По три години брак: Се разведуваат Џенифер Анистон и Џастин Теру


САД- Американските актери Џенифер Анистон и Џастин Теру соопштија дека донеле заедничка одлука за развод. Во соопштението објавено од публицистот на Анистон се наведува дека одлуката била донесена заеднички и со многу љубов.

Тие одлучија да соопштат и да објаснат дека се разведуваат во обид да ги спречат шпекулациите. Парот наведува дека ќе продолжат да се почитуваат и ќе ја задржат љубовта која ја имаат еден спрема друг.

Анистон и Теру се свршија во август 2012 година, а се венчаа во август 2015. Немаат деца. Анистон претходно беше пет години во брак со Бред Пит.