(ВИДЕО) Новинар ја запроси Рита Ора на пресконференција во Приштина


Светски познатата пејачка која по потекло е од Косово деновиве повторно престојуваше во своето родно место.

Повод за нејзиното гостување во Приштина беше прославувањето на 10 години независност на Косово.

Во рамките на нејзиниот престој таа одржа и средба со новинарите. Кога дојде време за поставување на прашања кон пејачката, еден од присутните новинари ја побара за жена.

На неоговото прашање доби насмевка од Рита и одговор: Не знам, прво треба да одиме на состанок.

Погледнете го тој момент на следново видео:

Убавата пејачка ги сподели најубавите моменти од нејзиниот настап и на нејзиниот профил на „Инстаграм“.

Пред концертот таа имаше средба и со премиерот на Косово Рамуш Харадинај.