Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз


Пливачот Никола Ѓуретановиќ е првиот Македонец кој настапи на Олимписките игри во Париз. Тој денес учествуваше во квалификациите во трката на 400 метри слободно и имаше симболичен настап. Ѓуретановиќ пливаше во група со четворица други и на крајот заврши на последното место со време 4 минути пет секуни и 38 стотинки, скоро три секунди послабо […]

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024


Кинескиот тим во стрелање со воздушна пушка во мешани двојки го освои првиот златен медал на Олимпијадата во Париз. Во финалето претпладнево кинеските спортисти ја совладаа селекцијата на Јужна Кореја со резултат 16:12. Селекцијата на Казахстан го освои бронзениот медал, победувајќи ја Германија. Пласман на најдобрите во Стрелање со воздушна пушка на 10 метри екипно […]

Зошто Ѓоковиќ го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекувано го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. Причината е повеќе од јасна – тој веќе в сабота има настап во првото коло, кога ривал ќе му биде Австралиецот Метју Ебден. Двајцата околу 13 часот и 30 минути ќе се најдат на теренот на стадионот „Филип Шатрије“. Свеченото отворање […]

ИОК се извини за погрешното име на делегацијата на Јужна Кореја на отворањето на Олимпијадата


Прес-службата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави извинување за погрешното име на Јужна Кореја на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. За време на парадата, спортистите од Јужна Кореја синоќа по грешка беа претставени како Северна Кореја. – Би сакале длабоко да се извиниме за грешката што се случи при претставувањето на делегацијата на […]

Македонското знаме гордо се развеа на Сена (фото)


Спектакуларното свечено отворање на Олимписките игри во Париз вечерва е проследено и со до сега невидено дефиле на спортистите учесници на Олимпијадата. Националните претставници дефилираат со бродови на Сена на патека долга шест километри. Меѓу учесниците се и македонските олимпијци кои ќе се борат против најдобрите спортисти на светот во шест различни спортови на Олимписките […]

Некои влезници за свеченото отворање на Олимписките игри се неважечки поради компјутерска грешка


Неколку билети за церемонијата на отворањето на Олимписките игри (ОИ) се неважечки поради компјутерска грешка, а степенот на проблемот сè уште не е познат и се работи на негово решавање, изјавија вечерва извори блиски до организацијата на церемонијата. На социјалните мрежи имаше коментари од луѓе дека не можат да пристапат на трибините на брегот на […]

(Видео) Спектакуларно отворени Олимписките игри во Париз


Проследете го свеченотo отворање на Олимписките игри во Париз на кое се очекува невидена церемонија која наместо на стадион, како што беше вообичаено до сега, ќе се одржи на реката Сена. Свечената програма започна во 19,30 часот, а спортисти од 206 земји ќе продефилираат со чамци и бродовови на реката што минува низ центарот на […]

Снуп Дог го презеде олимпискиот факел и оддаде почит на спортската легенда


Педесет и двегодишниот рапер Снуп Дог го носеше олимпискиот факел низ париското предградие Сен Дени, како еден од последните носители на факелот пред отворањето на Олимписките игри во 2024 година. Во видеото објавено на Инстаграм на Олимпијадата во Париз, Снуп го презема пламенот од претходниот носител на факелот, танцува на улиците и им мавта на […]

Сѐ е подготвено за Олимписките игри: Кога почнува отворањето и кој ќе го носи македонското знаме


  Вчерва официјално започнуваат Олимписките игри во Париз. Денеска нѐ очекува невидена церемонија на отворање, а наместо на стадион, како што беше вообичаено до сега, ќе се одржи  на реката Сена. Свечената програма започнува во 19,30 часот, а спортисти од 206 земји ќе продефилираат со чамци и бродовови на реката што минува низ центарот на […]

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја


Организаторите на 33. Олимписки игри во Париз официјално објавија дека е соборен досегашниот рекорд според продадени билети во историјата на Игрите. Ден пред вечерашното свечено отворање, организаторите соопштија дека досега се продадени и поделени вкупно 9,7 милиони билети. Од нив, 8,7 милиони се продадени, а еден милион се доделени главно за лица со посебни потреби, […]

