Рутинска победа на ПСЖ над Еурофарм Пелистер 31:25


 Европскиот ракометен спектакл во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Пари Сен Жермен заврши со очекувана победа на францускиот шампион и со спортски аплауз за сите ракометари. Ракометните ѕвезди на Пари Сен Жермен предводени од Никола Карабатиќ победија со 31:25 односно со 6 голови предност каква што имаа на полувремето кое заврши со 15:9 за гостите. […]

Надал: Во последен момент ќе донесам одлука за настап во Доха


Рафаел Надал, некогашниот тенисер број еден во светот, сепак би можел да го одложи враќањето на терените. Шпанецот е пријавен за турнирот во Доха следната недела, но според последните информации, тенисерот би можел да го пропушти. И покрај тоа што во последно време интензивно тренира, Надал почувствувал непријатност во пределот на колкот, па може превентивно […]

Каратистот Трајковски со сребро на ЕП, на прием во Агенцијата за млади и спорт


Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, денес организираше прием за македонскиот каратист Витомир Трајковски кој пред три дена освои сребрен на Европското првенство У-21 во Тбилиси, Грузија.   Мојсовски му го честиташе големиот успех на младиот Трајковски и му порача да не застанува тука, туку да продолжи со напорна работа до […]

Амели Морезмо трпела насилство – сопругата осудена на затвор


Поранешната партнерка на познатата француска тенисерка Амели Морезмо, која во моментот е во бракоразводна постапка, е осудена на четири месеци затвор. Поранешната најдобра тенисерка на светот поднесе граѓанска тужба за морално вознемирување и малтретирање и го доби случајот против Мари Бенедикт Урел. Судот во Бајон ја донесе својата одлука во вторникот, три недели по судењето […]

ЛШ: Очекувани победи на Манчестер сити и Реал Мадрид


 Актуелниот европски првак Манчестер сити во првиот натпревар од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони очекувано на гостински терен го совлада Копенхаген со 3-1 (2-1), а гостинска победа вечерва забележа и Реал Мадрид над Лајпциг со 1-0 (0-0). Победата на Манчестер сити на гостувањето во Данска ја донесоа Кевин де Брујн (10 минута), Бернард Силва […]

Кошаркарскиот ас Жарко Паспаљ итно опериран поради проблеми со срцето


Легендарниот српски кошаркар Жарко Паспаљ во текот на вчерашниот ден итно бил примен во болница и му бил извршен хируршки зафат. Српските медиуми објавија дека поранешниот ас на Партизан требало да биде гостин на годишното доделување на „Gazzetta Awards“, но во саботата бил примен на една белградска клиника поради аритмија. Операцијата била извршена во текот […]

Алкараз повеќе сака олимписко злато од победа на „Ролан Гарос“


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека освојувањето на олимпиското злато е поважна цел за него од освојувањето на Грен слемот „Ролан Гарос“. – Би сакал олимписка титула бидејќи за мене е сон да и донесам медал на мојата земја. Олимпиското злато е една од најголемите работи во спортот воопшто. „Ролан Гарос“ е турнир на кој […]

УЕФА ја претстави топката за плејофот и финалниот натпревар од Лигата на шампионите


Нион – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес ја претстави официјалната топка за натпреварите за плејофот и финалето на Лигата на шампионите. Дизајнот на топката го слави Лондон со живописни графики кои прикажуваат два лава кои рикаат и се борат меѓу ѕвездите.  -Иако лавот е симбол на богатата историја и култура на Англија и нејзиниот главен […]

Како децата да се мотивираат за спорт – еве што споделија Кире Лазаров и Сашко Кедев


„Новак Ѓоковиќ Фондација“ верува во детските соништа и посветено работи на својата мисија да ги исполни. Во оваа насока, програмата „На пат на шампионот“, посветена на децата во спортот, нивните родители и тренери, продолжи да се шири во регионот, со цел да им помогне на родителите на децата во спортот на адекватен начин да одговорат на […]

Бразил загуби од Аргентина и не успеа да се пласира на Олимписките игри во Париз


Бразилската олимписка репрезентација загуби од Аргентина со 1:0 во 3. коло од групната фаза на јужноамериканскиот квалификациски турнир за Олимпијадата 2024 година. Стрелец на единствениот гол беше аргентинскиот напаѓач Лучијано Гундо во 78. минута. Благодарение на оваа победа, Аргентина го освои првото место во последната група со пет бода од три натпревари и се квалификуваше […]

Игор Стефановски-Иџе ќе се бори за нова европска титула со силна поддршка од „Макпетрол“


