Аделина Тахири ќе стане мајка


Албанската поп-пејачка Аделина Тахири од Скопје се пофали на социјалните мрежи дека е бремена. Со сопругот, адвокатот Серјожа Марков чекаат момче.

Аделина, внука на експратеничката и советничка на претседателот Ѓорге Иванов, Флора Кадриу , родена Скопјанка, позната во соседството и во дијаспората, е една од најатрактивните поп-пејачки кај нас, која се издвојува со провокативната гардероба и сценскиот настап.