Ковачев: Ниту еден бугарски политичар нема да ви потпише бел чек за историските лаги


„Се чини дека некои луѓе продолжуваат да живеат во свет со паралелна реалност или се преправаат дека се погодени. Според претседателот на Македонија, Пендаровски, најголемиот проблем беше што Скопје денес нема со кого да преговара во Бугарија за да се најде компромисно решение пред јуни“, се огласи на социјалните мрежи, бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев. Тој […]

Очекувања, но не и гаранции за почеток на преговорите во јуни


Има очекувања и надежи, но не и гаранции дека Северна Македонија во јуни ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија, со оглед на моменталната состојба во Бугарија, по парламентарните избори и најавите во Софија за техничка влада. Македонската страна во повеќе наврати посочи дека и е потребен конкретен соговорник од бугарска страна за […]

И Мицковски со нови теории, насилниците од 27 април биле „емотивци“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју на МРТВ изјави дека не се смета за соучесник во процесот што кулминираше на 27 април. Според него, Македонија е единствената НАТО-држава и кандидат за членка во ЕУ со 35 терористи. „Ако мене ми го поставите прашањето како што доликува е тоа дали овие луѓе беа испровоцирани и […]

Пендаровски се дообјаснува, нема да даде помилувања за 27 април


    Претседателот Стево Пендаровски не планира да даде помилување на осудените лица за настаните врзани со насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година. На прашање на МИА дали Пендаровски планира помилувања во врска со упадот во Собранието, од кабинетот на претседателот појаснуваат дека тој сугерирал дека доколку некој поседува нoви докази кои […]

Бучковски: Реално во овој момент не можеме да направиме многу, немаме легитимен соговорник од другата страна


 Реално во овој момент не можеме да направиме многу. Ние сме подготвени, но од другата страна немаме соговорник со полн легитимитет за да ги заокружиме преговорите со Бугарија, оцени вечерва специјалниот претставник на Владата, Владо Бучковски. На гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител, Бучковски рече дека развојот на настаните во Бугарија навестува дека таа […]

Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка


За евентуално коалицирање за локалните избори во втората половина на октомври, СДСМ ќе соопшти во септември, по одржувањето на пописот, но претседателот на партијата Зоран Заев од сега повика на соработка. Одговарајќи на новинарско прашање дали на изборите СДСМ ќе настапи со некоја од партиите од албанскиот политички блок, тој денеска одговори дека е рано […]

Заев апелираше до опозицијата да дозволи спроведување на постапките во Собранието што се значајни за граѓаните


Во Собранието вчера споделив како се чувствувам околу потребата за соработка, како прв одговорен во извршната власт, направив сериозни отстапки поради тоа што треба да имаме разбирање за опозицијата и се однесуваат за јасно видливи и важни работи како што е пописот на населението, изборното законодавство и гласање со отпечаток на прст, прифаќање на одложување […]

Шекеринска не очекува можен пресврт со Бугарија во јуни


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не очекува дека без партнер од другата страна и со техничка влада, како што изјави, е можен пресврт во однос на односите со Бугарија за нашето членство во ЕУ. Но она што треба да го правиме до јуни, нагласи таа, е да ги потсетуваме сите оти ние нашите обврски ги […]

Димитров: Ако нема почеток за преговори, губитници ќе бидеме и ние и Бугарија и ЕУ


– Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека треба да се продолжи со разговор за наоѓање решение за спорот со Бугарија и почеток на преговори на земјава во ЕУ, во спротивно, нагласува, и двете земји и ЕУ ќе бидат губитници. -Или сите ќе бидеме сите губитници или ќе бидеме сите победници. Се разбира ние […]

Ковачев: Москва се меша во комплексните односи меѓу Бугарија и Македонија


Откако стана јасно дека ќе има нови избори во Бугарија, поразените политички структури ја обновија темата со Македонија, надевајќи се дека така можеби ќе добијат шанса да се вратат на власт. Така, европратеникот Андреј Ковачев од ГЕРБ, кој беше еден од најгласните на оваа тема, реагираше „гневно“ на Твитер објава на руската амбасада во Скопје […]

Северна Македонија бара ЕС во јуни да ја материјализира одлуката за почеток на преговори со ЕУ


Официјални претставници на Северна Македонија го реафирмираа барањето Европскиот Совет (ЕС) во јуни конечно да ја материјализира одлуката за почеток на преговорите од март, минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера како дел од засилената дипломатска активност, а во контекст на европските […]

Заев: Не ми пречи пркосот на Пауновски, туку инаетот


Премиерот Зоран Заев вели дека не му пречел пркосот на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, заради кој Владата вчера го разреши, туку му пречело неговото инаетење и одбивање да спроведе закон кој се однесува на распределбата на административните работници примени согласно Рамковниот договор. -Жалам за коментарите дека ми пречел пркосот. Пркосот навистина е […]

Заев ја нарече „срамна и опасна“ снимката на која се заговара негова ликвидација


Згрозен сум од тоа што го слушнав, без разлика кој го изговара и од каде доаѓа, вели премиерот Зоран Заев за објавената аудио снимка во која се зборува за негова ликвидација. -Нашиот народ од секогаш се борел против такви зли умови. Денес имаме правна држава која ги штити нашите граѓани и нашите деца. Гледате чепкаат […]

Со Мицкоски никогаш не сум разговарал за амнестија на осудените за 27 април, вели Заев


Премиерот Зоран Заев вели дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски никогаш не разговарал за амнестија на осудените за случувањата од 27 април. -Директно прво ќе ви одговорам на прашањето дали беше дел од договорот со Мицкоски амнестија на напаѓачите, насилниците и организаторите на 27 април на нашата последна средба која што ја имавме. Прво, господинот […]

ВМРО-ДПМНЕ навестува интерпелација за Џафери


Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, тврди дека има правна основа во собранискиот Деловник неговата коалиција да формира повеќе пратенички групи. Тој се повика на членот 33 од Деловникот, според кој, најмалку 5 пратеници може да формираат пратеничка група. – Значи, има правна основа за формирање повеќе пратенички групи. Но, ние по празниците […]

Димитров за 20-годишнината на ССА со ЕУ: Јубилеј на изгубеното време


 Минатата година почна добро, имаме нова методологија којашто овозможи безусловно зелено светло, меѓутоа не заврши добро и мислам дека со еден таков епилог прво изгубивме ние, потоа изгуби регионот, бидејќи бледнее надежта дека европската перспектива е реална. Изгуби и ЕУ бидејќи заедно со намалување на кредибилитетот се намалува и влијанието, а мислам дека изгуби и […]

Опозициските партии блокираат 28 закони во Собранието


Претседателот на Собранието Талат Џафери посочи денес дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии и разговорите со лидерите на АА и Алтернатива. -По однос на блокадата, мислам дека лидерите се договорија да ја одблокираат работата на Собранието и јас немам причина да размислувам околу […]

Османи испрати писма до сите министри на ЕУ и европарламентарци околу датумот за преговори


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како дел од засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на земјава, испрати писма до повеќе политички центри во рамките на ЕУ: хомолозите, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ; претседателите на политичките групи во Европскиот парламент; членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент-АФЕТ […]

Левица: Патни трошоци за пратениците колку за автобуски билет


Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците, во делот на патните трошоци. Со законот се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар), што практично значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на […]

Николовски: Пауновски е разрешен согласно законот и етичкиот кодекс, в.д. директор на ДПИ наредните денови


Разрешувањето на Стојко Пауновски е согласно законот и Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, соопшти денеска вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски. Според Николовски, во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање и дејствување. Засега, се уште не […]