Европскиот шампион во ридско-планински патеки за сезоната 2023, Игор Стефановски-Иџе, со силна поддршка од „Макпетрол“ ќе се бори за четвртата титула во ова натпреварување на Светската автомобилистичка федерација (ФИА). Македонскиот спортист и лидерот на пазарот со нафта и нафтени деривати имаат успешна долгогодишна соработка. Нејзиното продолжување се реализира во рамки на стратешките приоритети на компанијата […]

Витомир Трајковски од „Макпетрол“ освои сребро на Европското карате-првенство


Сребрен медал за Витомир Трајковски од „Макпетрол“ на Европското карате-првенство што од 9 до 11 февруари се одржа во Тбилиси, Грузија. Претставникот на скопскиот клуб е единствениот член на македонската репрезентација што на шампионатот се закити со одличје. На меѓународниот собир настапија над 1.100 каратисти од 49 земји.    Трајковски, кој се натпреваруваше во возрасната […]

Светскиот рекордер во маратонот Киптум загина во сообраќајна несреќа


Актуелниот светски рекордер во маратон, кенискиот тркач Келвин Киптум, загина во сообраќајна несреќа, објави порталот „Бизна Кенија“. Несреќата во која учествувал спортист се случила на автопатот меѓу кенискиот град Елдорет и селото Каптагат. Маратонецот возел автомобил, изгубил контрола и удрил во дрво. Заедно со 24-годишниот Киптум почина и неговиот тренер Жервејс Хакизимана. Двајцата починале на […]

Канзас Сити пак го освои Суперболот


Канзас Сити ноќеска во Лас Вегас го победи Сан Франциско со 25:22 по продолжение во Суперболоот и втор пат по ред стана шампион во НФЛ. Мекол Хардман Џуниор, го постигна победничкиот тачдаун на три секунди до крајот на првото продолжение. ВИДЕО на следниот ЛИНК:  За Канзас ова е четврти Супербол трофеј во историјата на американскиот […]

Брегот на Слоновата Коска го освои трофејот во Африканскиот куп на нации


 Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска синоќа ја победи Нигерија во финалето на Африканскиот куп на нации со 2:1. Натпреварот се одигра во Абиџан, главниот град на Брегот на Слоновата Коска. Стрелец на единствениот гол на Нигерија беше Вилијам Труст-Еконг во 38. минута. Во 62. минута играчот од средниот ред на Брегот на Слоновата Коска, […]

Србија ќе заработи 250.000 евра од гостувањето во Русија


Белград – Потпретседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС), Бранислав Недимовиќ, изјави денеска дека мартовското гостување на српската репрезентација во Москва нема врска со политиката. Србија на 21 март на „ВТБ Арена“ во Москва ќе одигра пријателски натпревар против руската фудбалска репрезентација, која од февруари 2022 година е под меѓународни санкции. „Пред нас е гостување во […]

Откажан слаломот во Банско поради дожд


Банско – Слаломот од Светскиот куп во алпско скијање е откажан денеска во Банско, откако силен дожд, проследен со густа магла, ја оштетија патеката, соопштија организаторите. Прекинот беше означен по стартниот број 31 кога организаторите проценија дека нема услови за продолжување на трката. Откажувањето најмногу го разочара Французинот Клемен Ноел, кој беше водечки пред норвешките скијачи […]

Роналдо е најплатениот спортист во светот во 2023 година


Лос Анџелес – Кристијано Роналдо стана најплатениот спортист во 2023 година, објави списанието „Sportico“. Напаѓачот на Ал-Наср и португалски репрезентативец го зазеде првото место, со заработка од 275 милиони долари (215 милиони од фудбалот и 60 милиони долари од спонзорски договори). Топ 10 рангирањето изгледа вака: 1. Кристијано Роналдо (фудбал) – 275 милиони (215+60) 2. […]

Роналдо се налути на скандирањата „Меси“: Јас сум овде, а не Меси


 Кристијано Роналдо ги загуби нервите неколку пати за време и по поразот на неговиот Ал-Насер од Ал-Хилал со 2:0 вчеравечер за купот „Ријад сезона“ во Саудиска Арабија, кој се играше неколку дена пред продолжението на првенството. Веќе за време на натпреварот, петкратниот освојувач на „Златната топка“ беше испровоциран од навивачите кои скандираа „Меси, Меси“. Во […]

Даниел Димевски продолжува да го предводи МОК


Актуелниот претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, доби огромна поддршка од делегатите на редовното изборно собрание на организацијата, кои со големо мнозинство му дадоа доверба да го предводи МОК и во следниот мандат. Од 55 присутни делегати, 45 гласаа за Димевски, 8 беа против, а двајца беа воздржани. За изборот на Димевски, на непосредни […]