Одбележување на 37 роденден: Интимен концерт за Тоше во Крушево


Со достоинство, почит и пригодна програма утре Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и балканска музичка ѕвезда која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. На 25 јануари Тоше Проески требаше да наполни 37 години. По тој повод, локалната самоуправа на Крушево, во […]

Билетите за „Златна Бубамара на популарноста“ од денеска во продажба


Од денес, напладне, преку www.mktickets.mk ќе бидат пуштени во продажба дел од билетите за 21. Издание на „Златна бубамара на популарноста“ што за прв пат ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски“ на 22 февруари. „Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е – добрата забава! Ја затворија Универзална, ни […]

В недела во „Станица 26“: Концерт на „Морал“ со пријателите


Во недела на 28 јануари, во 21 часот во ноќниот клуб „Станица 26“ во организација на „3Гонга“ концерт ќе одржи групата „Морал“, насловен како „Морал со пријателите“. На концертот ќе бидат отсвирени песните од нивниот последен албум „Coffeine Blues“, но и сите нивни досегашни хитови од првите два албуми. На последниот албум се појавуваат и […]

Нов скандал во Холивуд: „Вог“ ја прекина соработката со фотографот Марио Тестино


САД-  „Вог“ после години успешна соработка со славниот фотограф Марио Тестино, повеќе нема да соработува со него, поради сексуално искористување на машките модели и асистенти.  Во објавениот напис во „Њујорк Тајмс“  пишува дека во 90-те години Тестино злоставувал дури 13 машки модели. По текстот се огласија модните агенти кои тврдат дека е позната работа во […]

Промоција на новиот албум „Извор“: Концертен маратон на Каролина во МОБ


Каролина Гочева ги израдува своите обожаватели. 37-годишната пејачка во соработка со Авалон продукција најави концертен маратон во Македонската опера и балет за следниот месец. Поп-ѕвездата ќе одржи четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26 февруари, каде публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од нејзиниот […]

Нашето семејство: Сестрите Кардашијан во кампања за „Келвин Клајн“


САД- Келвин Клајн ги покани сестрите Кардашијан и Џенер да бидат дел кампањата „Нашето семејство“. На фотографиите, Ким, Клои и Кортни Кардашијан, позираат со Кендал и Кајли Џенер во креации од линиите Calvin Klein Jeans и Calvin Klein Underwear.

Реприза на „Златните глобуси“: Доделени наградите „САГ“ во Холивуд


  САД – Одмаздничката приказна инспирирана од вестерн филмовите наречена „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ ги собра главните награди на “Screen Actors Guild Awards” („САГ награди“) вчера, со победите во категориите најдобар актерски тим, најдобра главна женска улога за Франсис Мекдорманд и најдобра споредна машка улога за Сем Роквел. Речиси во потполност се повторија […]

Ким Кардашијан ја крсти ќерката Чикаго Вест


САД- Ким Кардашијан и Канје Вест го претставија името на нивната штотуку родена ќерка, Чикаго Вест. „Норт, Сент и Чи”, напишала Ким Кардашијан на Твитер. Таа посочи дека нагалено името ќе се изговара Чај, а не Чи. Двојката веќе има две деца – 4-годишно девојче по име Норт и 2-годишно момче – Сент. Името е […]

„Пријатели“ е најдобра хумористична ТВ серија на сите времиња


САД- Посетителите на интернет страницата „Ранкер“ имаа можност да гласаат за „најдобра хумористична ТВ серија на сите времиња“. Како што и многумина очекуваа, победникот е серијата „Пријатели“, со освоени 570.000 гласови. Серијата се емитуваше од 1994 до 2004 година, и важи за еден од најпрепознатливите телевизиски шоуа.

Жизел Бундхен: Гладувањето не значи добар изглед


Убавите црти на лицето, идеално обликувано тело, долгите нозе, безброј насловни страни на светските магазини и врв на најплатени модели зборуваат само едно – Жизел Бундхен. Триесет и седумгодишната манекенка е синоним за совршена фигура. Со години ги поставува стандардите на добар и квалитетен изглед. Таа е и од оние модели кои не се премногу […]

Меланија е попопуларна од Доналд


Првата дама на САД, Меланија Трамп е најпопуларниот член на семејството Трампови, покажува истражувањето на агенцијата ЈуГов, која го спроведе на барање на „Економист“. Меланија ги фрла во сенка својот сопруг, претседателот на САД Доналд Трамп и неговата ќерка Иванка. Резултатите од анкетата покажале дека 48 отсто од испитаниците имаат поизитивно мислење за првата дама, […]

