Сања Илиќ и „Балканика“ ќе ја претставуваат Србија на Евросонг


Србија- За време на фестивал Беовизија, Србија избра претставник за европскиот музички натпревар.

Сања Илиќ и групата „Балканика“ ќе ја претставува Србија на годишниот натпревар за песна на Евровизија со песната „Нови деца”, која ќе се одржи во Лисабон од 8 до 12 мај.Тие беа избрани од публиката која успеа да издржи три часа додека траеше фестивалот Беовизија, што ја емитуваше Радио Телевизија Србија во живо од Сава Центар.

Автори на оваа песна се Сања Илиќ и Татјана Карајанов(музика), Даница Крстајиќ (текст), додека аранжманот го направи македонскиот композитор, текстописец и музички продуцент,  Дарко Димитров.