Каракачанов: Бугарија покажа карактер


Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов утрово  на БНТ изјави за ветото дека „Бугарија  направила вистинската работа, покажала карактер и  достоинство“. Според негова оценка реакцијата на Бугарија не е задоцнета, бидејќи  до крајот на годината за време на германското претседателство со ЕУ темата за започнување преговори со Скопје ќе биде повторно актуелна. „Бугарија отсекогаш …

Каракачанов: Бугарија покажа карактер Read More »

Пендаровски: Никаде во Договорот нема дел кој вели дека треба да дебатираме за етничкото потекло и јазикот


Претседателот Стево Пендаровски оценува дека бугарските барања се спротивни на европските вредности и оти воопшто не се содржани во Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година. Во интервју за австриската ORF TV Пендаровски посочува дека истата политичка структура во Софија која го потпишала Договорот за добрососедство и која тогаш велела дека тоа е добар договор, …

Пендаровски: Никаде во Договорот нема дел кој вели дека треба да дебатираме за етничкото потекло и јазикот Read More »

„Шпигел“: Бугарија со своето вето за Северна Македонија предизвика уште една криза во ЕУ


Направивме многу изминатите три години во насока на нашиот напредок на патот на европската интеграција. Потпишавме Договор со Грција, го сменивме Уставот и името на државата. Исто така го потпишавме Договорот за добрососедство со Бугарија во 2017 година. Со овие договори покажавме дека навистина можеме да се однесуваме со европски манири. И сега Бугарија се …

„Шпигел“: Бугарија со своето вето за Северна Македонија предизвика уште една криза во ЕУ Read More »

Совет на амбасадори: Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја


Советот на амбасадори изрази жалење заради ветото што го постави Бугарија со што се блокира почетокот на преговорите на земјава со Европската унија. Во соопштението од Советот на амбасадори се наведува дека не може да се развиваат добрососедски односи меѓу земјите со негирање на минатото на народите, нивните јазични и културни вредности од позиција на …

Совет на амбасадори: Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја Read More »

Бугарското вето опасно за регионалното помирување, Владата нема да преговара за идентитетот


Еден ден по бугарското вето за официјален почеток на преговорите на земјава со ЕУ, лавина реакции во регионот и пошироко. Реакција стигна и од Европскиот парламент, кој смета дека блокадата од Бугарија за старт на преговори со Северна Македонија го попречува помирувањето во целиот регион. САД, пак, ги повикуваат Софија и Скопје да ги решат …

Бугарското вето опасно за регионалното помирување, Владата нема да преговара за идентитетот Read More »

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за транспорт, врски и екологија, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование, во …

Седници на четири собраниски комисии Read More »

Опасен историски ревизионизам од Бугарија, предупредуваат историчари од регионов


Поголема група историчари од регионов денеска со остро писмо се спротивставија на барањата на Бугарија за историски ревизионизам при блокадата на Македонија за усвојување на преговарачката рамка за членство во ЕУ. „Бараме од европските институции и земји да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија што се загрозени на Балканот …

Опасен историски ревизионизам од Бугарија, предупредуваат историчари од регионов Read More »

Спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решава надвор од пристапниот процес за ЕУ, порача Стејт департментот


САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ги решат билатералните спорови надвор од пристапниот процес, за да се постигне заедничката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија, изјави за Гласот на Америка портпаролот на Стејт департментот. „Ние сме јасни во нашата желба да видиме кандидатурата на Северна Македонија да влезе во преговарачката …

Спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија да се решава надвор од пристапниот процес за ЕУ, порача Стејт департментот Read More »

Заев: Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работите


Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работите,порача премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук, откако вчера Софија го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција. Според Заев, Владата постапува рационално и без конфликти да стаса до решение бидејќи, како што истакнува, тоа е европскиот и македонскиот начин. …

Заев: Сигурни во македонскиот идентитет ќе ги придвижиме работите Read More »

Димитров: Јазикот и идентитетот не може да бидат пречка за интеграцијата


Македонскиот јазик и идентитет не може да бидат пречка за интеграција во Унија чија културна и јазична различност е вредност што треба да се почитува согласно Лисабонскиот договор, ниту пак македонскиот јазик може да биде пречка за добрососедски односи базирани на взаемна почит, порачал вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прва средба со …

Димитров: Јазикот и идентитетот не може да бидат пречка за интеграцијата Read More »

Неодговорно е да се размислува за оставка, Владата останува посветена на реформите, порача Арсовски


