Мбапе нема да игра на Олимпијадата во Париз


 Францускиот фудбалер, Килијан Мбапе нема да игра на Олимписките игри во Париз, објави „COPE“. Според шпанското радио, Реал Мадрид, кој има намера да го ангажира 25-годишниот Французин, смета на напаѓачот во август и нема да го пушти на Игрите во 2024 година. На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч […]

МЗТ на чекор од шампионската титула


Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа втора победа со 80-75 во финалната серија од плеј-офот во Првата македонска лига против Пелистер.  Гостите од Битола започнаа подобро, но тимот од Аеродром пополека влезе во ритам и го презеде водството. Интересно беше во финишот од средбата, кога Пелистер успеа да дојде до три поени разлика (76:73), но домашните […]

Претседателот на Реал на ручек со Мбапе и Макрон


Кога мајката на Килијан Мбапе вчера изјави „добро знаете каде ќе игра Килијан“, а медиумите најавија дека на 1 јуни се чека крајот на финалето на Лигата на шампионите за официјално да се потврди дека еден од најталентираните напаѓачки пристигнува во Реал Мадрид, малкумина очекуваа дека денеска претседателот на „кралскиот“ клуб Флорентино Перез ќе се […]

Димитриевски ги минал лекарските прегледи во Валенсија


Македонскиот голман Столе Димитриевски е пред потпис со шпанска Валенсија, барем според познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Тој објави дека нашиот голман ги поминал лекарските прегледи и повеќе не постојат пречки да стане играч на тимот од „Местаља“.  Според неговите информации неговиот договор ќе биде со важност до 2028 година, а Димитриевски ќе биде прв […]

Тони Крос ја завршува кариерата


Тони Крос преку Инстаграм го објави своето збогување со Реал Мадрид и со кариерата на крајот од сезоната. Иако во последните месеци се шпекулира дека тој наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид, откако сегашниот му истекува на крајот на јуни, тоа нема да се случи. Крос сега ќе ја заврши кариерата. Целата […]

Арне Слот официјално замена на Клоп во Ливерпул


Ливерпул и официјално го назначи Арне Слот за нов тренер на тимот, соопштија од клубот. Својата работа на „Енфилд“ официјално ќе ја започне на 1 јуни 2024 година. Тогаш Холанѓанецот мора да добие официјална дозвола за работа во Англија, која е неопходна по излегувањето на Велика Британија од Европската унија. 45-годишниот тренер ќе го замени […]

„Македонија Опен“ да стане дел од традиција во македонскиот спорт


Со почетокот на АТП Чаленџер турнирот „Македонија Опен“ беше одржана и прес конференција за турнирот кој е од рангот Challenger 75 за запознавање на јавноста со тенисерите кои овие седум дена ќе бидат дел од тениските случувања на терените на ТК Југ во Градски парк. -Минатата година ветивме и на тоа остануваме, па така и […]

Дали е ова најдобрата фудбалска работа во светот? Гледа дуели, освојува трофеи и заработува милиони


Третиот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, на шега велат дека ја има најдобрата работа во светот на фудбалот, но ако се погледне се што му донесе преселбата на Етихад во 2021 година, се чини дека таквата изјава не е далеку од вистината.  Скот Карсон (38) трајно пристигна во Манчестер Сити во 2021 година за […]

Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига


Македонската одбојкарска репрезентација со два пораза го заврши првиот турнир во Златната лига. „Црвено-жолтите“ синоќа во „Парк“ во Струмица загубија од Чешка со убедливи 3:0 (по сетови 25:16, 25:15 и 25:16). Во првото коло, Македонија во петокот загуби од Естонија исто така во Струмица со 3:1. На другите натпревари одиграни вчера:  Романија – Азербејџан 3:0 […]

Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата


На експресен начин, со чисти 3:0 во победи во финалната серија со Партизан, екипата на Црвена ѕвезда дојде до трофејот во регионалната кошаркарска АБА лига. Во третиот натпревар одигран синоќа, „црвено-белите“ како гости славеа победа над градскиот ривал со 82:76. Најефикасни во победничкиот тим беа Лука Митровиќ и Рокас Гиедраитис со по 12 поени, кај […]

Шок за шампионите. Денвер Нагетс на Јокиќ се надвор од НБА плеј-офот


Кошаркарите на Денвер Нагетс се поразени на свој терен во седмиот натпревар од конференциското полуфинале на Западната конференција на НБА лигата од Минесота Тимбервулвс. Конечните 98:90 за гостинскиот тим значат и дека Никола Јокиќ и шампионите од минатата сезона се простија од плеј-офот. Минесота заостануваше со 15 поени на полувремето, заостануваше со 20 поени во […]

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија


Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали. Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, […]

Манчестер Сити ја освои рекордната четврта последователна титула


Манчестер Сити победи со 3:1 против Вест Хем во последното коло од Премиер лигата. Во последното, 38. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити победи со 3:1 на „Етихад“ против Вест Хем Јунајтед, освојувајќи ја рекордната четврта последователна титула. Нецели две минути тлееше надежта на навивачите на Арсенал, кои мораше да бидат подобри од Евертон. […]

Верстапен победи на Големата награда на Емилија Ромања


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои првото место на трката за Големата награда на Емилија-Ромања. Холанѓанецот по трет пат во кариерата освои етапа во Имола, тој исто така победи тука во 2021 и 2022 година. Втор заврши возачот на Мекларен, Ландо Норис, за кого ова беше трет подиум по ред. Британецот загуби од […]

Ѓорческа на стартот од квалификациите на Ролан Гарос против Рувруа


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во следната недела ја очекува настап на квалификациите на Ролан Гарос. На денешната ждепка за квалификациите македонската тенисерка за противничка во првото квалификациско коло ја доби домашната тенисерка Французинката Марго Рувруа. Рувруа има 23 години и се наоѓа на 277. место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд […]

Фјури побара реванш, Усик прифати


Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш. По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.  Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“. За […]

Шах: Коскоска се врати на тронот, Тони Лазов првпат до титулата


Женскиот интернационален мајстор Габриела Коскоска по неколкугодишна пауза им се врати на настапите во поединечна конкуренција, откако минативе неколку години настапуваше само на екипните првенства. Иако конкуренцијата беше сочинета, главно, од помладите, Коскоска во 9 партии освои 8 бода, односно 7 победи и во два наврата ремизираше и триумфираше пред Леа Ефтовска и пред Моника […]

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век


Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.  Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот – 115:112, 113:114, 114:113. Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион […]

Ултрамаратонката Радмила Јованова: Верувајте во своите соништа и борете се за нив


Пред повеќе од една година ја истрчав мојата прва трка над 100 километри. Оттогаш па наваму, уште повеќе сум сигурна дека сите бариери се во нашата глава. Верувајте во своите соништа и борете се за нив, порачува ултрамаратонката Радмила Јованова од Штип, која е една од неколкуте жени кои во земјава трчаат ултра маратон, а […]

Далас избори конференциско финале, Лука Дончиќ со трипл-дабл


Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска ја совладаа Оклахома со 117:116 во шестиот натпревар од второто коло на плејофот на НБА. Маверикс ја добија серијата со 4:2. Гостите во повеќе наврати имаа двоцифрена предност, два пати во третата четвртина имаа +17, но и тоа не беше доволно да се изборат за мајсторка. Најдобар играч во победничкиот […]