Марсио е веќе 22 години крал на бразилските плажи (ВИДЕО)


Марсио Мизаел Матолијес е жител на Рио де Женеиро кој веже 22 години живее во замок направен од песок, кој самиот го направил. Овој необичен Бразилец нема ниту сопруга ниту деца, но се дружи со посетителите на плажите кои го нарекоа „крал“, а подоцна самиот тој изработи круна за да неговата приказна биде уникатна. Кралот […]

Опра Винфри: Немам ДНК за да бидам претседател на САД


Американската телевизиска водителка Опра Винфри изјави дека не е заинтересирана да се кандидира за претседател. Таа истакна дека „нема ДНК“ за да биде претседател на САД. Винфри за американското списание „Ин Стајл“ (InStyle) истакна дека по говорот на доделувањето „Златен глобус“, на почетокот на месецот, ја „гледале“ како иден кандидат на демократите на изборите во […]

Џони Деп ќе биде гитарист во бендот на Мерлин Менсон


Познато е пријателството помеѓу пејачот Мерлин Менсон и актерот Џони Деп, тие заедно гледаат филмови, снимаат спотови, па дури имаат и иста тетоважа на грбот. Менсон неодамна објави на Твитер дека Деп размислува да биде дел од неговиот бенд. Нивното долгогодишно пријателство во последните години е забележано на фотографии од различни свирки, а кон крајот […]

Турски ѓубреџии од фрлени книги направиле библиотека


Градската комунална хигиена во Анкара има своја библиотека, а сите книги ги собрале вработените во фирмата од контејнери низ градот. – Требало да завршат на отпад, а ние им подаривме нов живот, изјави Емирали Уртекин, управник на библиотеката. Идејата се родила додека со колегите размислувал за тоа што што би можеле да работат покрај редовната […]

Фанови од земјава и Балканот во Крушево го одбележуваат 37. роденден на Тоше Проески (фото)


Со посета на вечниот дом на Тоше Проески на Гумење во Крушево и со пригодна програма во спомен куќата „Тоше Проески“, денеска Крушево и фановите на Тоше Проески од земјава и од целиот Балкан го одбележаа 37-от роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда. И по 11 години од трагичната смрт на Тоше во сообраќајната […]

Со јавен повик до авторите ќе се избира песна за Евровизија 2018


Македонската Радио Телевизија упатува јавен повик за избор на композиција којашто ќе ја претставува Р. Македонија на претстојниот Избор за Песна на Евровизија 2018 во Лисабон, Португалија. Се покануваат авторите и музичките продуценти од Р.Македонија и пошироко, да ги достават своите музички предлози (во демо или финализирана верзија) и со својот креативен труд да учествуваат […]

По 5о години музичка кариера: Елтон Џон се пензионира


Англија- Легендарниот пејач, сер Елтон Џон најави повлекување од музичката сцена. Џон одлучил дека повеќе нема да оди на турнеи и дека е време, после 50 години, да се збогува од настапите. Медиумите на островот пишуваат дека британската ѕвезда се одлучила на овој чекор поради лошата здравствена состојба. Минатата година тој заврши на интензивна нега, […]

Модна ноќ на невести во „Мериот“ во Скопје


По шести пат,  на 6 февруари,  во хотелот „Мериот“, идните невести ќе го одбираат совршениот фустан  на ревии од затворен тип на „Модна ноќ на невести“ во 19 часот, во организација на Моден викенд Скопје. Вечерта, која е комплетно посветена на свадбениот ден, ќе ја отвори ревијата на Мила Кадриу. По неа, следува презентација на […]

Американски дизајн по француски рецепт: Торти и колачи со потпис на Вера Ванг


САД- Американската топ-дизајнерка Вера Ванг оствари најслатка соработка со францускиот слаткарски бренд „Ладуре“. Колачите со вкус на кокос ќе ги воодушеви идните невести. Линијата на слатки вклучува макаронски со шантили крем со вкус на кокос, торти за свадби со вкус на кокос и манго, мали колачиња и торта од макаронси. Ванг за „Вог“ откри дека […]

Денеска голема крводарителска акција во чест на Тоше


Голема крводарителска акција посветена на Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден ќе биде организирана денеска во холот на Дом на АРМ во Скопје во периодот од 9 часот до 17 часот. – Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој […]

Поранешни агенти на ЦИА во потрага по скриеното богатство на Пабло Ескобар


Поранешни агенти на ЦИА тврдат дека ја пронашле подморницата на наркобосот Пабло Ескобар, која ја користел за превоз на кокаинот од Колумбија во Порторико, од каде била дистрибуирана за САД. Доколку подморницата навистина биде пронајдена, ќе се открие и богатството вредно 57 милијарди евра, а потрагата ќе биде спроведена од поранешните агенти на ЦИА, Даг […]

Каде живеат најубавите луѓе во Европа?


