Почина легендарниот бразилски фудбалер Пеле


Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина денеска на возраст од 82 години, по долга борба со болеста, јавуваат бројни светски медиуми. Едсон Арантес до Насименто – Пеле беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, голема икона, а последните години се бореше со рак на дебелото црево. Од 2021 година се лекуваше од рак на дебелото […]

Мбапе: Му честитав на Меси по финалето на Мундијалот


Килијан Мбапе се сети какви зборови му кажа на Лионел Меси по финалето на Светското првенство во 2022 година. Франција на Муднијалот во Катар загуби на пенали од Аргентина во мечот за трофејот. -Разговарав со Меси по натпреварот, му честитав. Тоа беше цел на неговиот живот за него, како и за мене. Но не успеав. […]

Гранеруд победник на првата од четирите скокалници на традиционалната новогодишна турнеја


Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд е победник на првиот натпревар од новогодишната турнеја „Четири скокалници“. На скоковите одржани вечерва во Оберздорф, Гранеруд до највисокото место на победничкиот подиум стигна со 312,4 бодови, односно прескокнати 142,5 метри во првата и 139 метри во втората серија. За Гранеруд ова беше 15 победа во кариерата и втора сезонава во […]

Рекорден награден фонд на Австралија опен


Австралија– Првиот календарски грен – слем турнир Австралија опен ќе им понуди на тенисерите рекордно висок награден фонд во износ од 76.5 милиони австралиски долари (48.5 милиони евра). Организаторите на првиот од четирите сезонски грен – слем турнири, кој ќе стартува на 16 јануари, соопштија дека наградниот фонд на Австралија опен 2023 е зголемен за 3.4 отсто во […]

Романскиот пливач Поповичи најдобар спортист на Балканот за 2022


Романскиот пливач Давид Поповичи го понесе признанието за најдобар спортист на Балканот во 2022 година, во изборот кој традиционално го организира бугарската новинска агенција БТА. Младиот, 18-годишен Поповичи оваа година освои златни медали на 100 и 200 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта, а во истите дисциплини ги освои и европските титули во Рим. Воедно го […]

Надал: Доаѓањето на Ѓоковиќ во Австралија е добро за тенисот и за навивачите


Австралија – Светскиот рекет број два, Рафаел Надал денеска изјави дека доаѓањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија е добро за тенисот и за навивачите. Новак е тука, добро е за тенис, веројатно добро и за навивачите“, изјави Надал пред почетокот на Купот на Јунајтед во Сиднеј. Во вторникот Ѓоковиќ пристигна во Аделаида во пресрет на […]

„Сите ѕвезди“- Мукаетов го најави ракометниот спектакл со хуманитарна цел


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денес упати апел до љубителите на овој спорт , на 3 јануари да дојдат во СЦ „Борис Трајковски“ на ревијалниот и хуманитарен спортски настан „Сите ѕвезди“. – Чест ми е и привилегија со еден ваков прекрасен настан да се заблагодариме на овие 20 посветени Македонци кои најпрофесионално, […]

Втора едиција на „Златна Олимпија“ на МОК


Втората едиција на „Златна Олимпија“, настан во организација на Македонскиот олимписки комитет со кој се наградуваат и слават успесите на жените во спортот, ќе се одржи вечерва во Скопје. Од МОК информираат дека статуетките „Златна Олимпија“, придружени со четири плакети, оваа година ќе појдат во рацете на 12 жени и девојки. Ова е втора „Златна […]

Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА со постигнати 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар


Кошаркарот на Далас Mаверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар. Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар. Дваесет и […]

Егоров и Наковска Бикова најдобри македонски спортисти за 2022 година


  Во организација на Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината се прогласуваат најуспешните македонски спортисти. На свечена церемонија вечерва во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во следниве категории: Спортист на годината: Владимир Егоров – борење Спортистка на годината: Оливера Наковска Бикова – спортско пара-стрелаштво Великан на македонскиот спорт: Кирил […]

