Стартуваше ракометната Лига на шампионите, одиграни четири дуели


Со денешните четири натпревари стартуваше новата сезона во ракометната Лига на шампионите. Најнеизвесно беше на дуелот меѓу Алборг и ПСЖ, а натпреварот заврши без победник 33:33. Убедлива победа оствари Веспрем во дуелот против Порто 36:28, додека во Загреб хрватскиот првак го совлада словенечкиот шампион Цеље со 31:29. Минимална победа оствари Киелце против Криенс со 30:29.

Во вечерниот термин денеска се играат натпреварите: Барселона – Архус, Нант – Висла и Магдебург – Колштад.

Утре на програмата се пет натпревари: Мелсунген – Вардар, Динамо Букурешт – Монпеље, Партизан – Берлин, ПИК Сегед – Кристијанштад и Спортинг – ГОГ.

Дуелот на македонскиот шампион Вардар во Германија против Мелсунген се игра утре со почеток во 20:45 часот.