Солзите на Ѓоковиќ


Карлос Алкараз во фантастичното финале на Вимблдон го победи Новак Ѓоковиќ со 1:6, 7:6, 6:1, 3:6, 6:4 и стигна до својот втор Грен слем во кариерата. По поразот, Ѓоковиќ го пофали 16 години помладиот противник и неговата смиреност во критичните моменти, а кога го спомна синот, го совладаа емоциите и почнаа да течат солзи:

„Морам да им честитам на Карлос и неговиот тим за сè. Неверојатно е како сервираше на натпреварот и целосно ја заслужи оваа победа. Неверојатно, секоја чест за тебе. Се надевав дека ќе имам проблеми со тебе само на земјена подлога, но не и на тревата. Повторно ви честитам, неверојатно е тоа што го направивте. До вас и вашите момчиња, Хуан Карлос и сите, искрени честитки.

Што се однесува до мене, никој не сака да губи вакви натпревари, но кога ќе стивнат сите емоции, ќе бидам многу благодарен. Победив многу вакви тесни натпревари во кариерата, некои од тие финалиња веројатно требаше да ги загубам, како во 2019 година против Роџер, па сега е изедначено.

Тоа се моментите за кои работиме секој ден, да можеме да играме на вакви турнири, а ова е еден од тие натпревари за мене. Секоја чест за Карлос, продолжувам понатаму, се надевам уште посилен. Убаво е да се види дека син ми се уште се смешка, дека е уште тука… Те сакам и ќе добиеш голема прегратка за да се сакаме сите. Ви благодарам.”

Говорот на Ѓоковиќ може да се види на следниот ЛИНК.