Македонските ракометари подобри на првиот тест-натпревар со Црна Гора


Македонската ракометна репрезентација забележа победа на денешниот натпревар со Црна Гора. Избраниците на селекторот Кире Лазаров одиграа рутински натпревар и заслужено победија со 38:33. Најефикасен во победничкиот состав беше Дејан Манасков со 10 голови, по пет постигнаа Гоце Георгиевски, Филип Талески и Игор Ѓоргиев. Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар. Овие натпревари, […]

Драган Николиќ нов тренер на МЗТ


Српскиот кошаркарска стручњак, Драган Николиќ, од денеска е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша договор до крајот на сезоната со можност тој да биде продолжен и до јуни 2024 година. – Станува збор за добро познато име за македонската спортска јавност, со оглед што во сезоната 2016/17 повеќе од успешно го предводеше Карпош […]

Ѓоковиќ со серија турнири во Австралија


Австралија – Освојувачот на 21. грен слем трофеј, Новак Ѓоковиќ пристигна во Австралија за да учествува на серија турнири, пренесува „Tennis365“. Според изворот, српскиот спортист слетал во Австралија и има намера да ја започне својата сезона со АТП 250 турнирот во Аделаида, кој ќе се одржи од 2 до 8 јануари. Да потсетиме дека во 2022 […]

Кошаркарската федерација ги прогласи најдобрите за 2022 година


Кошаркарската федерација вечерва ги прогласи најдобрите во кошаркарскиот спорт. На свеченоста во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје признанија добија: – најдобар кошаркар: Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) – најдобра кошаркарка: Александра Стојановска (Бадел и Гас Евникос) – најдобар млад кошаркар: Андреј Шошкиќ (Работнички) – најдобра млада кошаркарка: Михаела Алексовска (Крива паланка) – најдобра […]

Ѓурчиновски прв македонски младински првак во билијард


Дванаесетгодишниот Андреј Ѓурчиновски е победник на првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години во билијард организиран викендов од страна на Македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт. На турнирот во Скопје имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при […]

Новогодишната желба на Клоп е – Елиф Елмас!


Пред влезот во Новата година од Островот пристигнуваат информации според кои македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е голема желба на Јирген Клоп, пишува Спортски.мк. Информациите од Островот се дека Елмас веќе имал разговор со Ливерпул и клубот му објаснил на Елиф какви се плкановите. Клоп сака фудбалер со кој ќе го реши проблемот во средниот ред. […]

Семејството се собра во болницата каде што се лечи Пеле


  Членовите на семејството на бразилскиот фудбалски великан Пеле се собираат во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло каде од крајот на ноември се наоѓа 82-годишната светска икона. Лекарите рекоа оваа недела дека ракот на Пеле напреднал, додавајќи дека трикратниот освојувач на Светскиот куп бил под „зголемена грижа“ поврзана со „бубрежни и срцеви дисфункции“. Оттогаш […]

Ниту еден наместен натпревар на СП во Катар


Швајцарија– Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти денеска дека не се пронајдени индиции за „манипулации“ или неправилности на натпреварите на неодамна завршеното Светско првенство во Катар. Работната група за интегритет, како што се наведува на официјалниот сајт на ФИФА, внимателно ги прегледала снимките од сите 64 мундијалски натпревари за евентуално да воочи какви било неправилности или обид за манипулација. Во поднесениот извештај […]

Избран најубавиот гол на Мундијалот во Катар


Напаѓачот на бразилската репрезентација, Ричарлисон е стрелец на најубавиот гол на Мундијалот во Катар, соопштија од ФИФА после анкетата. Ричарлисон постигна фантастичен гол против Србија, кога со акробарски потег ја смести топката во голот иако беше завртен со грб кон голманот.

Здравствената состојба на Пеле е критична


Здравствената состојба на легендарниот бразилски фудбалер Пеле (82 г.) е критична. Според  бразилските медиуми членовите на неговото семејство веќе започнале да се собиираат за да се простат од еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Пеле повеќе од дваесет дена се наоѓа во болницата „Алберт Ајнштајн“, лекарите пред неколку дена соопштија дека ракот на дебелото […]