Дени Бојл во трката за режисер на новиот „Џејмс Бонд“


Англија – Со веќе потврденото враќање на Даниел Крег како агентот 007, „Ем-џи-ем“ и „Ион“ разгледуваат кого да ангажираат како режисер на следното продолжение за франшизата Џејмс Бонд „Бонд 25“, чија премиера е првично најавена за 2019 година.. На нивната листа високо котира режисерот на „Милионерот од гетото“, Дени Бојл, иако изворите велат дека формална понуда сѐ уште нема.

Бојл има голем интерес во проектот и отсекогаш сакал да режира филм за Џејмс Бонд. Тој во моментов работи на проект за кој сѐ уште нема актерска екипа, но секогаш постои можноста за одложување на тој филм за да го режира 25. продолжение на сиквелот за Бонд.

„Ем-џи-ем“ и „Ион“ веќе подолго време ја разгледуваат можноста Бојл да режира еден од филмовите за Бонд, почнувајќи од „Скајфол“ во 2012 и „Спектар“ во 2015 година.


Даниел Крег е веќе договорен да се врати за главната улога, додека дистрибутер ќе биде „Анапурна“.

Изворите велат дека режисерот на „Белото момче Рик“, Јан Деманж, е исто меѓу висококотираните за овој ангажман, но откако „Анапурна“ ги доби дистрибутивните права, се туркаше да се добие некое позвучно име.

Сем Мендез ги режираше последните две продолженија, кои станаа филмови со најголема заработувачка од серијалот филмови за агентот Џејмс Бонд. „Скајфол“ заработи 1.1 милијарда на глобално ниво, додека „Спектар“ заработи 880 милиони низ светот. Мендез по последниот филм за Бонд рече дека нема да продолжи со режирање филмови од серијалот 007, и поради тоа „Ем-џи-ем“ и „Ион“ потрошија значително долго време во потреба по вистинскиот режисер за новиот филм.

Бојл неодамна ја режираше серијата „Доверба“ за „Еф-екс“, а исто така има режирано и филмови, меѓу кои се и „127 часа“ и „Милионерот од гетото“, за кој има добиено и „Оскар“.