Кога странските туристи прв пат посетуваат некоја европска земја, тие се воодушевени од ноќниот живот, но и од убавите жени. Еден картограф решил да објави мапа за најубавите луѓе во Европа, врз основа на одговори од 1926 испитаници. Според одговорите, најубавите жени се од Шведска (518),, па Франција (134), и на трето место Шпанија (103). […]

50 Cent заработи 7 милиони долари од биткоини


Познатиотт рапер 50 Cent пред неколку години им овозможи на своите фанови неговата музика да ја плаќаат со биткоини. Токму оваа одлука придонесе тој денес да биде побогат за дополнителни 7.7 милиони долари. Раперот го прифати биткоинот како средство за плаќање во 2014 година, по издавањето на албумот „Animal Ambition”. Во тоа време, вредноста на […]

Повеќето луѓе грешат, еве како правилно се чисти калинка (ВИДЕО)


Речиси 90 отсто од луѓето во светот погрешно ја чистат калинката, која се смета за еден од најлековитите овошни плодови. Во продолжение погледнете едноставен, правилен и ефективен начин на чистење на калинката.

Познатиот знак од хотелските соби заминува во историјата


Доколку една од омилените работи при престојувањето во хотел ви е токму знакот кој се става на вратата за да не ве вознемируваат,  тогаш одлуката на три познати синџири хотели од Америка нема да ви се допадне. Челните лица на хотелот одлучиле да ја направат оваа промена, откако дошле до заклучок дека најголем дел од […]

Шакира осомничена за затајување данок


Шпанија- Колумбиската поп-ѕвезда Шакира е осомничена за затајување данок во Шпанија, а доколку наводите се покажат како точни, таа може и да се најде зад решетки. Шпанските даночни власти тврдат дека Шакира не го платила целосниот износ од данокот на приходи, по што наложија истрага во врска со финансиите на пејачката во периодот од 2011 […]

Годинава шест милиони кинески туристи ја посетиле Европа


Бројот на кинеските туристи во Европа се зголемил во 2017 година, а се очекува дека ќе продолжи да расте и оваа година. Во 2017 година повеќе од шест милиони кинески граѓани ги посетиле европските земји. Се повеќе луѓе се наклонети на персонално патничко искуство и покажуваат повеќе интерес за традиционалната европска архитектура и музеите, покажа […]

Поп-пејачката Аделина Тахири се омажи


Албанската поп-пејачка Аделина Тахири од Скопје се омажи за познат скопски адвокат. Во маркантен црвен фустан со длабоко деколте се потпиша во книгата на венчаните, а со тоа и официјално го заклучи својот момински живот. Избраникот ја запросил во Виена, Австрија, пишува „Фокус“. Аделина ја објави веста на својот Инстаграм, а освен прекрасниот и блескав […]

Саем на венчавки од 23 до 25 февруари во Скопје


Традиционалниот Саем за венчавки годинава ќе се одржува од 23 до 25 февруари во скопскиот хотел „Александар Палас“, со тема „Во светот на Дизни принцезите“. Во  стилот на Дизниевите бајки ќе биде направена пистата на отворањето на Саемот на 23 февруари, на која ќе дефилираат македонски познати личности, облечени во венчаници и костуми направени од […]

Нил Дајмонд откри дека има Паркинсонова болест


САД- Американскиот пејач Нил Дајмонд (76) ја откажа својата австралиско-новозеландска турнеја откако лекарите му дијагностицираа Паркинсонова болест. Дајмонд го планираше почетокот на турнејата за во март годинава, но сега сето тоа е откажано,објави тој на својата интернет страница. – Со голема жал и разочарување соопштувам дека се повлекувам од турнејат. Ми беше чест да настапувам […]