Надал без медал го заврши настапот на Олимписките игри


Шпанецот Рафаел Надал го заврши настапот на Олимписките игри во Париз откако вечерва заедно со сонародникот Карлос Алкараз претрпеа пораз во четвртфиналето во машки двојки од американските тенисери Остин Крајчек и Раџив Рам. Американската двојка се пласираше во полуфиналето со победа од 2-0 во сетови (6-2, 6-4). Дуелот на централниот терен „Филип Шатрие“ траеше еден […]

Швјонтек во полуфинале на олимпискиот турнир


Париз– Полската тенисерка Ига Швјотнек се пласираше денеска во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако Американката Даниел Колинс ѝ го предаде дуелот во третиот сет. Швјонтек го доби првиот сет со 6:1, а Колинс беше подобра во вториот со 6:2. Полската тенисерка водеше со 4:1 во третиот сет, пред Колинс да го предаде мечот. […]

Канадски шок за Медведев: Русинот го заврши настапот на ОИ во Париз


  Данил Медведев го заврши настапот на Олимписките игри во Париз, откако денеска загуби во дуелот со Феликс Оже-Алисим. Русинот потклекна во осминафиналето во кое канадскиот ривал диктираше темпо и заслужено го доби мечот во два сета.   Оже-Алиасим во првиот сет беше подобар со 6:3, имаше брејк и во вториот, но мораше да игра […]

Алкараз – Пол, втора четвртфинална двојка на Олимпијадата во Париз


Париз – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри откако лесно го совлада Русинот Роман Сафиулин со резултат 2:0 (6:4, 6:2) за еден час и 29 минути. Во првиот сет Алкараз по два брејка водеше со 3:0, а иако Русинот врати еден брејк, Шпанецот водеше со 1:0 во сетовите. Во вториот […]

Ѓоковиќ – Циципас, прва четвртфинална двојка на Олимпијадата во Париз


Париз – Првиот носител Новак Ѓоковиќ и осмиот фаворит Стефанос Циципас ја формираа првата двојка за четвртфиналната фаза на Олимписките игри во Париз. Ова е епилогот по првите два денешни натпревари на тенискиот олимписки турнир. Србинот беше поуспешен од Доминик Кефер од Германија со 7:5 и 6:3. Грчкиот тенисер славеше победа над Себастијан баез од Аргентина […]

ЕХФ ја потврди првостепената суспензија за Драган Начевски


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди првостепената одлука за случајот на Драган Начевски, за кого останува на сила суспензијата во траење од две години, но сега истата ќе биде намалена за два месеца поради периодот за жалба до ракометниот суд на ЕХФ.  Суспензијата официјално започна на 12 април годинава, а за сето ова време Начевски нема да […]

Ова е вистинскиот Кларк Кент: Ги извади очилата, стана Супермен и освои медал


Неуништливата Симон Билс ја предводеше гимнастичката репрезентација на САД до очекуваното екипно злато во Париз, продолжувајќи ја доминантната серија Американки кои освојуваат олимписки медали што трае од 1992 година. Но, во машка конкуренција, САД не се ни приближно толку успешни и чекаат екипен медал од Пекинг 2008 година. Сушата беше прекината во Париз, каде Американците […]

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри


Французинката Касандра Богран претпладнево победи на натпреварот во триатлон на Олимпијадата 2024 година во Париз. Олимпискиот триатлон се состои од три етапи: 1,5 км пливање, 40 км велосипед и 10 км трчање. Богран победи со време од 1 час 54 минути и 55 секунди. Среброто го освои Џули Дерон (Швајцарија), а Бет Потер (Велика Британија) […]

Барселона на пенали го победи Манчестер сити


Во контролен натпревар на два европски фудбалски великани одигран ноќеска на стадионот „Орландо Ситрус Боул“ во САД, Барселона го победи Манчестер сити со 4:1 на пенали. Основниот дел од натпревар заврши нерешено 2:2. Головите за Каталонците ги постигнаа Пабло Торе и Пау Делгадо. Нико О’Рајли и Џек Грилиш погодија за англискиот тим. Во пенал рулетот, […]

Петнаесет комплети медали ќе бидат доделени на петтиот ден на Олимпијадата во Париз


 Во 10 спортови ќе бидат доделени 15 комплети медали денес на Олимписките игри во Париз. Пред почетокот на натпреварувањата во петтиот дене на Игрите, лидер е Јапонија со седум златни медали. Кина и Австралија имаат по шест, Франција и Кореја собраа по пет злата. Следуваат САД и Велика Британија со по четири најсјајни одличја, три […]

