3, 15-30, но неговиот форхенд заврши во мрежата и Надал го задржа сервисот. Одеднаш, тој повторно беше под притисок во игра со долга ѓус исполнет со тензија, долги поени и звук од громогласна толпа. Се заврши со две последователни форхенд грешки на Беретини за брејк и Надал сервираше брилијантна победа.

Овој успех е дефиниран од приспособливоста на Надал. Со неговата хронична повреда на стапалото, тој знае дека не може да меле со часови зад основната линија и затоа реши да биде ефикасен како што некогаш бил. Дури и против Беретини, најголемиот сервер со кој се соочи оваа година во Мелбурн, наместо неговата претпочитана позиција за длабоко враќање, тој зазеде напредна позиција, подели чекор напред во топката за рано да ги пресретне тие огромни сервиси.

Пред турнирот, дури и кога не беше јасно дека Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да патува во Мелбурн, немаше некоја врева околу Надал дека ќе ја освои својата 21. грен слем титула овде. Самиот Надал ги намали сопствените шанси бидејќи едноставно се обидуваше да види како неговото тело и неговата игра ќе реагираат во такви неидеални околности. Се чинеше како разумен поглед. Но, во текот на неговата кариера, Надал ѝ пркоси на логиката, и додека се врати да се натпреварува за уште една титула на Австралија опен, тоа го направи уште еднаш. (Гардијан)