ЕВРО2024: Втора победа на Германија


Штутгарт – Домаќинот на ЕВРО2024 Германија ја забележа втората победа во групата А, совладувајќи ја вечерва во рамки на второто коло Унгарија во Штутгарт со 2-0. Стрелци на головите беа Џамал Мусијала во 22 минута и Гундоган (67), кој асистираше при водечкиот гол. Со својот втор триумф Германија е првата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето. […]

ЕВРО2024: Драматично реми на Хрватска и Албанија во Хамбург


Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024. Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен […]

УЕФА го избрка од ЕП косовскиот новинар кој ги провоцираше српските навивачи


Косовскиот новинар, Арлинд Садику кој ги провоцираше српските навивачи на Европското првенство е избркан од првенството. УЕФА му ја одзема акредитацијата на Садику и тој повеќе нема да може да присуствува на натпреварите. Садику го провоцираше навивачите со покажување на двоглав орел, а имаше и неколку инсинуации како политички, така и оние кои говорат за „Голема Албанија“. […]

Тухел ќе добие 10 милиони евра од Баерн, сумата ќе се намали доколку најде работа пред летото 2025 година


 Раководството на  бундеслигашот Баерн Минхен и тренерот Томас Тухел се договорија за шема за исплата на пенали. Тренерот го напушти клубот од Минхен по крајот на сезоната. Претходно беше објавено дека на фудбалскиот стручњак ќе му бидат исплатени повеќе од 10 милиони евра. Според „Билд“, Тухел ќе добие околу 10 милиони евра. Но, доколку Томас […]

Американска пливачка постави светски рекорд


Американската пливачка Реган Смит постави нов светски рекорд за време на квалификацискиот натпревар за Олимписките игри. Турнирот се одржува во Индијанаполис. Таа 100 метри грбно ги исплива за 57,13 секунди. Претходниот рекорд го држеше Австралијката Кејли МекКеун, која патеката 100 метри ја исплива за 57,33 секунди во 2023 година. Дваесет и двегодишната Смит е трикратна […]

Ѓоковиќ ќе игра на Олимпијадата во Париз


Новак Ѓоковиќ ќе се натпреварува на Олимпијадата во Париз 2024 година, соопшти Олимпискиот комитет на Србија. Летово ќе биде негов петти олимписки настап, учествувајќи на сите Олимпијади од 2008 година. Ѓоковиќ (37) освои бронза на својата прва Олимпијада, но двапати го загуби натпреварот за третото место во неговите три настапи оттогаш. Во април, тој рече […]

Хали Бери го носeше олимпискиот оган во Кан


Додека светот со нетрпение ги очекува Олимписките игри во Париз и Параолимписките игри, патувањето на олимпискиот оган до градот на светлината продолжува да ја плени публиката ширум светот. Во вторникот, факелот се појави за време на Меѓународниот фестивал на креативност Cannes Lions во 2024 година, додека оскаровката Хали Бери ја предводи патеката по Кроазета во […]

Роналдо веќе постави два рекорда на ЕП 2024


Лајпциг – Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо веќе ги собори своите први два рекорди на Евро 2024 благодарение на неговиот старт против Чешка, прв за неговата репрезентација на Европското првенство во Германија. Триесет и девет-годишниот напаѓач стана единствениот играч во историјата кој учествувал во шест изданија на турнирот. Неговото прво Европско првенство беше во Португалија во 2004 […]

ЕП 2024: Португалија со пресврт до победа против Чешка


Лајпциг – Репрезентацијата на Португалија направи пресврт и забележа крајно драматична победа од 2:1 над Чешка во натпревар од групата Ф на двете селекции на ЕП 2024. Иако „морнарите“ целосно доминираа на натпреварот, Чесите изненадувачки поведоа преку Лукаш Провод во 62. минута. Иберијците сепак успеаја да израмнат по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а […]

ЕП 2024: Турција ја победи Грузија во возбудлив натпревар


Дортмунд – Турција ја совлада Грузија со 3:1 во првиот натпревар од групата „Ф“ на Европското првенство. Еден од натпреварите за кој имаше најмалку очекувања се претвори во несекојдневен спектакл. Дебитантите на континенталното првенство, Грузија понудија прекрасен фудбал и успеаја да го постигнат својот прв гол во европските завршници, благодарение на Жорж Микутадзе. Тимот на Винченцо […]

Студија: Поради екстремните горештини Летните олимписки игри се речиси „невозможни“