Бајлс ги предводеше САД до златото во екипна дисциплина на турнирот во гимнастика


 Симон Бајлс ги предводеше Соединетите Држави до титулата олимписки тим во женска гимнастика на Игрите во Париз. Американката се бореше со менталното здравје во Токио, но 27-годишната се врати во спортот и повторно доминира. Бајлс го освои петтото олимписко злато во кариерата. Заедно со колешките Џордан Чајлс, Џејд Кери, Хезли Ривера и шампионката во повеќебој […]

Франција против Аргентина во големото дерби од четвртфиналето на олимпискиот фудбалски турнир


Француската олимписка фудбалска репрезентација победи со 3:0 против Нов Зеланд и го обезбеди првото место во групата А по третата последователна победа. Во елиминациите „петлите“ за противник во големото дерби во четвртфиналето ќе ја имаат Аргентина. Од групата излегоа и САД кои ја победија Гвинеја со 3:0 и со 6 бода се пласираа на второто […]

Коко Гоф во солзи и расправа со судијата ја заврши Олимпијадата


  Коко Гоф остана во солзи откако влезе во подолга расправија со главниот судија за време на нејзиниот пораз од Дона Векиќ (Хрватска) на Олимписките игри во Париз во вторникот. Гауф, актуелната шампионка на УС Опен во сингл, заостануваше во вториот сет од нејзиниот пораз со 7-6, 6-2 кога се заплетка со судијата. Гоф погоди […]

Мбапе си купи клуб – стана најмладиот сопственик во Европа


Килијан Мбапе (25) летово се пресели од ПСЖ во Реал Мадрид, но сепак ќе има една нога во Франција. Како што пишува „Ле Паризиен“, Мбапе стана мнозински сопственик на познатиот француски клуб Каен, поранешен прволигаш кој денеска се натпреварува во втората лига. Мбапе плати нешто помалку од 20 милиони евра за купување на 80 отсто […]

Шерифовски не успеа во борбата против светскиот шампион на ЛОИ


Третиот македонски претставник на ЛОИ во Париз, џудистот Еди Шерифовски го заврши својот настап на игрите во престолнината на Франција со пораз во првото коло во категоријата до 81 килограм. Шерифовски немаше сила да се избори против актуелниот светски шампион, Бразилецот Гиљерме Шмит кој беше подобар со ипон во воведната борба. Шерифовски е третиот македонски […]

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз


Српскиот тим победи во конкуренција на мешани двојки во стрелање со воздушен пиштол на далечина од 10 метри. Зорана Аруновиќ и Дамир Микец го победија турскиот тим со резултат 16:14. Ова злато беше прво за Србија на Игрите во 2024 година. Пласман на најдобрите три двојки: 1. Србија (Зорана Аруновиќ, Дамир Микец) 2. Турција (Севал […]

И Бил Гејтс на Олимпијадата – го следи настапот на зетот за тимот на Египет


  Париз – Олимписките игри во Париз во 2024 година веќе се покажаа полни со познати личности од А-листата по само неколку дена натпреварување – а еден од нив е и милијардерот Бил Гејтс. Ко-основачот на Мајкрософт (68) беше забележан во понеделникот, 29 јули, како присуствува на настани за уметничка гимнастика. Други познати личности забележани […]

Џудистот Еди Шерифовски денеска настапува на Олимписките игри во Париз


За некоја минута, со почеток во 10.00 часот ќе настапи третиот македонски спортист на Олимписките игри во Париз, Франција. Џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограм, а од Џудо федерацијата му посакуваат среќа и успешни борби. Инаку натпреварите може да се следат на спортскиот канал „Еуроспорт 4“. Противник на Шерифовски ќе биде […]

Најдобрата фотографија од Олимписките игри изгледа како фотошоп. Еве како настана


  Олимпискиот  турнир во сурфање, олимписки спорт кој беше премиерно прикажан пред три години во Токио, се одржува на Тахити, француска територија во Пацификот, на дури 15.000 километри од Париз. На тој начин беше соборен рекордот за максимално растојание помеѓу местото на одржување на олимпиското натпреварување и официјалниот град домаќин. Сурферите завршија со четвртото квалификациско […]

Надал по Олимпијадата ќе донесе одлука дали ќе се пензионира


Дваесет и двократниот Грен слем победник Рафаел Надал одговори на прашање за пензионирање. -Ова ме прашуваат често во последно време. Секој ден се трудам да дадам максимум. Кога ќе заврши овој турнир, ќе ги донесам потребните одлуки врз основа на тоа како се чувствувам и што сакам. Денеска не знам, рече Надал на прес-конференција по […]