Словачка пливачка колабира по учеството во серијата на 200 метри мешано


Словачката Тамара Поточка беше ставена под медицински надзор откако колабираше по натпревар на 200 метри мешано на Олимписките игри во Париз. Поточка (21) заврши на претпоследното седмо место на третата трка со време од 2:14.20 минути, 4.30 секунди зад победничката Самер Мекинтош од Канада. Набргу по излегувањето од базенот, Поточка падна, поради што беше потребна […]

Алкараз фуриозно до финале во Париз


Париз – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на тенискиот турнир на ЛОИ во Париз, откако во полуфиналето со 2-0 во сетови го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. Алкараз домининтно и лесно стигна до мечот во кој ќе се бори за златниот медал со подобриот од Ѓоковиќ – Мусети, кој е на програмата вечерва […]

Колкави награди даваат земјите за освојувачите на медали на Олимпијадите?


Македонија ретко освојува медали на олимпијадите (досега од осамостојувањето само два), а последниот медал го донесе таеквондистот Дејан Георгиевски пред четири години од Токио. Тој освои сребро, а за тоа беше награден со над 40.000 евра од Владата и дополнително 10.000 евра од Македонскиот олимписки комитет, како и 1.000 долари месечно. Но, другите земји, често […]

Хрватските веслачи браќата Синковиќ освоија златен медал во Париз – трет на Олимпијадите


Веслачите Мартин и Валент Синковиќ го освоија третиот златен медал на Олимписките игри во кариерата бранејќи ја титулата олимписки шампиони во двојката во Париз. Ова е четврти олимписки медал за браќата Синковиќ, по среброто во четворка во Лондон 2012 година и златото во двојка во 2016 година во Рио де Жанеиро и двојка во 2021 […]

Поради сексуален напад приведен таткото на златната хрватска олимпијка


Париз – Таткото на златната хрватска џудистка Барбара Матиќ, која вчера ја освои титулата олимписки шампион, Борис Матиќ во четвртокот заврши во притвор поради сомнение за сексуален напад. Борис Матиќ е осомничен за сексуален напад на волонтерка задолжен за ред во публиката која поднел пријава, јавува француската телевизија „BFMTV“. Осомничениот е приведен во полициска станица […]

Париз 2024: Бајлс е горда на своите перформанси откако се врати во спортот


Симон Бајлс мислеше дека нејзината кариера во гимнастиката е завршена откако се повлече од Олимписките игри во Токио поради проблеми со менталното здравје, но сега е горда на нејзиното враќање во спортот, што и донесе втор златен медал на Игрите во Париз по титулата во повеќебој. По повлекувањето од Токио, кое предизвика реакции ширум светот, […]

Унгарката  испрати порака до Иман Хелиф: „Ако е маж – поголема победа за мене“


Унгарката Ана Лука Хамори не се плаши од својот следен противник – контроверзниот Иман Хелиф од Алжир. Големо внимание на годинешните Олимписки игри привлече боксерката Иман Хелиф од Алжир, која минатата година беше дисквалификувана од Светското првенство кога тестовите покажаа дека има премногу тестостерон и дека тоа ја нарушува дозволената граница за жени. Италијанката Ангела […]

Ѓоковиќ загрижен за коленото по пласманот во полуфиналето на олимпискиот тениски турнир


Србинот Новак Ѓоковиќ, кој го победи Стефанос Циципас од Грција со 6:3, 7:6(3) за да се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во сингл, рече дека ќе побара дополнителна лекарска проценка за неговата состојба на коленото. На Ѓоковиќ му беше потребен третман на теренот и за време на неговиот четвртфинален натпревар против Циципас и не […]

Енди Мареј го одигра последниот натпревар во кариерата


Енди Мареј ја заврши кариерата. Последниот меч му беше вечерва во четвртфиналето во двојки на Олимпијадата во Париз, во кое заедно со Ден Еванс загубија од Тејлор Фриц и Томи Пол – 2:6, 4:6. Триесет и седумгодишниот Британец е поранешен светски шампион, трикратен победник на Грен слем и двократен олимписки шампион. Тој е единствениот кој […]

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата


 Србинот Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето на турнирот во сингл на Олимпијадата 2024 година со 6:3 и 7:6 (7:3). Мечот траеше два часа. Ѓоковиќ се врати од 2:5 во вториот сет, спаси и три сет топки при резултат 4:5 во корист на Циципас. Србинот реализираше 3 од 6 брејк топки […]

