Кокаин во допинг-тестот на Кирјос


Лондон – Финалистот на Вимблдон 2022, Ник Кирјос, беше позитивен на кокаин за време на АТП турнир и доби привремена суспензија, објави Меѓународниот орган за интегритет на тенисот (ITIA). Триесет и едногодишниот Австралијанец, рангиран на 919-то место во светот, беше позитивен на метаболит на кокаин на турнирот во Мајорка во јуни 2026 година. На 17 […]

Мурињо откри како пропадна најголемиот летен трансфер на Реал Мадрид


Жозе Мурињо за прв пат детално зборуваше за неуспешниот обид на Реал Мадрид да потпише со Родри, кој вчера официјално стана нов играч на Барселона. Португалскиот тренер потврди дека лично разговарал со шпанскиот играч од средниот ред и дека Реал му испратил многу добра понуда, но исто така објасни зошто во еден момент го изгубил […]

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите


Загреб – Ниту една екипа синоќа не успеа да обезбеди предност по првиот натпревар во последното квалификациско коло за пласман во главната рунда на фудбалската Лига на шампиони. Трите натпревари завршија нерешено. Убава предност од 2:0 која ја имаше по само 10 минути пропушти Динамо Загреб против норвешки Викинг. Гостите израмнија до крајот на првото […]

Официјално Родри член на Барселона до 20230 година


Шпанскиот првак Барселона доби големо засилување за новата сезона. Тоа што долго се најавување и доби и официјална потврда – капитенот на шпанската фудбалска репрезентација актуелниот светски првак Родри е нов член на Барселона. Тој со „каталонскиот клуб“ потпиша договор до 2030 година. Потписот и доаѓањето на Родри треба да донесе стабилност, контрола и искуство […]

Благој Гугинов деветти во Европа, Општина Велес ќе го поддржи неговиот настап на Европскиот куп


Седумнаесетгодишниот велешки кајакар Благој Гугинов, член на Кајак кану клубот „Арка-Борец“, постигна историски успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води, што се одржа изминатиот викенд во Грандтули, Шкотска. Гугинов во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски земји обезбеди пласман во големото финале, каде што го освои деветтото место, со што […]

ФИФА го отпушти главниот оперативен директор кој го критикуваше Инфантино


Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ФИФА) денес го отпушти својот главен оперативен директор, Кевин Ламур, откако тој ги критикуваше плановите на претседателот Џани Инфантино да продаде удел во натпреварувањата на приватни инвеститори. „ФИФА може да потврди дека работниот однос помеѓу ФИФА и Кевин Ламур, главен оперативен директор, ќе заврши на 17 август 2026 година. ФИФА […]

Мурињо направи клучен потег: Еве како треба да изгледа новиот Реал Мадрид


Жозе Мурињо имаше шест натпревари за да го тестира тимот пред отворањето на лигата против Еспањол, а Реал Мадрид ги заврши подготовките без пораз – со пет победи и едно реми. Резултатите се придружени со сè подобар впечаток на теренот. Реал не прими гол против Депортиво и Шалке, па ќе пристигнат во Корнела со серија […]

Неизвесен настапот на Синер на УС опен


Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да се повлече од Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. Дваесет и петгодишниот тенисер се врати во Торино во понеделник, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв затворен тренинг.  Синер ќе биде подложен на нов преглед, по […]

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига


Ракометарите на Вардар постигнаа победа во првиот натпревар од новоформираната Регионална лига. Тие попладнево во Охрид ја совладаа Војводина со 36:30. Ова беше дуел од 8.коло од ова натпреварување. Двата тима се дел од турнирот во Охрид, кој почнува утре. Во регионалната лига настапуваат десет екипи, поделени во две групи, а во секоја од групите […]

Дури 88 спортисти ќе ги бранат боите на Македонија на Медитеранските игри во Таранто


Македонскиот олимписки комитет (MOK) денес во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски. – Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, сместувањето, […]