Би било неодговорно Владата да поднесе оставка, неодговорно кон мнозинството граѓани кои само пред неколку месеци ѝ дадоа поддршка токму на оваа Влада за да ја водат одговорни политичари, убедени дека ќе се реализира европската агенда, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на прашањето дали премиерот Зоран Заев  ќе поднесе оставка зашто нема почеток на преговори …

Неодговорно е да се размислува за оставка, Владата останува посветена на реформите, порача Арсовски Read More »

Владата ја цементира позицијата кон Бугарија


Владата има јасна определба, дава шанса на процесот и работи на тоа да дојде до усогласување на ставовите според јасно утврдени македонски национални позиции и согласно стратешките евроинтеграциски цели на земјава, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција во однос на тоа што ќе се случува по официјалното бугарско вето за првата меѓувладина конференција …

Владата ја цементира позицијата кон Бугарија Read More »

Поништените аболиции на Иванов важат, одлучи Уставниот суд


Уставните судии со пет гласа „за“ и три „против“ на денешната седница донесоа одлука да се запре постапката за оценување на уставноста на членот 11-а Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок …

Поништените аболиции на Иванов важат, одлучи Уставниот суд Read More »

Пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива се против каква било форма на онлајн работа на Собранието


Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива е против каква било форма на онлајн работа на Собранието, изјави денеска за МИА координаторот Скендер Реџепи предупредувајќи дека тоа не е во согласност со законите и Уставот на државата. Според Реџепи, зад можноста за онлајн гласање владејачките партии сакаат да го прикријат и онака кревкото мнозинство …

Пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива се против каква било форма на онлајн работа на Собранието Read More »

Борисов се брани: Бевме исклучително добронамерни


„Бугарија најмногу од сите соседи како и пријатели од целиот Западен Балкан сакаше Република Северна Македонија да влезе во ЕУ“, рече премиерот Бојко Борисов за време на денешниот состанок на владата. Премиерот потсети дека Бугарија ја поддржа Република Северна Македонија за нејзино членство во НАТО. „Бевме исклучително добронамерни, загрижени и во разговорите што ги водевме …

Борисов се брани: Бевме исклучително добронамерни Read More »

За Захариева македонското општество е тоталитарно


„Додека  други републики на поранешна Југославија им оддаваат почит на жртвите на режимот на Тито, во Скопје се велича неговото наследство“, изјави Екатерина Захариева во бугарското собрание и го искористи Љупчо Георгиевски и неговото тврдење за „длабока држава“   „Додека не добиеме законски гаранции – и од Скопје и во контекст на процесот на преговори …

За Захариева македонското општество е тоталитарно Read More »

Што сакаме од Македонија? – прашува деканот на факултетот за словенска филологија во Софија


„Да се ​​сопне Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија не е само морално неодбранливо, тоа е геополитички глупаво“, пишува на својот блог Бојко Пенчев, литературен критичар и културолог, кој е и декан на Факултетот за словенска филологија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Пенчев активен учесник во јавниот дискурс во Бугарија за повеќе …

Што сакаме од Македонија? – прашува деканот на факултетот за словенска филологија во Софија Read More »

Ветото за Северна Македонија го осудува регионот на маргинализација во периферијата на Европа


Инцидентот со ветото над Северна Македонија е куриозитетен од многу гледишта. Ова го изјави за Бугарското национално радио, политикологот и предавач на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, доц. Проф. Даниел Смилов. Според него, ова е во спротивност со позициите што досега ги бранеше Бугарија. Тој потсети дека од 90-тите години Бугарија е земја што најактивно …

Ветото за Северна Македонија го осудува регионот на маргинализација во периферијата на Европа Read More »

Бугарија не бара компромис, туку исполнување на ултиматумот


Следниот Совет за општи работи, кој може да се случи оваа година и да одлучува за процесот на преговори на Северна Македонија со Европската унија ќе биде на 8 декември. По вчерашната блокада на Софија за преговарачката рамка, денешните реакции се дека вратите на Брисел не се затворени за Скопје. „Во никој случај не станува …

Бугарија не бара компромис, туку исполнување на ултиматумот Read More »

Заев вели дека блокадата не е одлука на Борисов


Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не верува оти зад денешната одлука за блокада на Македонија во ЕУ стои неговиот бугарски колега Бојко Борисов и бугарскиот народ, туку дека таа е мотивирана од интересите на одредени политички струкури. Тој, сепак, не кажа на кои структури мисли, иако јавноста добро знае кои министри беа најгласни последниве …

Заев вели дека блокадата не е одлука на Борисов Read More »