Унгарката  испрати порака до Иман Хелиф: „Ако е маж – поголема победа за мене“


Унгарката Ана Лука Хамори не се плаши од својот следен противник – контроверзниот Иман Хелиф од Алжир.

Големо внимание на годинешните Олимписки игри привлече боксерката Иман Хелиф од Алжир, која минатата година беше дисквалификувана од Светското првенство кога тестовите покажаа дека има премногу тестостерон и дека тоа ја нарушува дозволената граница за жени.

Италијанката Ангела Карини по само 46 секунди се откажа од борбата против Алжирката, а следниот противник изгледа не размислува за тоа.

„Не се плашам, но не ми е гајле ниту за приказните во медиумите и на социјалните мрежи. Ако е маж, тоа ќе биде поголема победа за мене“, изјави Унгарката.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Hámori Luca🤍 (@luca_hamori)

 

Да потсетиме, поради Иман Хелиф и случувањата во боксерскиот меч против Италијанката се огласи и МОК.

“Секој човек има право да спортува без дискриминација. Сите спортисти кои се натпреваруваат на Олимписките игри ги имаат поминато сите медицински регуларности од стариот боксерски сојуз. А нивните податоци беа утврдени со податоците од пасошот. Овие правила важеа и за претходните натпревари, кои се одржаа минатата година“, се вели во соопштението.