Сабаленка прва четвртфиналистка на УС опен


Првата носителка на УС опен Арина Сабаленка е првата четвртфиналистка откако во осминафиналето ја победи Американката Тејлор Таузенд со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3).

Во првиот сет Сабаленка и Таузенд имаа проблем да го освојат гемот на свој сервис, па имаше дури седум брејка. Сабаленка водеше со 5:2, но американската тенисерка успеа да направи само еден брејк до крајот на сетот. Во вториот сет Таузенд водеше со 3:1, но Сабаленка направи серија од 5:0 и со тоа го доби сетот и мечот.

Сабаленка во следната рунда ќе игра спротив Линда Носкова, која по голема борба ја совлада Марта Костјук со 2-1 во сетови (7:5; 5:7 и 6:4) искористувајќи ја дури шестата меч топка, а Костјук спаси две меч топки во вториот сет. Во тек е осмина финалето меѓу Карлос Алкараз и Томи Пол.