Велика Британија ќе понуди 3.000 билети за Евровизија на раселени Украинци


Владата на Британија ќе им стави на располагање 3.000 влезници за Евровизија за раселените Украинци, откако нивната земја не можеше да биде домаќин на натпреварот поради руската инвазија што почна минатата година.

Владата, исто така, наведе дека ќе обезбеди финансирање од 10 милиони фунти за да помогне во одржувањето на Евровизија во мај во име на Украина, која победи на натпреварот во 2022 година и вообичаено ќе стане домаќин за следната година.

„Денешното соопштение значи дека илјадници билети ќе им бидат понудени на раселените поради војна, за да можат да учествуваат во шоуто во чест на нивната татковина, нивната култура и нивната музика“, наведе британската министерка за култура Луси Фрејзер.

Северниот англиски град Ливерпул ќе биде домаќин на Евровизија оваа година.

Британскиот радиодифузер Би-Би-Си ќе го организира настанот, што вообичаено привлекува телевизиска публика од близу 200 милиони и последен пат се одржа во Британија во 1998 година.