Родри доби дозвола да отпатува во Барселона за да го комплетира трансферот


Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, доби дозвола денес да отпатува во Барселона за да го комплетира својот трансфер во каталонскиот клуб, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Барселона закажала медицински прегледи за 30-годишниот Шпанец, кој треба да потпише четиригодишен договор оваа недела со важност до јуни 2030 година. Се очекува договорот да биде вреден […]

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање


Екипите на Вашингтон и на Сакраменто му понудија договор на плејмејкерот Расел Вестбрук пред кошаркарот да одлучи да се пензионира. Според инсајдер Марк Штајн, Вашингтон визардс му понудија на 37-годишниот Американец двегодишен договор, но тој не се согласи со условите и предложената улога.  Вестбрук беше избран како четврти пик НБА-драфтот во 2008 година. Тој играше […]

Ѓоковиќ поразен во Синсинати, имаше здравствени проблеми


Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати откако во второто коло загуби од младиот Аргентинец Тиаго Тиранте со 2-1 во сетови (4:6; 6.4 и 6:4). Тој по мечот, што траеше 2 часа и 45 минути зборуваше за здравствените проблеми со кои се соочува изминативе години. Не е првпат, а сигурно ниту […]

Германецот Либман е нов светски рекордер на 1.500 метри слободно


Германскиот пливач Јоханес Либман е новиот светски и европски рекордер на 1.500 метри слободно откако попладнево на Европското првенство во Париз го собори рекордот на Американецот Боби Финки за 3.88 секунди поставен на Олимписките игри во Париз. Тој на убедлив начин стигна до златниот медал откако во текот на целата трка беше лидер и постигна […]

Британски велосипедист загина на трка во Португалија


Британскиот велосипедист Финли Тарлинг трагично загина на 19-годишна возраст по сериозна несреќа на осмата етапа од Волта а Португалија. Велшанецот возеше за тимот за развој на NSN и беше помлад брат на Џош Тарлинг, возач за професионалниот тим Netcompany Ineos. Тој се натпреваруваше за националниот тим на Велика Британија во друмски и велодромски велосипедизам. Португалските […]

Швјонтек најдобра на турнирот во Торонто


Торонто – Полската тенисерка Ига Швјонтек е победничка на Мастерсот 1000 одигран во Торонто. Таа во финалето ја победи Елена Рибакина со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3). Шесткратната Гренд слем победничка одигра одличен турнир што треба да и донесе самодоверба пред УС опен. Проблем за Рибакина можеби беше тоа што таа три часа повеќе […]

Шелтон победник на Мастерсот во Монтреал


Монтреал – Во американското финале на Мастерсот во Монтреал Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6:3 и 7:6(4)) го совлада Брендон Накашима. Ова за него е втор освоен Мастерс 1000 и вкупно седма титула во кариерата. Ова беше прво американско финале на Мастерс 1000 по Синсинати 2003 година. –    Да се игра на начинот на […]

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за ЕХФ ЕУРО 2034


Ракометните федерации на Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција заеднички да бидат домаќини на еден од најголемите настани во европскиот ракомет. – За мене претставува посебна чест и задоволство што Ракометната федерација на Македонија […]

Дончиќ ќе игра под пет различни сопственици во своите десет сезони во НБА


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се навикна на чести промени на сопственоста во текот на неговата НБА кариера. По завршувањето на продажбата на Лејкерси, Дончиќ ќе ја започне својата десетта НБА сезона под петтиот сет на мнозински сопственици. Словенецот го имаше своето деби во НБА во 2018 година со Далас Маверикс, тогаш во сопственост на Марк […]

Хрватската штафета освои бронза на Европското првенство


  Хрватската машка штафета во 4×100 метри слободен стил го освои бронзениот медал на Европското првенство во Париз. Влахо Ненадиќ, Јере Хрибар, Вили Сивец и Тони Драгоја постигнаа голем успех со време од 3:11,08. Хрватската четворка повторно ги помести границите на националниот рекорд. Имено, Ненадиќ, Хрибар, Сивец и Драгоја веќе поставија нов хрватски рекорд во […]