Продолжи натпреварот Данска – Финска


Натпреварот во рамки на ЕУРО2020 меѓу репрезентациите на Данска и Финска продолжи вечерва во 20:30 часот по 90-ет минутен прекин, откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот во финишот на првото полувреме. На барање на двете репрезентации, откако пристигнаа вести дека Ериксен е во стабилна здравствена состојба, УЕФА даде согласност по вечерашниот итен состанок …

Продолжи натпреварот Данска – Финска Read More »

Монсунски дождови во Букурешт спроти дуелот на македонските фудбалери против Австрија


Невреме проследено со обилни врнежи од дожд ја зафати попладнево романската престолнина предизвикувајќи им големи проблеми на УЕФА и романските организатори спроти утрешниот натпревар меѓу македонската и австриската репрезентација во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО2020. Австријците денеска пристигнаа во Букурешт и според планираното требаше во 15:30 часот да го одржат својот прв и единствен тренинг на …

Монсунски дождови во Букурешт спроти дуелот на македонските фудбалери против Австрија Read More »

По шокантните сцени на ЕП 2020: УЕФА извести дека Ериксен е во болница и е стабилен


На фудбалскиот натпревар на ЕП 2020 меѓу Данска и Финска, капитенот на данската репрезентација Кристијан Ериксен падна на теренот и лежеше неподвижен. Лекарите веднаш започнаа да го реанимираат и се чини дека успеааја во тоа. Навивачите, но и играчите на двете репрезентации беа видно шокирани, додека девојката на данскиот капитен веднаш слезе од трибините на …

По шокантните сцени на ЕП 2020: УЕФА извести дека Ериксен е во болница и е стабилен Read More »

ЕУРО2020: Швајцарија и Велс поделија по бод


Репрезентациите на Швајцарија и Велс одиграа попладнево во Баку нерешено 1:1 (0:0) во вториот натпревар од воведното коло во групата А на Европското фудбалско првенство. По неколку пропуштени шанси за гол во првото полувреме преку Харис Сеферовиќ и Фабијан Шар, Швајцарците поведоа во 49 минута со голот на напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Брел Емболо. Швајцарија продолжи да доминира во …

ЕУРО2020: Швајцарија и Велс поделија по бод Read More »

Османи: ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор


Логото и кратенката на името на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кое стои на националниот дрес со кој македонските фудбалери ќе настапат на Европското првенство не е во спротивност со Преспанскиот договор, одговори попладнево Министерството за надворешни работи во Скопје на вчерашната реакција на официјална Атина до УЕФА. – Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) е …

Османи: ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор Read More »

Македонскиот дрес најубав на ЕУРО2020 во избор на ЕСПН


Македонскиот фудбалски дрес на коj е симболизирано државното осмокрако сонце во двете црвено – жолта и бела комбинација е најубав во конкуренција на 24-те учесници на ЕУРО2020, во избор на американската телевизиска мрежа ЕСПН. – Ни се допаѓа буквално сè што содржи овој дрес. Тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека …

Македонскиот дрес најубав на ЕУРО2020 во избор на ЕСПН Read More »

ЕУРО2020: Манчини се поблиску до рекорд стар 90 години


Италија со триумфот од 3:0 над Турција на отворањето на ЕУРО2020 ја продолжи серијата без пораз на 28 натпревари и го доближи својот селектор Роберто Манчини на само два чекори до израмнување рекорд стар 90 години. Доколку Азурите не загубат на преостанатите две пресметки од групната фаза на ЕУРО2020, против Швајцарија и Велс, Манчини ќе …

ЕУРО2020: Манчини се поблиску до рекорд стар 90 години Read More »

Ѓоковиќ: Го одиграв најдобриот натпревар на Ролан Гарос во кариерата


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со многу емоции им се обрати синоќа на новинарите во Париз по триумфот над Рафаел Надал и пласманот во финалето на Ролан Гарос. – Оваа победа е една од најдрагите и најголемите во мојата кариера. Дефинитивно тоа беше еден од моите трите највозбудливи натпревари, и најдобар што го имам одиграно на Ролан Гарос, имајќи …

Ѓоковиќ: Го одиграв најдобриот натпревар на Ролан Гарос во кариерата Read More »

Почна ЕУРО2020, но економското влијание ќе биде ограничено


Кога Мишел Платини ja промовираше своjaтa идеја уште во 2012 година дека ЕУРО2020 треба да се одржи во повеќе европски градови отколку во една земја домаќин, зборот што тој го користеше за да ја опише својата идеја беше „необична“. Девет години потоа, Платини одамна го нема како претседател на УЕФА, жртва на корупциската криза во …

Почна ЕУРО2020, но економското влијание ќе биде ограничено Read More »

Ѓоковиќ испиша историја: Надал за прв пат загуби полуфинале на Ролан Гарос


Новак Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој го победил кралот на земјените терени, Рафаел Надал, во полуфиналето на Ролан Гарос со 3: 6, 6: 3, 7: 6 (4), 6: 2. Српскиот тенисер го победи Надал, освојувачот на 13 титули во Париз, во епски натпревар по четири часа и 11 минути. Ѓоковиќ во недела ќе игра против …