 Во најновиот извештај на непрофитната организацијата „Клајмат централ“ (Climate Central) и 11 олимпијци се предупредува на опасностите од екстремните високи температури на овогодишните Олимписки игри во Париз. Во извештајот под наслов „Огнени прстени“ се истакнува дека условите во Париз би можеле да бидат полоши од последните Олимписки игри во Токио во 2021 година. Интензивните горештини […]

Килијан Мбапе е глобална суперѕвезда, но не е општо прифатенa во Франција


Париз – Килијан Мбапе е момчето на францускиот фудбал, вистинска глобална суперѕвезда, која ја предводи новата генерација играчи кои ги заменија Лионел Меси и Кристијано Роналдо како најдобри во светот. Статистиката го потврдува аргументот. Мбапе на 25-годишна возраст има постигнато 47 гола за Франција на само 79 натпревари. Тој ја инспирираше својата екипа за победа […]

Ова ЕУРО ги руши сите рекорди – еден факт е неверојатен


Ова се случи за прв пат по речиси 50 години. Екипите како да дојдоа подготвени за овој шампионат, што се гледа по квалитетот на натпреварите кои ги гледаме на стадионите ширум Германија. Стадионите се преполни без разлика кога и кој го игра, во Германија има многу навивачи и можеме да кажеме дека не само таму, […]

Бостон ги надмина Лејкерси и постави нов рекорд за најмногу титули во НБА


Бостон – Бостон изутрина на свој терен го победи Далас со 106:88 во петтиот меч од финалето на НБА и по 18-ти пат во историјата стана шампион.  Најпродуктивен играч на средбата беше домашниот играч Џејсон Тејтум, кој постигна дабл-дабл со 31 поен и 11 асистенции. Кај Маверикс се истакна Лука Дончиќ со 28 поени и […]

Мбапе го скрши носот, ама не оди на операција


Дизелдорф – Францускиот фудбалер Килијан Мбапе се огласи по повредата добиена синоќа на натпреварот против Австрија на Евро 2024 (1:0). – Идеи за маска? – напиша Мбапе на социјалната мрежа Икс. Дваесет и петгодишниот Французин се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо во 86. минута од натпреварот, по што заврши на тревникот.  Првично се претпоставуваше […]

Младеновски: Сè уште се натпреварувам за да им дадам поддршка на младите и надежни македонски кајакари


Седумдесет и четиригодишниот Илија Младеновски кајакар-ветеран од КК „Илинден 90“ од Скопје, воедно и тренер во овој спорт, изминатиот викенд се натпреваруваше на Балканското првенство во спринт и во класик на 5 километри, и во двете дисциплини освои сребрен медал. Младеновски за МИА, информира  дека со неговото учество на  Балканско кајакарско првенство изминатиот викенд на […]

Автогол и донесе на Франција победа над Австрија


Еден од фаворитите на ЕП – Франција, со тежок минимален успех од 1:0 го започна првенството над Австрија во средба од групата „Д“. „Петлите“ ги зграпчија трите бода по автоголот на Максимилијан Вебер во 38. минута, по кој се израмни со Холандија, која ја победи Полска со 2-1 во другиот натпревар од групата. Избраниците на […]

Словачка го шокираше фаворитот во групата Белгија, ВАР му поништи два гола на Лукаку


Групата Е денеска донесе две изненадувања. По победата на Романија против Украина (3:)), Словачка ја совлада Белгија минимално но многу вредно со 1:0. Денеска не беше денот на водечкиот стрелец на Белгија, Лукаку, кој се изнапромашува, а и кога два пати ја погоди мрежата ВАР ги поништи головите. Претходно, Романија направи големо изненадување совладувајќи ја […]

УЕФА ќе ја казни Албанија поради политички пораки


УЕФА објави дека ќе ја казни Фудбалската федерација на Албанија. Причината е што навивачите на „орлите“ користеа пиротехнички средства за време на пресметката со Италија во групната фаза на ЕП 2024. Покрај тоа, албанските навивачи кренаа плакати со политички пораки кои ги дискриминираа другите етнички групи, но главно Србите. -Фудбалскиот празник не треба да се […]

Реал Мадрид му забрани на Мбапе да игра на Олимписките игри


Францускиот фудбалер Килијан Мбапе потврди дека нема да игра за францускиот олимписки тим на Игрите во Париз бидејќи Реал Мадрид не дозволува.   Мбапе во март порача дека сака да игра на Олимписките игри во Париз, но бидејќи олимпискиот фудбалски турнир не е во календарот на ФИФА, клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи. […]