МКЦ е домаќин на LIVEUROPE фестивал за прв пат во Скопје
ЈУ Младински културен центар во 2020 година стана полноправна членка на реномираната мрежа на најголемите концертни сали во Европа, LIVEUROPE. Liveurope е мрежа на легендарни концертни сали меѓу кои и Melkweg (Амстердам), Vega (Копенхаген), Ancienne Belgique (Брисел) и други дваесетина препознатливи и популарни сали, кои се од огромна важност за функционирањето на европската музичка индустрија. […]