Ѓоковиќ испиша историја: Надал за прв пат загуби полуфинале на Ролан Гарос Read More »

Почеток од соништата за Азурите: Италија ја совлада Турција со 3:0


На првиот натпревар на Евро 2020, еден од домаќините на ова натпреварување, репрезентацијата на Италија, ја совлада Турција со 3:0, постигнувајќи ги сите три гола во второто полувреме. „Азурите“ заслужено постигнаа три почетни поени и веднаш во првото коло од групата А им дадоа до знаење на нивните ривали дека ги интересира само првото место …

Почеток од соништата за Азурите: Италија ја совлада Турција со 3:0 Read More »

Мијатовиќ: Од срце ќе навивам за Македонците на ЕУРО2020


Легендата на црногорскиот и југословенскиот фудбал Предраг Мијатовиќ изјави за српските медиуми дека негови омилени репрезентации на ЕУРО2020 ќе бидат македонската и хрватската. -Не би рекол дека ќе бидам нечиј навивач, но би сакал Хрватска да го повтори успехот од последното Светско првенство кога беа вицешампиони, а секако со целото свое срце ќе бидам за Македонија, чиј селектор Игор Ангеловски е мој пријател. Исклучително ми е мило …

Мијатовиќ: Од срце ќе навивам за Македонците на ЕУРО2020 Read More »

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство


Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија информира дека во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од пет полициски службеници кои во периодот од 11 до 18 јуни ќе бидат присутни во Букурешт, Романија, по повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска …

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство Read More »

Хуманитарна акција на SPORT LIFE: „Навиваме заедно за Македонија”


„Sport Life“ ги повикува сите играчи да се вклучат во хуманитарната акција – „Навиваме заедно за Македонија“, за поддршка на изградбата на центарот за рани интервенции и третман кај децата со нарушувања од аутистичниот спектар, во Охрид. За секој уплатен тикет во периодот на eвропското фудбалско првенство, на кој што ќе биде одиграна и македонската …

Хуманитарна акција на SPORT LIFE: „Навиваме заедно за Македонија” Read More »

ЕВРО 2020: Играчите на Шкотска нема да клекнат пред почетокот на натпреварите


Шкотските репрезентативци најавија дека нема да клекнат пред натпреварите на Европското фудбалско првенство 2020. Наместо тоа, играчите ќе застанат пред почетниот свиреж. Шкотскиот капитен Ендру Робертсон рече дека посветеноста на тимот за ставање крај на дискриминацијата не е намалена. – Важно е да продолжиме да го решаваме прашањето на расизмот и да разговараме за потребата …

ЕВРО 2020: Играчите на Шкотска нема да клекнат пред почетокот на натпреварите Read More »

ЕВРО 2020: Македонските фудбалери го одработија утринскиот тренинг


Македонската фудбалска репрезентација го одработи утринскиот тренинг на „Национална арена Букурешт“.  Ова е четвртиот ден подготовки за избраниците на селекторот Игор Ангеловски по пристигнувањето во романската престолнина во пресрет на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ својот прв настап на ЕВРО 2020 ќе го имаат в недела од 18 часот против австрискиот национален тим.    

Манчестер сити е подготвен да му понуди на Кејн петгодишен договор


Англискиот фудбалски шампион, Манчестер сити е подготвен да му понуди на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн долгорочен договор, објави на Твитер новинарот Николо Шира. Според Шира, „граѓаните“ сакаат да потпишат петгодишен договор со 27-годишниот фудбалер, со плата од 16 милиони евра по сезона. Беше објавено дека Тотенхем бара 160 милиони евра за Англичанецот, додека Сити …

Манчестер сити е подготвен да му понуди на Кејн петгодишен договор Read More »

Од вечерва нова фудбалска треска – почнува Европското првенство


Со натпреварот Турција – Италија, вечер од 21 часот стартува Европското фудбалско првенство. Натпреварот ќе се игра на „Олимпико“ во Рим и е од 1.коло во А-групата во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс. На ЕВРО 2020 ќе настапи и македонската фудбалска репрезентација. „Црвено-жолтите“ дебито на континенталните првенства ќе го имаат …

Од вечерва нова фудбалска треска – почнува Европското првенство Read More »

Панчев: Македонците можат да бидат пријатно изненадување на ЕУРО 2020


Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев оцени дека „црвено – жолтите“ се кадарни да приредат изненадување на ЕУРО 2020 што од утре до 11 јули ќе се одржи во 11 европски градови. Македонскиот состав е во групата Ц, а премиерниот натпревар ќе го игра в недела против Австрија, пред дуелите со Украина и Холандија. – …

Панчев: Македонците можат да бидат пријатно изненадување на ЕУРО 2020 Read More »

Би-Би-Си го вброи Елмас меѓу 20 нови европски фудбалски ѕвезди


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде на листа која британскиот сервис Би-Би-Си ја состави од 20 најталентирани европски фудбалери пред кои е блескава професионална кариера. – Со две успешни сезони зад себе во дресот на Наполи и над 200 натпревари во сениорска конкуренција, ЕУРО2020 може да биде сцена за уште повисоко реноме за „македонскиот дијамант“, …

Би-Би-Си го вброи Елмас меѓу 20 нови европски фудбалски ѕвезди Read More »