Сабаленка победи во трилерот на женското финале на Австралија опен


Арина Сабаленка со трофејот

 

Арина Сабаленка, родена во Белорусија, ја победи Елена Рибакина во три сета за да победи во возбудливото женско финале на Австралија опен во саботата, станувајќи првата играчка која се натпреварува под неутрално знаме за да обезбеди грен слем.

Во услови на тековниот конфликт во Украина, организаторот на турнирот во Австралија побара од руските и белоруските играчи да се натпреваруваат како неутрални.

Надиграна во воведниот сет, Сабаленка се врати за да ја совлада актуелната шампионка на Вимблдон со 4-6 6-3 6-4 во извонреден пресврт во Мелбурн.

Брејкот на сервисот на Рибакина во седмиот гем од напнатиот трет сет се покажа како клучен пробив за петтата носителка, чиј страшен сервис и интензивни удари по земја на крајот го отворија патот за нејзиниот успех.

Нервозниот старт на Сабаленка – таа направи пет двојни грешки и освои само четири поени на вториот сервис во првиот сет – направи да изгледа дека тоа ќе биде рутински втор грен слем за Рибакина бидејќи го обезбеди првиот сет во 34 минути.

Но, Сабаленка најде прецизност како и моќ во вториот и третиот сет, при што Рибакина киксираше во клучните фази. Казахстанката со руско потекло, кој исто така е голем напаѓач, спаси три меч топки, но испрати долг форхенд на четвртиот. Сабаленка падна на земја целата во солци  поради освојувањето на првиот грен слем.

Таа славеше качувајќи се до ложата каде што можеше да се види нејзиниот тренер Антон Дубров како липа во крпа.

„Сè уште се тресам и сум супер нервозна“, им рече таа на гледачите во својот говор на теренот пред презентацијата.

По добивањето на трофејот од Били Џин Кинг, Сабаленка ѝ  се заблагодари на американската великанка за нејзината пионерска работа за женскиот тенис, а потоа мусе заблагодари на својот тим, кого го опиша како „најлудиот на турнеја“.

Прегратка од поразената Елена Рибакина

„Поминавме низ многу падови минатата година“, рече таа. „Работевме толку напорно, вие го заслужувате овој трофеј, повеќе е за вас отколку за мене. Ви благодарам многу за сѐ што правите за мене. Ве сакам.”

Сабаленка, родена во Минск, се натпреваруваше во своето прво гран слем финале, откако претходно загуби три големи полуфиналиња.

„Ми требаат уште неколку дена за да сфатам што се случи“, изјави Сабаленка за Еуроспорт.

„Јас сум само супер среќна и горда. Има многу работи во мојата глава. Не сум на оваа планета во моментов. Тоа е некако олеснување, бев во топ 10, но сè уште немав грен слем трофеј и беше навистина тешко да се освои“.

Запрашана како ќе слави, Сабаленка рече смеејќи се: „Веројатно ќе јадам сѐ што не можев оваа недела“.

Рибакина беше рангирана на 25-то место во светот доаѓајќи на овој турнир – позиција што не соодветствува со нејзиниот талент и успех – и таа го започна турнирот играјќи на надворешни терени.

Нејзиниот неуспех да се пробие во топ 10 произлезе главно од фактот дека бодовите за рангирање од минатогодишниот Вимблдон беа отстранети поради одлуката на турнирот да им забрани на Русите и Белорусите да играат.

Стигнувањето до финалето во Мелбурн – каде што победи три поранешни победнички на грен слем на патот во Ига Швјонтек, Елена Остапенко и Викторија Азаренка – несомнено ќе ѝ помогне да се искачи на рангирањето.