Реал Мадрид и Манчестер сити ремизираа во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите


Реал Мадрид вечерва ремизираше на домашен терен со Манчестер сити во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите – 1:1. Стрелец на голот за Реал беше Винисиус Жуниор во 36. минута, „Граѓаните“ одговорија преку Кевин Де Брујне во 67. минута. Натпреварот беше 190-ти натпревар за менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти во Лигата на […]

Алкараз за наградата „Лауреус“: Посебна ноќ во Париз!


Париз – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е пресреќен за наградата „Лауреус“ во категоријата „Откритие на годината“.   -Неверојатно посебна ноќ во Париз! 🏆😍 Ви благодарам за наградата. Благодарност до академијата и сите што го овозможија ова. И, се разбира, честитки до сите победници и номинирани! 😘“, напиша Шпанецот на Твитер. Дваесетгодишниот Алкараз кој изминатиот викенд го […]

Јокиќ казнет со 25 илјади долари поради туркање на сопственикот на Феникс


Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е казнет од НБА со 25.000 долари. Дваесет и осумгодишниот Србин го оттурна сопственикот на Феникс, Мат Ишбија за време на четвртиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција. Во исто време, Јокиќ не доби суспензија од натпреварите. Јокиќ постигна 53 поени, но Феникс победи на натпреварот со 129:124 […]

Над 150 холандски навивачи приведени поради антисемитизам


  Холандската полиција изминатиот викенд приведе повеќе од 150 навивачи поради антисемитско скандирање пред прволигашкиот натпревар меѓу Ајакс и АЗ Алкмар. Полицијата не откри други детали во врска со навивачите, но локалните медиуми тврдат дека уапсените се приврзаници на АЗ. Навивачите пееле антисемитски песни во еден од вагоните на подземната железница на патот до Арената […]

Ексдевојка го обвини Тајгер Вудс за сексуална злоупотреба


Лос Анџелес – Ерика Херман, поранешна девојка на Тајгер Вудс – 15-кратниот шампион во голф, го обвини спортистот за сексуално вознемирување и злоупотреба, јави Си-ен-ен. Вудс, еден од најголемите голфери на сите времиња и една од највлијателните личности во светскиот спорт, имал секс со своја вработена и потоа, како што тврди таа, ја принудил да […]

Јокиќ за можна суспензија поради туркање на сопственикот на Санс: НБА мора да ги заштити играчите


Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ одговори на прашањето дали се плаши да добие дисквалификација поради туркањето на сопственикот на Феникс, Метју Ишбија за време на четвртиот натпревар од плејоф серијата. – Лигата нема да ме заштити? Дали ќе застанат на страната на навивачот, дали него ќе го заштитат? Дали знаев која е оваа личност? […]

Македонските дипломати ги надиграа во тенис колегите и од Запад и од Исток


По повод одбележувањето на Денот на Министерството за надворешни работи и 70 годишнината од основањето на Тениска федерација на  Македонија, вчера се одржа традиционалниот Дипломатски тениски турнир.  Спортско дипломатскиот настан се одржа под покровителство на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на терените на ТК „Југ“-Скопје, со учество на дипломати од резидентните дипломатските и конзуларни […]

(Видео) Падна како покосен: Јокиќ со лакт го оттурна газдата на „Феникс“ и американски милијардер


Расположениот Никола Јокиќ одигра одлична партија постигнувајќи 53 поени, но тоа не беше доволно за неговиот тим „Денвер“ да победи против „Феникс“ (124:129) во НБА лигата. Но, по средбата најмногу се зборува за конфликтот меѓу Јокиќ и сопственикот на „Феникс“ кој го извлече подебелиот крај. Се се случи во втората четвртина, кога српскиот кошаркар тргна […]

Еурофарм Пелистер го совлада Вардар 26:23


– Најдобрите македонски ракометни клубови, Еурофарм Пелистер и Вардар вечерва во Битола приредија ракометен спектакл, а на крајот победата му припадна на подобриот тим во моментов, Еурофарм Пелистер.  Со победата битолчани го презедоа лидерското место на табелата кое ги носи до шампионска титула по повеќе од една деценија.   Најдобри во домашниот тим беа голманот Лесјак […]