Скарлет Јохансон е најплатена актерка во Холивуд


САД- Скарлет Јохансон стана најплатената глумица во Холивуд, благодарение на нејзината повторувачка улога како Црната вдовица од серијалот филмови за „Одмазниците“. За прв пат во улогата на Црната вдовица, Јохансон се појави во „Ајрон мен 2“ во 2010 година, а оттогаш улогата ја повтори уште пет пати. Неодамна, таа потпиша и договор за самостоен филм […]

Средношколска љубов: Ед Ширан ја запроси девојката


Популарниот музичар Ед Ширан преку социјалната мрежа Инстаграм им соопшти на обожавателите дека ја запросил девојката Шери Сиборн и додаде дека се многу „среќни и заљубени“. Двајцата се запознале уште кога биле средношколци, но почнаа да се забавуваат дури во 2015 година, а речиси цела 2016 година ја поминаа во патување додека тој правеше пауза […]

Меланија е попопуларна од Доналд Трамп


Првата дама на САД, Меланија Трамп се уште е попопуларна од својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен. Истражувањето на телевизијата покажало дека 47 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за Меланија, а Доналд Трамп го поддржуваат 40 отсто од анкетираните Амeриканци. Првата дама имала стабилна поддршка цела 2017 година, а најмногу во март […]

(ВИДЕО) „Трејлер“ за филм со хероите од серијата „Пријатели“ предизвика хаос на социјалните мрежи


Последната епизода на серијата „Пријатели“ е емитувана во далечната 2004 година, а оттогаш обожавателите на серијата се надеваат на повторно собирање на шесте пријатели. Лажниот трејлер, кој неодамна е објавен на Јутјуб, повторно ја разбуди надежта дека би можеле да гледаме филм со нови случки на Моника, Рос, Чендлер, Рејчел, Фиби и Џои. Во „трејлерот“, […]

Татко на 70 години: Познатите актери Бојан и Горан ќе добијат брат или сестра


Претприемачот Златко Навојец, татко на познатите хрватски актери Горан и Бојан Навојец, на свои 70 години ќе стане повторно татко. Тој за хрватските медиуми ја потврдил веста дека неговата сопруга Рајка (49) е во поодмината бременост. За хрватски „Јутарњи лист“, Златко објаснува дека се навистина среќни што тој и Рајка ќе станат родители, бидејќи долго […]

Неделен хороскоп – од 19 до 26 јануари


ОВЕН: Работа: Викендов ве очекува завршување на дел од ангажманите и размислување на следните. Во меѓувреме ќе броите што сѐ сте заработиле и каде тоа треба да го раздолжите. Љубов: Имате повеќе идеи како да се остварите на љубовното поле, па чувствувајќи се сигурно и привлечно ќе најдете време да откриете како да му се […]

Највлијателните славни Македонки на Инстаграм


Инстаграм веќе го зазема приматот меѓу социјалните мрежи. А сѐ што е актуелно во светот доаѓа и кај нас. Оваа социјална мрежа е многу популарна и меѓу славните личности, особено кај понежниот пол. Честопати македонските пејачки, водителки, манекенки знаат и важни работи поврзани со својот приватен живот да споделат токму преку оваа социјална мрежа. Одбравме […]

Славните кои ги победија зависностите: Се борат со себе, за да го задржат бракот


Популарните актери, пејачи, уметници ширум светот често подлегнуваат на лошите навики и се жртви на зависности. Многупати сме читале како свесно или несвесно си ја уништуваат кариерата, па дури и приватните. Изминатаве години во светските таблоиди доста се пишуваше за оние кои се разделија, оние кои не успеаја да се извлечат од пороците, а некои […]

Ќе се снима ТВ серија за контроверзната книга за Доналд Трамп


Книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Fire and Fury: Inside the Trump White House”, во којашто беа изнесени шокантни тврдења за првата година од претседателствувањето на Доналд Трамп, ќе биде адаптирана во ТВ серија, објави „Вараети“. Правата за серијата ги откупи агенцијата Ендивор Контент. Книгата, инаку, содржи и сведоштва на поранешниот главен политички советник во Белата […]