Шахистите на Алкалоид ја одбранија титулата


 Шаховскиот клуб на Алкалоид ја освои 26. шампионска титула во македонското првенство и 12-та во низа. Со освоени максимални 16 бода од осум меча „Фармацевтите“ го освоија првото место во Екипното првенство на Македонија во шах за 2024 година. Второпласираниот Гамбит Асеко СЕЕ има 14 бодови.  Капитенот на екипата ВМ Влатко Богдановски, покрај на двајцата […]

Алкараз го победи Пол и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата


Париз – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз попладнево го победи Американецот Томи Пол во четвртфиналето на Олимпијадата 2024 година со резултат 6:3, 7:6 (9:7). Средбата траеше 2 часа и 1 минута.  Дваесет и едногодишниот Шпанец имаше 6 асови, 2 двојни грешки и 2 конвертирани брејк топки од 5. Во полуфиналето Алкараз ќе се сретне со победникот […]

Кој(а) е Имане Келиф, боксерка што победи во меч од 46 секунди?


Имане Келиф, 25-годишна алжирска боксерка, стана главна точка на контроверзии на Олимписките игри во Париз, каде што неодамна победи на нејзиниот воведен меч во категоријата до 66 килограми за жени само за 46 секунди.Оваа победа, сепак, е засенета од тековната дебата за нејзината полова подобност, која ги подели мислењата во спортската заедница. Учеството на Келиф […]

Леон Маршан направи нешто што не му успеа ни на Мајкл Фелпс


  Има моменти во спортот кога можете да почувствувате како спортист станува легенда пред ваши очи. Средата беше една од тие ноќи. Арената „Ла Дефенс“ веднаш до Париз беше полна со француски знамиња во тробојка и исчекување додека навивачите на домашната нација го чекаа Леон. А Французинот Леон Маршан можеби го заслужил тој статус на […]

Еквадорецот Пинтадо олимписки првак во брзо одење на 20 километри


Еквадорскиот атлетичар Брајан Даниел Пинтадо денеска го освои златниот медал во брзо одење на 20 километри на Олимписките игри во Париз. Пинтадо победи со време од еден час, 18 минути и 55 секунди. Бразилскиот натпреварувач Каио Бонфим го освои среброто со 0,14 секунди заостанување, додека Шпанецот Алваро Мартин се закити со бронзата со 0,16 секунди […]

Бранителот на златниот олимписки медал Зверев се пласираше во четвртфиналето


Париз – Бранителот на златниот медал Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако во осминафиналето го совлада Австралиецот Алексеј Попирин со резултат 2:0 (7:5, 6:3) за еден час и 30 минути. Попирин пропушти голема шанса во првиот сет, кога сервираше за водство од 5:4. Австралиецот имаше сет-поен, но не ја […]

Освои златен медал ама сите зборат за неговит изглед во Париз


 Париз – Пливачот Томас Чекон добива огромна база на фанови на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Чекон ѝ помогна на екипата на Италија да ја освои бронзата на штафетата на 4×100 метри слободно за мажи на 27 јули, а потоа освои злато во дисциплината 100 метри грбно за мажи неколку дена подоцна. Сепак, […]

Египќанка во седмиот месец на бременоста победи на Олимписките игри


Египетската мечувалка Нада Хафез(26) оствари чудесен резултат, ги освои Олимписките игри во седмиот месец од бременоста.  Оваа храбра идна мајка, не се откажа од своите соништа и неколку недели пред породувањето дојде во Париз. Третиот ден на натпреварувањето ја совлада Американката Елизабет Тарковски со 15:13.  После кратката прослава по победата зборуваше со емоции.  „Што се […]

Извонредниот Кинез Пан го собори светскиот рекорд на 100 метри слободно за дури 40 стотинки


Петтиот ден од натпреварите во пливање на Олимписките игри во Париз го донесе и првиот светски рекорд во базенот Ла Дефенс, а го постигна 19-годишниот Кинез Жанле Пан на 100 метри слободно, додека домашниот претставник, 22-годишниот Леон Маршанд, освои злато на 200 метри пеперутка и 200 метри градно. Младиот Пан ја декласираше конкуренцијата во финалето, […]

Поради скандалот им се одземени шест бода. И покрај ова, тие се во четврт-финалето


Канадските фудбалери ја победија репрезентацијата на Колумбија со 1:0 во Ница и покрај казната, за која им беа одземени шест бода, успеаја со три бода да се пласираат во четвртфиналето на олимпискиот турнир, бидејќи ги совладаа сите ривали во групата. фаза на натпреварот. Ванеса Жил (61.) постигна гол за минимална победа над Колумбијките во Ница. […]