Исклучително високи мерки за безбедност на отворањето на ОИ во Париз


Париз – Франција денеска има намера да го импресионира светот со екстравагантна церемонија на отворање на Олимписките игри во Париз каде околу 45.000 полицајци, 10.000 војници и 2.000 лица од приватни компании за обезбедување ќе се грижат за безбедноста на парадата покрај реката Сена, нејзиниот брег и околните споменици.   ОИ се одржуваат во време […]

Шабан Трстена со моќна порака за македонските олимпијци


Еден од најдобрите македонски спортисти на сите времиња, златниот олимпиец од Лос Анѓелес 1984, Шабан Трстена пред денешниот  официјален старт на Летните олимписки игри 2024 во Париз, испрати порака до спортистите кои ќе ја претставуваат Македонија на ЛОИ. Им посака успех на престојните Олимписки игри, повикувајќи ги сите млади спортисти силно да веруваат во својот […]

Четири нови имиња во новата сезона за РК Алкалоид


Ракометниот клуб Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона, а на стартот промовираше и четири нови засилувања. Марко Кизиќ (23 г. голман), долгогодишен репрезентативец на Македонија во сите категории кој ни доаѓа од редовите на РК Е. Пелистер, а зад себе има настапи и во РК Вардар 1961. Никола Костески (31 г., десно крило), искусен […]

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл


Париз – Надалеку одекна веста дека можеме да гледаме дерби во второто коло на Олимписките игри – Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, уште еднаш како во старите добри времиња. Сепак, сега тој дуел не е сосема извесен бидејќи и пред двајца тенисери да го минат првото коло, еден од нив може да не се појави на […]

Зошто модата и спортот прават добар олимписки тим


Париз– Модата ја започнува својата игра – и изгледа добро. Стилот и спортот одат заедно долго време, но Летните олимписки игри во Париз, почнувајќи од петок, ќе понудат потсетник за тоа колку е добар парот. Бидејќи младите од светот се собираат за да се натпреваруваат во Градот на светлината, модата добива невообичаено големо парче од […]

Трошоците за Игрите во Париз се приближуваат до девет милијарди евра


Париз – Сумата која француската престолнина ја потроши досега за да ги организира Летните олимписки игри се приближува до 9 милијарди евра. Но тоа е значително помалку од средствата што ги потрошиле организаторите на претходните две Летни олимписки игри – Рио 2016 и Токио 2020, чијшто официјален олимписки буџет надмина 12 милијарди евра.  -Нашата цел […]

Јусеф Ел-Несири потпиша за Фенербахче, стана најскапиот трансфер во историјата на турската Суперлига


Истанбул – Мароканскиот напаѓач Јусеф Ен-Несири потпиша петгодишен договор со турскиот гигант Фенербахче, соопштија од клубот. Последните четири сезони ги помина во шпанска Севиља, а сега беше привлечен од тренерот на „фенерите“, Жозе Мурињо. Фенербахче за правата на мароканскиот фудбалер ќе плати 19,5 милиони евра, со што ќе стане најскапиот трансфер во историјата на турската […]

Ѓоковиќ засега не планира да се повлече од тенисот


Париз – Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ не размислува да стави крај на спортската кариера. Ова го изјави 38-годишниот тенисер за медиумите пред почетокот на Олимписките игри во Париз. Игрите во Париз ќе бидат последниот турнир за 37-годишниот британски тенисер Енди Мареј, кој ќе игра само двојки. Уште еден поранешен светски рекет број 1, Рафаел Надал (38), […]

Олимпискиот комитет под притисок зашто дозволил да учествува силувач на деца


Меѓународниот олимписки комитет е под притисок и се соочува со повици за истрага за тоа, како на осуден силувач на деца му било дозволено да се натпреварува на Олимписките игри во Париз 2024 година. Јавниот гнев е зголемен поради присуството на холандскиот одбојкар на плажа, Стивен ван де Велде, кој во 2016 година беше осуден […]

Ждрепка за ОИ: Ѓоковиќ против Надал уште во второто коло во Париз


Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал би можеле да се сретнат веќе во втората рунда од Олимписките Игри во Париз, доколку двете тениски легенди ги минат своите први пречки во „градот на светлината“. Тоа го одлучи денешната ждрепка извршена во француската метропола, која му го додели Австралиецот Метју Ебден за прв противник на Ѓоковиќ. Надал го […]