Претседателот Пендаровски на средба со генералниот секретар на НАТО, Столтенберг


Претседателот на државата Стево Пендаровски, во рамки на дводневната работна посета во Брисел, денеска ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Како што е најавено од Кабинетот на Пендаровски, почетокот на средбата е предвиден во 12:45 часот, по што во 13:15 часот ќе следи заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и генералниот секретар […]

Пендаровски во Брисел со силна поддршка за почеток на преговорите за членство во ЕУ,


Земјата е подготвена веднаш повторно да седне на преговарачка маса со Бугарија за да се надмине билатералниот спор и да се отвори патот кон ЕУ.  Да разговараме за сите отворени прашања, се разбира, со оние огради или т.н. црвени линии кои сме ги истакнувале и за кои не очекуваме воопшто дека ќе бидат на преговарачка […]

Вашингтон очекува преговорите меѓу Македонија и ЕУ да почнат во јуни


Соединетите Држави изразија целосна поддршка и ветија дека ќе им помогнат на напорите на земјите од Западен Балкан да се приклучат на Европската унија, откако неофицијалната дипломатска нота за промена на границите во регионот предизвика страв од обновување на етничките тензии во регионот. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, во изјавата од понеделникот рече […]

Получекор назад на Мицкоски по неделниот протест


Откако во неделата по големиот протест лидерот на опозицијата на Фејсбук напиша – „Македонија е жива и повеќе од тоа, народот врие… Слобода за устовобранителите! Ќе се бориме заедно за исправање на неправдите и одговорност без оглед за кого се работи“ – денеска Христијан Мицкоски направи еден получекор назад од барањата велејќи дека тој бара […]

Џафери: Лидерска нема да свикам, а шеф не ми е никој, ниту Заев, ниту Ахмети


Претседателот на Собранието, Талат Џафери е дециден дека нема да свика лидерска средба. Смета дека таквата пракса, на вонинституционално договарање и одлучување, не е добра. Партиски дијалог, оцени, мора да има, во континуитет, но не смее од него да произлегуваат одлуки ако за нивното спроведување не се испочитуваат правните и законските процедури. Толкувајќи ја денешната […]

Бугарската блокада главна тема на разговорите на Пендаровски во Брисел


Претседателот Стево Пендаровски во изјава по денешната целодневна агенда во Европската унија изјави дека најмногу време од разговорите биле посветени на бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија. Се разбира, покрај главната светска тема – справувањето со пандемијата од Ковид-19 и помошта на ЕУ за регионот. По разговорите со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Пендаровски […]

Ќучук: Претседателот може да биде гарант за конструктивноста на Северна Македонија


Во куса изјава за МИА известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук вели дека имал добра средба со претседателот Стево Пендаровски и смета дека тој е тој што може да се постави како гарант за конструктивноста во решавањето на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел. Ќучук за МИА оцени дека […]

Заев: Да се дава поддршка на осудените за 27 април е забеганост


Премиерот Зоран Заев денеска потсети на лузните што ги носи како еден од учесниците на, како што рече, непосакуваните настани од 27 април 2017 година и порача тоа да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот. – Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 […]

МВР поднесе кривична пријава против Тодор Петров


МВР поднесе кривична пријава против Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, како организатор на протестите во неделата. Од полицијата велат дека на собирот не биле почитувани мерките за заштита од коронавирусот. -СВР Скопје денеска до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки во саботатаорганизирал протест пред објектите на Влада […]

Пендаровски барал од Борел да се динамизира улогата на ЕУ на Балканот


 Европската перспектива на земјата, реформската агенда и справувањето со КОВИД-19 главни теми на денешните средби на претседателот Стево Пендаровски со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли во Брисел. На средбата со Борел, Пендаровски, како што информираат […]

Пендаровски и Вархеи разговарале за проблемите со Бугарија


Македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денешнава интензивна агенда во Брисел ја почна со средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, ја подвлекол важноста од скорешното одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ. Во тој контекст, како што се наведува во соопштението на неговиот кабинет „се разменија мислења и информации за надминување на проблемите […]

Пендаровски утре во Брисел на состаноци со челниците на ЕУ


Пеетседателот Стево Пендаровски утре  престојува во Брисел и ќе има средби со челниците на Европската Унија.Од неговиот кабинет соопштија вечерва дека, на првиот ден од работната посета на Брисел, Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли и со потпретседателот на Европската комисија и висок […]

Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот Спасовски


Собранието попладнево не ја прифати иницијативата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, за отповикување од функцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „За“ интерпелацијата гласаа 11 пратеници, 60 „против“, а немаше воздржани. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во дебатата и не гласаа. Министерот Спасовски во завршните зборови пред гласањето истакна […]

Шекеринска за вчерашниот протест: Постојат црвени линии што не смееме да ги поминеме


Наместо осуда за насилството некој во Македонија бара тоа да се оправда, изјави денеска министерката за одбрана, Радмила шекеринска, осврнувајќи се на вчерашнио протест поддржан од опозицијата на кој асе побара ослободување на „уставобранителите“. „Она што вчера го видов во Скопје е дека партијата што го создаде насилството, дури и вербално не сака да се […]

Пендаровски во дводневна работна посета на Брисел


Претседателот Стево Пендаровски на 27 и 28 април 2021 година ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да оствари средби со челниците на Европската Унија и на НАТО. Во вторник, 27 април, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот […]

Интерпелацијата на Спасовски без пратениците од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ на листата говорници


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска почна 39. седница на која на дневен ред е интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива, поддржава од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на почетокот на своето обраќање пред пратениците на седницата за негова интерпелација, […]

Димитров за „То Вима“: Нашиот случај е тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан


Грција – Нашиот случај претставува тест за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан, вели заменик претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров во разговор за грчкиот весник „То Вима“ и објаснува дека нашата земја статусот кандидат го доби во 2005 година, а пред 12 години го имавме првиот позитивен извештај за […]

Интерпелацијата за министерот Спасовски на дневен ред во Собранието


Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 […]

Одбраната на Камчев бара од Советот на Европа да го следи неговиот случај


Oдбраната на  Орце Камчев испратила отворено писмо до 47 министри за надворешни работи на Советот на Европа со кое бара неговиот случај да биде ставен под меѓународен мониторинг. „Поради молкот на македонските институции во овој случај, до кои повторно апелираме да започнат да постапуваат согласно својот професионален интегритет, одбраната на господинот Јордан Камчев бара меѓународен […]

Нов бугарски поглед: Ветото за Македонија е националистички анахронизам


Ветото на Бугарија за преговорите за пристапување во ЕУ на Северна Македонија во ноември минатата година беше израз на националистички анахронизам што меша културни со меѓународни безбедносни прашања. Стабилноста на Балканот зависи од зајакнувањето на државноста во Северна Македонија, што пак може да се гарантира само преку нејзиното членство во ЕУ, оценува Стефан Попов, професор […]