Надал го пропушта мастерсот во Рим


 Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе го пропушти претстојниот мастерс турнир во Рим бидејќи и натаму има проблеми со повредата на колкот. „Жал ми е што морам да соопштам дека нема да можам да бидам во Рим. Сите знаете колку ме боли што морам да пропуштам уште еден турнир кој има посебно место во мојата кариера […]

Влезниците за гостувањето на македонските фудбалери на „Олд Трафорд“ од среда во продажба


Билетите за гостински навивачи за дуелот на македонската фудбалска репрезентација против Англија на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер, во рамки на квалификациите за ЕУРО 2024, ќе бидат пуштени во продажба на 10 мај, соопштено е денеска. Билетите за македонските навивачи ќе се продаваат по цена од 30 и 40 фунти, а влезниците ќе можат да […]

Савевски веќе не е селектор на македонските ракометарки


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти попладнево дека 66-годишниот стратег Љубомир Савевски веќе не е селектор на женската сениорска ракометна репрезентација. Двете страни, како што е соопштено, „заемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските ракометни категории“. Савевски беше назначен за селектор и координатор на националните селекции во женска конкуренција во летото […]

Наполи и Елмас се шампиони на Италија: Сцени за историја по 33 години чекање


Фудбалерите на Наполи, во чиј тим настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, по трет пат во својата историја станаа шампиони на Италија, а титулата математички ја обезбедија со освоениот бод на гостувањето во Удине играјќи 1:1 против домашниот Удинезе. Домашните поведоа во 13. минута, а стрелец беше Санди Ловриќ. Наполи израмни во 52. минута, кога […]

Овогодишното издание на Супербоул најгледано во историјата


Овогодишното финале од плејофот во американската професионална НФЛ лига е најгледаниот „Супербоул“ во историјата со просечна гледаност од 115.1 милиони, покажуваат најновите податоци. Според претходните, првични, податоци, просечната гледаност на натпреварот во кој Канзас Сити ја совлада Филаделфија со 38-35 била 113 милиони, но рејтингот на агенцијата „Нилсен“ оваа бројка сега ја ревидираше. Со тоа […]

Билетите за ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 распродадени за 17 минути


Сите влезници за саботното ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кое најверојатно ќе биде решавачко во битката за титулата, се распродадени само 17 минути откако попладнево беа пуштени во продажба, соопштија организаторите. – Спортската сала „Боро Чурлевски“ се распродаде за 17 минути, соопшти македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер, информирајќи дека натпреварот закажан […]

Формирана светска шаховска лига


Со заедничка акција на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) и индиската компанија „Tech Mahindra“ на крајот од идниот месец во Дубаи ќе стартува ново, уникатно, шаховско натпреварување – Глобална шаховска лига. Најголемата и прва шаховска лига во светот ќе се одржи во главниот град на Обединетите Арапски Емирати во соработка со Спортскиот совет на Дубаи, во […]

Форбс: Роналдо најплатен спортист во светот


Лондон– Португалецот Кристијано Роналдо стана најплатен спортист во светот, објави денеска магазинот Форбс, проценувајќи дека 38-годишниот фудбалер на саудиски Ал Наср заработил 136 милиони долари од приходи на теренот и надвор од него во изминатата година. На второ место на листата на Форбс е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој лани инкасирал 130 милиони долари, а […]

Меси заминува од ПСЖ


Аргентинецот Лионел Меси ова лето ќе го напушти ПСЖ, откако клупското раководство му изрече двонеделна суспензија, бидејќи фудбалерот без дозвола отпатува во Саудиска Арабија. Меси има договор со актуелниот француски првак до крајот на оваа сезона, а како што објави денеска парискиот весник „Л’Екип, ниту раководството веќе не сака да ја продолжи соработката со 35-годишниот […]

Муцунски и „Комити“: ФК Вардар добива нов спортски терен во Аеродром


На иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на општината Дејан Митески, фудбалскиот клуб Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна информираше дека утрово одржал средба со навивачката група „Комити“, која од неодамна е и […]

ПСЖ ќе го суспендира Лионел Меси, без дозвола отпатувал во Саудиска Арабија


Според француската агенција АФП, Пари сен Жермен ќе ја суспендира својата ѕвезда, аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, но се уште не е познато колку долго. Веднаш по последниот првенствен пораз на ПСЖ против Лориен, Меси го напушти клубот и Париз без дозвола на клубот и отпатува за Саудиска Арабија. Францускиот дневен весник „Л’Екип“ дозна дека суспензијата […]